|
|
Словаците стравуваат од Македонија |
|
||||||||||||||||||||||||
Сите задоволни и сите со констатација - можеме до ЕП. Вакви се реакциите од таборите на нашите противници, веднаш по вчерашната ждрепка во Варшава за квалификацискиот циклус за Евро 2012 |
|||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||
| Првиот фаворит Русија, предводена од Холанѓанецот Гус Хидинк, преку овој циклус ќе се вади за неучеството на СП годинава. - Задоволен сум. Сé зависи од нас и се надевам дека, за разлика од минатите квалификации, сега ќе го решиме проблемот, да бидеме први. Треба да се почитуваат Словачка и Ирска, поради настапите во последните години - рече Хидинк, кој воопшто не ја спомена Македонија. Словачкиот кормилар Владимир Вајс, пак, групата ја спореди со таа за мундијалските квалификации во кои, покрај фаворитите Полска и Чешка, тие беа први и директно се пласираа на СП. - Ситуацијата е иста како и за СП, па имаме искуство. Најважно е да не губиме бодови со т.н. аутсајдери - рече Вајс. Малку поконкретни во анализите беа дел словачки фудбалери, кои истакнаа дека Македонија е доста незгодна на домашен терен и дека треба да се внимава на нашата селекција. - Прифатлива е групата, добивме носител што не е исклучителен фаворит, но затоа ќе имаме напорни дуели со Ирците и со Македонците, кои се особено незгодни дома - рече Мирослав Кархан, дефанзивниот играч за врска на Словаците. - Не е ова најлесната група, Русија е фаворит, која ќе бара пласман по неуспехот за СП, но Македонија може да биде многу непредвидлива. Андора е аутсајдер, а Ерменија незгодна дома - рече стоперот од Ливерпул, Мартин Шкртел. Ирците, пак, по ждрепката со одушевување ја прифатија групата, која ја окарактеризираа на свој начин - на ЕП преку Источна Европа. |
|||||||||||||||||||||||||
|
|
|||||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: 532 Оценка: 5 | |||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||