„Меѓаши“ контра одлуката на прилепските социјални работници


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Гоце Трпковски
Се излеа и креативноста
Каде ли ќе ни беше крајот ако сета креативна енергија што партиите ја демонстрираат деновиве се насочеше не кон политичките прелевачки шахти, туку кон турбините што ќе го придвижеа развојот на Македонија? ...
 
Билјана Ванковска
Морална вертикала
Како и сé друго, и темата човекови права најбескрупулозно се политизира и етнизира. На жарот со кој се пласираат критичките наводи на Стејт департментот гледам како на чист декор на политичката битка, а човековите права на оние ...
 
арх. Васил Василевски
Зошто нема министерство за урбанизам?
Наредната влада да се избори за министерство за урбанизам и јавни работи и министерство за екологија, во спротивно и понатаму ќе владее хаос во просторот. Но можеби тоа е во нечиј интерес? ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Доколку прилепскиот Центар за социјални работи (ЦСР) совесно си ја вршел работата и имал увид и надзор во случајот на семејството Кулески, зошто досега не им било одземено родителското право, туку веднаш по трагедијата е почната постапката, прашуваат од првата детска амбасада во светот „Меѓаши“

 
 
  
- Одземањето на родителското право треба да се врши превентивно, а не дури кога ќе настанат тешки повреди и последици врз децата или смрт. Центрите за социјална работа треба да се помобилни, поефективни и континуирано да ја следат состојбата на можни злоупотреби и превенција на последици по животот над децата во семејства во ризик, како и преземање соодветни мерки со што превентивно би дејствувале - стои во информацијата на детската амбасада.

Оттаму велат дека во вакви случаи каде што семејството се соочува со проблемот на обезбедување основи средства за егзистенција, државата и нејзините институции мора навремено да преземат некакви мерки.

Во овој случај, од „Меѓаши“ сметаат дека државните инструменти и социјалните работници затаиле и оти вината во најголем дел е кај нив.

Според Конвенцијата за првата на детето чиј потписник е Македонија, надлежните органи не постапиле навремено и биле незаинтересирани, со што прекршиле два члена според кои државата се обврзува на детето да му обезбеди грижа и заштита неопходна за неговата благосостојба, но и фактот што на сиромашното семејство Кулески не му била овозможена никаква материјална помош и поткрепа, во поглед на исхраната, облеката и живеењето.

Оттаму додаваат дека досега повеќепати било реагирано и барано од центрите за социјални работи позасилено да вршат надзор на родителското право, а потоа, ако и доколку се утврди дека има несоодветно вршење на родителското право да започнат постапка за одземање.

- Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ повеќепати досега ја критикуваше неажурноста и ненавремената интервенција за засилен надзор и увид во остварување на родителско право во семејства во ризик и дисфункционални семејства - се вели во соопштението на „Меѓаши“.

Во моментот, тригодишната Анѓела Кулеска се наоѓа кај роднини во Прилеп, додека нејзините родители се обидуваат да ја вратат назад. Викендов, тие беа посетени од неколку претставници на неколку фирми и институции од земјава кои им донираа храна, облека и материјални средства и им ја изразија нивната поддршка.
 
   
Автор: О.Ч.  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 246          Оценка: 5  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
miki
ne pravo poradi go zagubija deteto pa uste falese i drugoto da mu go zemat pogolema i najgolema bolka da mu vrezat vo nivnite srca znaci ovie luge nema da se nadevaat za ponatamosen zivot po tolku maki za decata I SETO STO GO STORIJA OD SOCIJALNO NEKA MU ODZEMAT NIVNO DETE PA DA VIDAT KAKO BOLI PO NAJBOLNATA TOCKA
 
xyy
Advokat, Megjasi ne velat deka decata treba da im se odzemat na site familii tuku samo na onie koi se navistina problematicni i kade decata se navistina izlozeni na opasnost. Velat deka vo takvite familii treba da se sprovede preventiva i da se dade zastita na decata sto e mozno poveke. A ne otkako ke nastapi smrt. Tocno e deka gi nema prethodno da utvrdat deka golem broj deca se izlozeni na opasnost, ne samo radi siromastijata tuku pred se' zaradi odnosot i grizata koja im se pruza ili koja ja nema vsusnost. Vo situacii vo koi vakvite usolvi se drasticni togas e momentot da se prezemat merki a ne koga e kasno. I uste nesto: Makedonija e siromasna zemja, nema resursi za finansiranje na vakvite deca i istragi.
 
cilev
nema eden dokaz da bile neprimerni roditeli pa ne gledam logika da seodzedme dete uste pomlku logika da se dade na nekoj bogatas preku vrski ili so mito pa toa novo semejstvo da prima nagrada mesecno 10000den demek dete vo familija vo nega???neli e popametno tie pari da se dadat na ovie/vakvi ludje ........................
 
advokat
Почитувани Меѓаши. Прво убаво да го прочитате правото и законите, а потоа да тресете глупости од областа на правото. Според вашето толкување, државата веданш треба да ги лиши од родителско право сите Роми и повеќето Албанци - онака превентивно. Шутка и повеќето албански села веданш треба да бидат затворени или да се претворат во камп по обука за родителска грижа и одговорност. Браво неуки душегрижници за детските права.
 
АГАТА КРИСТИ
До Претседателот на Меѓаши-Ви оставив коментар на истата тема во Утрински весник.Преземете нешто против фреските во Црквата во која се снимаше филмот Прашина во селото Штавица,нека не одат уште деца курбан.Поздрав во НМ.
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski