|
|
Со добра диплома в раце можете сé |
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Кинеските родители штедат толку многу, што се подготвени и да не јадат, само за да заштедат и потоа парите да ги вложат во образование на нивните деца. Мојот впечаток е дека тоа не е така и во Македонија |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Професорот Грегори Хилхаус е од Јужна Африка. Тој е еден од шестемина странски професори кој предаваат на новиот Универзитет за информатички технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Бил асистент и професор на повеќе универзитети во Јужна Африка и Кина, а на македонските студенти им предава физика од октомври минатата година, кога почна да работи петтиот државен универзитет. Во вториот семестар тој ќе им предава на студентите на Факултетот за машинска интелигенција и роботика како и на нивните колеги на Факултетот за информациски системи, визуализација, мултимедија и анимација. Во интервјуто за „Нова Македонија“, тој зборува за неговите впечатоци од досегашниот престој во земјава, како и за работата со македонски студенти. Професоре, што Ве натера да дојдете и да работите во Македонија? Како гледате на концептот на оваа нова високообразовна институција? - Ми се допаѓа Охрид, ми се допаѓа природата. Но, пред сé, визијата што ја има овој универзитет, а тоа е да создаде одлични студенти кои ќе можат да го работат она што го сакаат. Поентата е да се охрабрат, да станат свесни дека нивното знаење вреди. Дека можат да го направат тоа што го сакаат со добрата диплома што ќе ја имаат в раце. Со тоа можат сé да постигнат. Овде сум затоа што сметам дека можам да помогнам во тој процес. Сте им предавале на студенти во Јужна Африка и во Кина. Се разликуваат ли од нив македонските студенти? - Пред да дојдам овде предавав на универзитет во Кина. Родителите на нивните деца штедат толку многу, што се подготвени и да не јадат, само за да заштедат, а потоа парите да ги вложат во образование на нивните деца. Тоа го прават бидејќи сметаат дека образованието е најважното нешто за човекот и дека без него нема работа, со оглед на огромната конкуренција која таму ја има. Затоа во Кина децата дома мораат да учат и доцна по полноќ, сé со цел да го совладаат материјалот и со солиден успех да го завршат образованието. Имам впечаток дека во Македонија тоа не е случај. Студентите како да не се толку охрабрени, како да не се свесни до крај колку е образованието важно. Но и покрај тоа, јас сум овде еден семестар и сметам дека тие се гладни за нови знаења. Имаат ли добра основа студентите конкретно по вашиот предмет? И дали им сте располагање и по часовите предвидени за предавања? - Јас сум постојано тука за нив. Тие знаат дека можат да ме консултираат во кој било период од деноноќието и знаат дека веднаш им одговарам на прашањата. Се случува во сабота на пример, јас со моите 30 студенти да седнеме некаде и со часови да разговараме за физиката. Што се однесува за основата, нормално е некој од нив да има подобра основа, а друг не. Но, важно е дека апетитот за знаења е огромен. Имате потпишано едногодишен договор за соработка со овој универзитет. Ќе ни откриете ли колку е платен Вашиот ангажман? - Тоа не би сакал да ви го откријам. Сепак таков ни е договорот со раководството на универзитетот. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: 925 Оценка: 3,9 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||