Компактно МПВ

Останати вести
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Bookmark and Share
 

Со својот спортски дух, динамичен изглед и затегнатите и изразено флуидни линии, се чини дека редизајнираниот модел „Сеник“ на производителот „Рено“ се обидува да внесе сосема нов и свеж ветер во сегментот на повеќенаменски (МПВ) возила

 
 
  
Веќе при првиот поглед на компактниот дизајн на возилото, особено на неговиот преден дел, станува сосема јасно дека новиот „Сеник“ своите корени ги влече директно од спортскиот „Рено Меган Купе“. Факт кој доволно говори сам за себе.

За разлика од предниот дел кој со големиот централен, ниско поставен всисник за воздух и препознатливите облици на маската и предните светлосни склопови како да е пресликан од Рено Меган Купе, задниот дел со своите карактеристични задни светлосни склопови изведени дводелно, во облик на бумеранг е уште попрепознатлив и со уште поизразена персоналност.

Во рамките на своите 4.340 мм должина (што е за 80 мм повеќе од неговиот претходник), за 20 мм растегнатото меѓуоскиното растојание во однос на претходната, втора генерација на „Рено Сеник“, кое сега изнесува 2.702 мм, како и широчината помеѓу тркалата (траг на тркалата) која изнесува 1.545 мм напред и 1.547 мм назад, возилото изобилува со раскошен простор и за патниците и за багажот.

Во внатрешноста на патничката кабина има низа практични решенија чија единствена цел е зголемување на комфорот при возењето, а секако и можноста за транспорт на погабаритен багаж: голем простор за одложување ситници под предните и под задниот ред седишта, лесно склопливи предни и задни седишта и сл. А се разбира тука се и сите оние познати и напредни системите и уреди кои треба да го зголемат уживањето при патувањето.

За погон на новиот Рено Сеник задолжени се повеќе бензински и дизел агрегати. Бензинските мотори се претставени преку 1,6-литарскиот 16-вентилски мотор со силина од 110 КС, моторот со иста работна зафатнина, но зголемена моќност од 140 КС, како и новиот ТЦе мотор со работна зафатнина од 1.397 кубни сантиметри, кој кон погонските тркала испорачува силина од 130 КС.

Гамата на дизел-агрегати пак, почнува со 1,5-литарските дЦи агрегати со расположиви 85 КС, 105 КС и 110 КС, по што следат посилните - дЦи моторите со излезна моќност од 130 КС, 150 КС, па сé до оној најсилниот со 160 КС.

Се разбира, кога станува збор за погонските агрегати, едно е сигурно: било да се бензински или дизел агрегати, моторите се одликуваат со максимална економичност и истите се крајно пријателски настроени кон животната средина. Тоа, впрочем, може, а и мора да се очекува од Рено.
 
   
 
 
   
Веста е прочитана: 30           
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski