НАТО ќе работи на зближување со Русија


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Зоран Димитровски
Македонија не смее да стане Косово
Ако српските општини на Северно Косово се поврзат во заедница што ќе има и судски и управни и други суштински надлежности, а сето тоа на крајот го поддржи ЕУ, тогаш не постојат големи пречки и Албанците во Република Македонија ...
 
Дарко Митревски
Големи и мали
План за некаква голема Македонија никогаш не постоел во ниту една политичка платформа во изминативе сто години - освен можеби во одредени кафеански дискусии по седма или осма чашка ракија. Ова оттаму што ниту еден македонски ...
 
Александар Русјаков
Сегашно локално време
Нормално е да не се знае, кога медиумите ни перат мозок со кич и бесмислени информации што се во служба на глобално оглупување, веста дека германскиот Бундестаг изгласа закон со кој водата веќе не е човеково право речиси ја ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Ние имаме чиста и фрустрирачка ситуација со проблемот за името, а кога тоа ќе се реши без никаков проблем ние може да станеме соодветен дел од сојузот - Методи Хаџи-Јанев

 
 
  

АНАЛИЗА ВО ПРЕСРЕТ НА ГОДИНЕШНИОТ САМИТ НА АЛИЈАНСАТА ВО БРИСЕЛ

Каде се движи НАТО и која е неговата актуелна улога? Неколку месеци по вонредниот самит во Брисел останува да се објасни и дилемата, а тоа е кон каква алијанса тежнееме да се вклучиме. По последниот самит се заклучи дека Америка и Европа повторно се обединети во целите, во принципите и во начините како да се оствари мисијата и дека се подготвени заедно да ги делат одговорностите што ги бараат светскиот мир и безбедноста.

Токму на овие прашања домашните експерти се согласни дека НАТО наредниве месеци ќе работи на затоплување на климата со Русија, маргинализирање на Украина и на Грузија од процесот на приклучување во сојузот, зголемување на штедењето, укинувањето на многубројните регионални команди, намалувањето на администрацијата, воведување излезна стратегија од Авганистан и организирање северноатлантска сајбер-безбедносна организација.

Окото на Алијансата ќе гледа на кризните региони

- Наредниот самит на НАТО ќе направи многу позитивни работи, како на пример: дефинирање на амбициозната улога на Алијансата во еден комплексен свет, ќе ја обнови и ќе ја искалибрира улогата на себе во Авганистан, ќе го обнови советот НАТО - Русија и дури ќе се направи чекор нанапред кон заедничката одбрана од проектили. Тоа сега ќе биде проследено од одредени преговори за документите за имплементација. За некој што повеќе од две децении работи на овие проблеми е тешко да помисли дека која било од овие одлуки би била направена на различен начин - вели магистерот на Воената академија Милан Стефаноски.

Тој објаснува дека светот денес е многу различен од тој тогаш, па и од тој пред една деценија, а со тоа и мисијата на НАТО не може да биде иста. НАТО и натаму има иднина, за разлика од впечатокот од пред една деценија, кога сите беа подготвени да го закопаат во историјата, заедно со Студената војна.
Според Стефаноски, и во иднина окото на Алијансата ќе биде свртено од превентивна гледна точка врз Ирак, Авганистан, Пакистан, Северна Кореја и Сомалија.

Украина и Грузија далеку од членство

Универзитетскиот професор Методи Хаџи-Јанев тврди дека во наредните четири години по одржување на вонредниот самит меѓународната политика и меѓународните односи ќе бидат под доминација на силен либерализам форсиран од партијата на демократите во САД.

- Во практика тоа значи дека многу почесто проблемите ќе се решаваат преку институциите, за разлика од минатата практика, каде што гледавме соло и билатерални (реалистички) решенија - вели експертот.

За нашата земја професорот истакнува дека по самитот во Брисел нема многу нешта да се сменат.

- Ние имаме чиста и фрустрирачка ситуација со проблемот за името, а кога тоа ќе се реши, без никаков проблем ние може да станеме соодветен дел од сојузот - подвлекува Хаџи-Јанев.

Сепак професорот додава дека изјавите на поранешниот еврокомесар и шеф на италијанската дипломатија Франко Фратини се за поздравување бидејќи тој неодамна изрази поддршка за продолжување на проширувањето на Европската Унија и НАТО, додавајќи сепак дека нема многу политичари во Европа што стојат на оваа позиција. Фратини смета дека е нелогично и невозможно европска држава да не биде во ЕУ и во НАТО.

Токму затоа на овие тврдења на Фратини треба да посветиме големо внимание како држава, оти токму овој човек е сериозен кандидат за нов генерален секретар на НАТО, по истекот на мандатот на Андерс фог Расмусен во 2014 година.

- Евентуалното проширување на НАТО во Грузија и во Украина пак од друга страна е ставено под знак прашалник поради обидот на затоплување на односите со Русија - вели Хаџи-Јанев.

Професорот е дециден дека, за разлика од ЕУ, која поита да се прошири без достигнати стандарди, НАТО нема да ја повтори грешката.

- Тоа само по себе говори дека еден од можните кандидати, Украина, барем засега е аут. Во однос на Грузија состојбата е малку поинаква, особено по последните избори, каде што според меѓународниот фактор Грузија демонстрира демократска зрелост. По однос на ова прашање, САД и поголем дел од земјите се за прием на Грузија во НАТО. Германија е најголемиот противник тоа да се случи, водејќи сметка за односот со Русија - истакнува Хаџи-Јанев.

Тој резимира дека сепак, земајќи ги досегашните либералистички преседани како оној со интервенцијата врз Косово, како и тоа дека Клинтон (истата фамилија беше вклучена и во Косово и во изработката на Новиот стратегиски концепт на НАТО, заедно со Медлин Олбрајт), во услови на романтизам на либерализмот сè е можно.

НАТО развива сајбер-одбрана

- Со самата појава на новите глобални безбедносни предизвици, трансатлантскиот радар и приоритетите на најголемата воено-политичка алијанса се менуваат. Па токму затоа на повидок излегуваат досега неортодоксни приоритети на сојузот, како на пример градење на системот на сајбер-одбраната и заштитата на НАТО-земјите од потенцијални опасности од оваа област - објаснува Илија Џугманов од Северноатлантскиот совет на Македонија.

Тој истакнува дека имајќи го предвид нивото на застапеност на информациските технологии во современото живеење, тие, покрај своите предности, доколку се злоупотребени, може да предизвикаат и сериозна закана по безбедноста на земјите членки на НАТО.

- Токму поради тоа, одбраната од сајбер-нападите во иднината ќе биде во сѐ поголем фокус на посветеноста на НАТО - вели Џугманов.

Експертот сепак додава дека големи раздвижувања во стратегиските определби на Северноатлантскиот сојуз нема да има, а светлото на вниманието покрај сајбер-одбраната ќе биде фрлено врз намалувањето на трошоците, зголемувањето на реформите во одбранбениот и сѐ поголема примена врз концептот на паметната одбрана на земјите-членки на Алијансата.

 
   
Автор: Александар Србиновски  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 554          Оценка: 3,73  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
Makedonec
Прекрасна анализа, на проф. Хаџи-Јанев. Оргинален осврт од младиот експерт Стефаноски.
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski