|
|
Интернетот малку ги плаши Македонците |
|
||||||||||||||||||||||||
Експертите велат дека единствениот лек против стравот од глобалната мрежа, каде што сечиј живот и кариера може да бидат уништени е максимата „Не верувај во сé што ќе видиш на Интернет“ |
|||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||
Дали сте размислувале дека секој може на Интернет да објави или да монтира дискредитирачка видеоснимка, текст или аудио и со тоа засекогаш да ви ги уништи угледот и кариерата? Оваа закана важи и за оние што сé уште не знаат ни како се вклучува компјутер. За ова секако размислува Љубе Бошковски, кој не може да ја избрише снимката што се појави на Интернет од неговото сведочење пред хашките истражители, или, пак, Сашо Аќимовски, поранешниот директор на пазарната инспекција, чија кариера е засекогаш уништена, по објавување на „Јутјуб“ на аудиоснимка каде што наводно бара рекет од угостители. Во спротивно, оваа фобија ќе добие размери на депресија - вели психијатарот Михаил Левенски. Советите на лекарите секогаш се корисни, но двата горенаведени случаи, без разлика дали некој ги смета Аќимовски и Бошковски за виновни или не, јасно покажуваат дека нашите граѓани се склони да веруваат во сé што ќе се појави на „Фејсбук“ или на „Јутјуб“, само ако изгледа доволно автентично. Притоа, забораваат на можностите што ги нудат „фотошоп“ или некои други алатки за монтирање слики и видео. - Интересно што тоа е така главно во Македонија. Нашето искуство во Западна Европа покажува дека луѓето се многу скептични кон она што го гледаат на Интернет. Тешко може да му се нанесе штета на некого со објавување компромитирачки фотографии или видео ако луѓето не веруваат во неговата автентичност, колку и да е добро направена монтажата. Знаете, стравот од Интернет е претеран. На пример, објавувањето компромитирачки материјали на Интернет не е многу различно од делењето такви материјали по поштенските сандачиња. Прашање е како државата ќе се справи со тоа - истакна Џое Мекнами од Европската асоцијација за дигитални права, најголема невладина организација во Европа, во која е вклучена и македонската „Метаморфозис“. Ново оружје во валканата политичка војна Колку Интернетот е моќно оружје се гледа по тоа што глобалната мрежа се користи речиси во сите афери. Слободан Томиќ, новинар на МТВ, го доби прекарот Пастир откако беше објавено на Интернет дека подготвува исценирана дебатна емисија со премиерот Груевски, по што неговата емисија „Гласот на народот“ го смени името во „Отворено со народот“. Златко Јанковски од Секторот за евроинтеграции во Владата премногу се опуштил на својот „Фејсбук“-профил, нарекувајќи ги „предавници“ неколкумина новинари. Не му вредеше многу објаснувањето дека нападите врз новинарите ги правел по приватна линија. И, ако Владата не го разреши од функцијата, неговиот кредибилитет сигурно е нарушен. Но Големиот брат, скриен во пајаковата мрежа на Интернетот, може да значи и нешто друго. Тоа најдобро го знае Махмуд Ахмединеџад, иранскиот претседател, кој сигурно ќе ја применеше кинеска интернет-цензура ако знаеше дека му се подготвува револуција. Револуционерите се организираа токму преку „Фејсбук“. Ги прашавме нашите политичари дали се плашат од Интернет. Одговорот најчесто беше насмевка и кревање на рамениците. - Ако ми пуштат нешто, ќе се снаоѓам како знам и умеам. Ние во СДСМ презедовме некои мерки, компјутерската мрежа ни е дополнително заштитена, но реално ќе се справиме со евентуална монтажа или подметнување кога таа ќе се случи - вели Јани Макрадули. Тито Петковски смета дека државата слабо ги штити граѓаните од оваа појава. - Нашава држава навистина нема механизам за заштита од ова. Треба да се преземат европските искуства. Јас навистина не знам што ние би можеле да направиме да се заштитиме - вели Петковски. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев не ни помислил дека некој може и на него да му монтира нешто. За него најбитно е да се заштитат малолетниците и децата. Девојчињата најисплашени за својата чест Покрај сите жртви на глобалната мрежа, една група јасно се издвојува. Тоа се девојките, најчесто малолетните. Така беше и со првиот случај откриен во 2004 година, кога момче од скопската населба Кисела Вода ја снимило девојката кога воделе љубов. На експлицитната снимка јасно се гледа како момчето ја користи љубовта и довербата на својата девојка за да ја убеди да се снимаат. Елена Стојановска од Дирекцијата за заштита на податоци го анализира овој аспект. - Лани имавме 120 случаи на лажни профили на „Фејсбук“ и убедливо најголеми жртви се девојчињата. Имавме и пријави за три снимки на „Јутјуб“. Во вакви случаи ние реагираме до „Фејсбук“ и до „Јутјуб“ со барање да се избрише снимката или профилот. Тие досега позитивно реагираа на сите наши барања. Но нема некој ефект. Само што ќе избрише некој профил или снимка, истиот корисник пак го поставува. Ова е како играње мачка и глушец - вели Стојановска. Таа појаснува дека ваквите појави, според нашите закони, можат да се санкционираат само ако спорната содржина е поставена (хостирана) на македонски Интернет сајт. - Единственото решение е во едукацијата. Пред сé кон младата популација, но и кон другите корисници на Интернет. Размисли добро пред да постираш. Еве сега имаме еден актуелен случај, каде што ученици направиле видео на „Јутјуб“ со нивен професор, каде што го нарекуваат со погрдни зборови - вели Стојановска. Таа објаснува дека кога станува збор за кривично дело, случаите ги предаваат на МВР, односно на нивната Единица за борба со компјутерскиот криминал.
|
|||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: Оценка: | |||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||