Двокатниот автобус го запре здивот на скопјани


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Гоце Трпковски
Даблдекер за државен симбол
Во ова поделено општество, секој ќе си добие свој кат во градскиот превоз. Страните ќе треба единствено да се договорат кои ќе бидат граѓаните од горниот, а кои од долниот ред ...
 
Венко Андоновски
Цената на славејот
Тие што доброволно го ставаат јазикот на касапско партиско трупче и чекаат, наместо јазик, да им биде вграден чип со снимен говор (како кај куклите за деца) – нека му ја мислат. Кога чипот ќе остане без партиско напојување, ...
 

Сакаме живот, обичен ама убав!
Катастрофа. Не знам што уште треба да се случи за обичниот, нормален, горе-долу паметен граѓанин на оваа наша Македонија да рече дека му е доста, дека му е преку глава од сé ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Подотворени усти, вчудовиденост, восхитување, ракоплескања е сликата што ја предизвика двокатниот автобус што вчера промотивно возеше по скопските улици

 
 
  
Скопјани не можеа да се изначудат, не им веруваа на своите очи, чиниш како да гледаат вселенски брод. Пазарџиите на Бит-пазар ги оставаа тезгите и истрчуваа кон булеварот за одблизу да го видат „чудото“, а пешаците низ целиот град застануваа среде улици, мавтаа и со очи широко отворени се џареа во новиот црвен автобус, кој личи како штотуку да е изваден од некоја сликовница. Дури и скептиците велат дека автобусот изгледа преубаво.

- Со другарките стоевме пред Универзалната сала, кога го здогледавме автобусот и буквално подзинавме. Не ни се веруваше дека пред нас е ова преубаво „чудо“. Штета што не можеме да се повозиме со него - вели студентката Моника Крстеска.

Први во двокатниот автобус имаа чест да се повозат градоначалникот Коце Трајановски, директорот на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, Мишо Николов, членовите на градската администрација и секако новинарите.
Трајановски е презадоволен затоа што само по една недела од промоцијата на украинските, стигна и првиот двокатен автобус.

- Овие автобуси ќе бидат ново обележје на градот. Поминавме и под неколку надвозници, без проблем. Автобусите единствено нема да може да влезат под Градскиот трговски центар, па затоа таа автобуска станица наскоро ќе се укине. Годинава планираме да се воведат и смарт-билетите. Автобуските билети ќе се купуваат од градот, а ние на ЈСП ќе им плаќаме по изминат километар - истакна Трајановски.

Ова е првиот од 202 двокатни автобуси, кои до крајот на 2013 година треба да пристигнат од Кина. До крајот на годинава, пак, по улиците ќе сообраќаат 67 двокатни автобуси. И директорот на ЈСП „Скопје“, Мишо Николов, не го криеше задоволството.

- Задоволен сум што скопјани се воодушевени од новиот автобус. Сепак, жалам што сега за сега ќе немаат можност да се возат со нив. Автобусите се произведени по ригорозни европски технички и еколошки стандарди со вградени мотори „куминс“, произведени во Англија - објасни Николов.

Тој објасни дека еден автобус веќе е испратен и на хомологација во Германија, која треба да заврши за неколку месеци, по што ќе почне сериското производство на автобусите. Поголем контингент на двокатни возила од Кина треба да дојде кон крајот на октомври или во ноември.

Приземјето на автобусите располага со 20 места за седење и исто толку за стоење, додека на катот стоењето е забрането. Поради тоа овој дел е понизок и има 40 места за седење. За набавка на 200 двокатни автобуси, Владата потроши 35 милиони евра, а за двата панорамски 310 илјади.
 
   
Автор: А.М.Д.   Фотографија: Филип Поповски
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 2686          Оценка: 4,08  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
kokal
Abe kriv e Grujo nikoj drug,treba da gi otkaze nabavkite na site avtobusi i da vi kupi magarinja vie ste samo za toa.
 
Ајван Доктор® -До:k2
Ме радува што си се пронашол во моите писанија!
 
sarmerss
abe dosta e vise za skopje malu neka misleet i za drugite gradovi kucijna grdi
 
cvetko
amante be narode so se slucuva so lugevo?Zarem Makedonija se naoga vo brazilska dgungla ta se cudele skopjanite na dvokatnite avtobusi.Cudo golemo sto se slucilo i za ova li treba da se kazuva he,he,heeeeeee
 
risto
vie vo Skopje , abe, polovinata ste bile ajvani, se gleda oti polovinata i poveke ste od nekoi planini pa se pravite francuzi i se vi smeta, prostaci. pa tie od Bitola , Strumica ili, tetovo se za vas selaci, a lugeto ziveeat vo tie gradovi po trista godini, sramota.
 
1973
Kaj se sega tie sto kritikuvaa ?
 
P.
Bravo gradona;alnik, bravo Vlada, prethodnicite go potrosija svojot mandat vo razmisluvanje sto i kolku da kupat, dali avtobusi ili dvospratni avtobusi, dali tramvaj ili trolejbusi. Vaka se raboti koga se saka da se raboti. Bravo za site nadlezni i odgovorni.
 
Трпе
Грдотија невидена!!!
 
