![]() |
|
Македонија |
Економија |
Свет |
Хроника |
Скопје |
Коментари&Дебати |
Култура |
Пусто турско |
Медицински совети |
Македонија |
Економија |
Свет |
Хроника |
Скопје |
Коментари&Дебати |
Култура |
Пусто турско |
Медицински совети |
|
| |
|
|
Во Црна Гора само со лична карта |
|
|||||||||||||||||||||
Македонските и црногорските граѓани наскоро ќе може да ги поминуваат границите на Црна Гора, односно Македонија, само со лична карта, со што значително ќе се олесни меѓусебната комуникација |
||||||||||||||||||||||
| Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и нејзиниот црногорски колега Иван Брајовиќ вчера потпишаа повеќе договори за заедничко работење на двете министерства, меѓу кои најзначаен е Договорот за полициска соработка. Законот за патување во двете држави со лична карта е во подготовка и најверојатно ќе почне да се практикува веќе од оваа туристичка сезона. Македонските граѓани може да патуваат само со лични карти во Србија и во Албанија. Покрај тоа, и граѓаните на Србија можат само со лична карта да ги преминуваат границите со Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и со Македонија. Според домашните експерти, олеснувањето на граничните процедури меѓу балканските земји ќе доведе до полесно интегрирање во Европската Унија. Тие истакнуваат дека формирањето на т.н. минишенген-зона на Балканот претставува повисок степен на унапредување на односите меѓу државите од регионот. - Станува збор за висок степен на асоцирање и на кохезивност меѓу државите во регионот, што ќе доведе до полесно интегрирање на регионот во Унијата - посочуваат познавачите на состојбите. |
||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: 167 Оценка: 3,67 | ||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||
|
|