ANA
Zlobnicite ne mozat da poseat tolku zloba, kolku sto mozat da izniknat ubavi raboti za gradot.
 
gebels
Pa i treba da podzinete koga ke vi tekne kolkavi narodni pari vi se odleani od djepovite da se kupat. Se nadevam za nekoj mesec nema da imate pari da kupite nitu avtobuska karta. Pa togas ke podzinete uste ednas.
 
Bogdan
Неможам да поверувам дека некој може да се воодушеви на ваков кич, да се чуди да, ама да се воодушеви ????????
 
DobrA
Mozebi lugjeto i treba da se ostavat da zivejat vo urban haos i so zavrzani oci. Nikoj ne e tolku slep - kako onoj sto ne saka da vidi! I zosto ne gi ostavime SKOPJANIVE na raat. Neka ni gi spratat avtobusite vo Stip, pa nie kje si se vozime, a oni neka doagjat da gi vidat. Sramota!
 
коста
Очигледно е дека не заслужувате ништо . Па пред дваесет и нешто години вие скопјани на референдум се изјаснивте ПРОТИВ трамваи. Последен нов автобус е купен отприлика пред 20 години . Сега ви купуваат нови , пак не ви се бендисува . Па што сакате ? Или ова е за инает . Јас да сум на место од Груевски одма ќе си дадам оставка . Да ви се врати црвениот , тогаш ќе го добиете тоа што го заслужувате . Цинизам , разочарувачки
 
g3
k2,ме интересира дали Груевски,Миленце и Коцкица пак ќе се повозат на седиштата означени со „Само за инвалиди“,како во украинскиот автобус?
 
Dedo Bortis - Bitola
Ama -"parite se na gragjanite na Skopje..."No namerata i zhelbata da se sozdade neshto,opozicijata ne ja interesira koj e !!! I Z B O R I S E B L I ZH A T, I Z B O R I!!!
 
za zal od avstralija
"nesoodvetni kineski avtobusi" kakov li e samo toa komentar (so licna agenda pretpostavuvam) ve molam so argumenti potverdete go toa ili uste so komunisticki "argumenti" ke se objasnuvame. Vie sto ziveete vo taa prekrasna zemja Makedonija treba da naucete da se fokusirate na ubavite raboti vo zivotot i tie da vi bidat inspiracija za da napravite podobri raboti. Kreteni edni polupismeni so fakultetska diploma
 
Gragjanin na Skopje
Sigurno deka nov avtobus e podobar od star. No bidejki gradot kupuva novi avtobusi posle povekedeceniska upotreba na starite avtobusi, krajno depresivno e pojavuvanjeto i najavata za utrostruchuvanje na vakvi nesoodvetni kineski avtobusi, pa makar i da se poevtini od ukrainskite. Podobro e poleka da se zbogatuva vozniot park so ukrainski (ili drugi) avtobusi, otkolku da gi gledame i popravame ovie "cuda" vo naredniot polovina vek.
 
vladee
So ste takvi cinici!? Se nesto ne vi cine...
 
забеган.
А тек како ќе биде после 10 тина години коќе дојдат и другите ако дојдат.Цело Скопје на улица Свите ЧЕТИРИ У ВИС.Уживај НАРОДЕ Сте дочекале да видете Автобус. Некој замина на месечина ништо чудно,,,,,,,.Овде Автобус виделе чудо.
 
k2
Prvo do Ajvan Doktor..so pisuvanjeto stvaro si ajvan...ama toa e drugo prasanje.....Vtoro ne pisuvajta mnogu za niv da liceto BC ne postavi uslov da ovie avtobusi se tgnat od ulicite na Skopje kako uslov da se vratat vo parlamentot.....
 
Ајван Доктор®
Се прашувам како ли ќе реагираат Марсовците кога ќе нè видат како се возиме во вакви вселенски бродови!Верувам дека ќе умрат од смеење!Ете ни тајно монтипајтоновско оружје против непријателите и предавниците - тие со виц,а ние со двокатни автобуси!
 
јас
Паѓаат сите во несвест. Воодушевуање колективен транс до самозапалување. А кога ќе се качат на вториот спрат со висина од 170см-ЕКСТАЗА! Поднаведнати и “натртени“-колективена ОРГАЗАМ
 
Kinez
Skopjani treba da go prevrtat avtobusot od nopaku da vidat dali e zensko ili masko ... Bozeeee !!!
 
Dejan od tugjina
Do Vane: pa shto se pravite skoroevci? Skopje imashe dvospratni "dabldeker" avtobusi ushte pred 50 i kurur godini i ova ne e nishto novo. Veke videno, no neka e so sreka - belkim malku ke pomogne da se smali soobrakajniot haos vo Gradot. A i tramvaj sme vodele, prviot ushte vo 1910 godini no lugje, svestete se: SKOPJE NEMA ULICI ZA TRAMVAJ!!! Predlagam; M O N O R E J L, t.e. ednopruzna zeleznica.
 
Tina
Utre ke se zalime, go zgadivme vozduhot. A denes uvezuvame nesto sto sekoja zemya ne gi saka. O.K. e za turizam, ali za sekojdnevna upotreba tramvaite se po cisti. I tuka deka sum jas, vo Kanbera Australija, avtobusite samo prdat, ne gusat. Nie plakame za tramvaj kako sto Melburn gi ima. Ali eye, politicarite znajat sto e po dobro, se dodeka ne ni smrkne eden den.
 
Vane
Pa kaj videle skopjani dvokaten avtobus !? :))))
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski