Првпат по долги години се штеди струја


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Гоце Трпковски
Граѓаните не се помалку важни од партиите
Во целосно политизираното општество и овој пат се заборави дека локалните избори не мора да бидат толку политичка работа за со нив да се занимаваат само регистрираните партии и коалиции. Нема никаква логика рокот за поднесување ...
 
Сашо Клековски
Окупирај ја политиката (2)
За да се стремиме кон отворена влада, прво треба да имаме отворени партии. Граѓаните мора да си го вратат правото покрај партиска листа, да имаат право да ја изберат личноста што сакаат да ги претставува во Собранието ...
 
Стојан Славески
Александар, Самуил и Ченто
Пред неколку години во паузата на една конференција ми приоѓа една колешка од Бугарија и ми вели: „Стојан, зошто Вие Македонците ни ја присвојувате нашата историја“. А јас, се правам изненаден од прашањето и велам: „На што конкретно ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Ние сега имаме еден тренд, кој долго време не е забележан, а тоа е намалување на потрошувачката на енергија, и тоа не само во индустријата туку и во домаќинствата. Ова е нов тренд, што значи дека луѓето повеќе штедат или, пак, помалку трошат, на кој секако во прилог му одеше и топлата зима оваа година, вели Анѓушев

 
 
  

ИНТЕРВЈУ СО КОЧО АНЃУШЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНСКАТА ЕНЕРГЕТСКА АСОЦИЈАЦИЈА

Македонија со години наназад има хроничен недостиг од електрична енергија, кој го надоместува со увоз.
Една од главните причини за тоа е што нашата земја не располага со којзнае какви енергетски ресурси.
Кочо Анѓушев, професор на Машинскиот факултет и стопанственик што преку своите компании во изминативе години има значителни инвестиции во капацитети за производство на струја во Македонија, вели дека мора да се искористи целокупниот воден потенцијал во и преку изградба на мали хидроцентрали за да се намали енергетската зависност на земјава. 

Тој вели дека цената на струјата во иднина, како и досега, ќе зависи од понудата и побарувачката на струја и укажува дека првпат по долг период во Македонија има тренд на намалување на потрошувачката на електрична енергија.

Каква е состојбата со производството и дистрибуцијата на електрична енергија генерално во регионот? Каде се произведува и колку ја има?
- Производството на електрична енергија и во регионот и во Македонија е иста како и пред неколку години. Значителни промени на ова поле нема. Не се отворени нови производни капацитети, а ниту, пак, некои беа затворени. Производството на електричната енергија е условено единствено од хидрологијата, која од година на година варира во зависност од тоа колку годината е хидролошки поволна или не. Последниве две години состојбата се нормализираше од овој аспект по претходниот сушен период, што, пак, резултираше со помало производство на електрична енергија од хидроцентралите. Една компонента е производството, но од друга страна е потрошувачката. Ние сега имаме еден тренд, кој долго време не е забележан, а тоа е намалување на потрошувачката на енергија, и тоа не само во индустријата туку и во домаќинствата. Ова е нов тренд, што значи дека луѓето повеќе штедат или, пак, помалку трошат, на кој секако во прилог му одеше и топлата зима оваа година. Исто така, и прибегнувањето кон други извори на енергија има влијание или, пак, едноставно граѓаните водат повеќе сметка за трошењето на енергијата.

Кои држави од регионот се најголеми потрошувачи, а кои се најголеми произведувачи на струја?
- Најголем производител на енергија во регионот е Бугарија. Таа има доволно електрична енергија за своите потреби, без притоа да направи никаков увоз. Воедно прави извоз од 7 до 10 терават-часа енергија годишно. Колку за споредба, треба да знаеме дека тоа е количество енергија што Македонија го троши на годишно ниво. Втора голема сила во енергетиката е Романија, која во дадени периоди, освен што ги задоволува целосно своите потреби, прави извоз на енергија кон другите земји. Сите други земји од регионот се делумно покриени со своето производство, како што се Република Србија, Република Српска, како и Босна и Херцеговина, кои се земји што балансираат во увозот и извозот, т.е. во дадени периоди од годината увезуваат, а во други периоди извезуваат електрична енергија. Сите други земји во регионот се увозно зависни од електрична енергија. Тука би ги споменал Грција, Албанија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, значи сите држави што дел од енергијата секогаш ја увезуваат. Ние увезуваме околу 30 проценти од нашите потреби за електрична енергија, речиси исто толку увезуваат Грција и Хрватска.

Како е снабдена Македонија со струја, од каде купуваме најмногу?
- Тешко е да се каже точно од каде е произведена струјата и дали е само од еден извор. Таа во еден дел е купена со директни договори од земјите што ги споменавме како извор на таа енергија, но еден дел од енергијата е купен на берза, која е релевантна за цела Југоисточна Европа, а тоа е берзата „Хупекс“, која се наоѓа во Будимпешта. Енергијата што се нуди на таа берза е од секаде. Со зголемувањето на кризата во Западна Европа, се појави вишок електрична енергија и во Централна и во Западна Европа, во Германија, Чешка, Полска, што, пак, придонесе и таа енергија да дојде до оваа берза и им се нуди на земјите од Балканскиот Полуостров. Најконкретно кажано, енергијата што ние ја купуваме во голем дел е бугарска и романска, а дел од енергијата потекнува од Европа.

Што мислите за цената на струјата? Дали е реална и како ќе се движи во иднина?
- Ако ја гледате цената на електричната енергија последните десетина години, таа варирала во дијапазон од 30 до 80 евра за мегават-час. Најголемиот врв цената на електричната енергија го имала пред кризата во 2008 година, кога била нешто над 80 евра за мегават-час. За да не ги збуниме граѓаните, тука треба да појасниме дека зборуваме за 400-киловолтно ниво и енергија што е на тоа напонско ниво. Како одите надолу во нивоата, таа има повисока цена поради трошокот што се прави за нејзина трансформација, односно поради трошокот за преносната и дистрибутивната такса. Цената на струјата во иднина ќе зависи од големината на понудата и побарувачката, а тука има влијание и кризата, која доколку предизвика намалување на побарувачката на енергија во индустријата, ќе резултира и со намалување на цената. Сепак, намалувањето не може да ја пробие границата, која во моментов би била под 39-40 евра за мегават-час, што е некоја просечна производствена цена кај најевтините извори на енергија.

Дали може да имаме поголем недостиг од струја во иднина, со оглед на сѐ поголемата побарувачка од сите држави?
- Гледајќи ја сегашната состојба, не може да се случи да има поголем недостиг од енергија. Тоа може да се случи евентуално поради некоја виша сила, екстремно студена зима, кога на пример, рудниците не ќе можат да копаат јаглен за производство на струја и слични сценарија. Инаку, како инсталирана снага (моќност), со ова ниво на потрошувачка регионално не може да има поголем недостиг од енергија. Ние, како држава, треба секогаш да настојуваме да правиме сопствени извори на енергија. Држава што нема сопствени извори на енергија, нема ниту стабилност.

Каде ја гледате енергетската иднина на државава?
- Енергетската иднина на една држава зависи од енергетските ресурси со кои располага. За жал, ние во Македонија немаме многу енергетски ресурси. Треба да ја доискористиме водата онолку колку што можеме. Тука се неколку големи и малите хидроцентрали, кои се од особено значење. Во иднина би требало повеќе да се искористи потенцијалот на малите хидроцентрали, бидејќи тие се поевтини од големите, и во делот на производството на електрична енергија и во делот на изградбата. Колку за споредба би истакнал еден пример за да го доловам ова мое тврдење. ХЕЦ „Света Петка“ и „Козјак“, кои секако се позитивни проекти, ја чинеа државава околу 300 милиони евра, а притоа беа финансирани однадвор, што значи дека државата мораше да даде одредени гаранции. Истовремено моравме да ангажираме странски фирми, бидејќи тие ги исполнуваат условите предвидени со тендерите поради што нашите фирми беа само подизведувачи. Главниот профит од градбата го зедоа странските фирми. Притоа државата даваше гаранција за цена на струјата помеѓу 120 и 150 евра за мегават-час. Значи, ние сега добиваме од ЕЛЕМ струја што чини 38 евра за мегават-час, но тоа е затоа што РЕК „Битола“ произведува големо количество енергија по 31 евро, па просекот е оној што се смета за крајна цена. Де факто ние таа цена од 150 евра ја плаќаме од големите извори на енергија, електроцентралите. Малите хидроцентрали се целосно спротивен процес. Прво, тие се приватни инвестиции. Државата не дава никакви гаранции за нивна изградба, туку напротив, за нив таа зема надомест за концесии. Од оние 60 мали хидроцентрали што се доделени, државата има земено околу 15 милиони евра за издадени концесии. Истовремено, тие произвеле електрична енергија по просечна цена од 80 евра за мегават-час. Од сето ова кога ќе ги споредите двата проекта може да видите дека во случајот со малите хидроцентрали нема странски фирми што ни ја земаат работата, бидејќи нема странско финансирање, па домашните фирми целосно ги градат и ги изведуваат овие капацитети. Вакви 100 мали хидроцентрали произведуваат енергија колку „Света Петка“ и „Козјак“ заедно. Ова секако не е решение за енергетската криза во Македонија, но ни оддалеку не треба да се занемарува. Во случајот со малите хидроцентрали целиот материјал што се користи за нив е македонски производ, од челик до полиестер, голем дел од електромашинската опрема го правиме сами, а и сите фирми што учествуваат во нивното реализирање се домашни. Ова значи дека околу 70 проценти од вредноста на објектот остануваат во Македонија. Поради тоа што јагленот на наша територија е при крај со резервите, ќе се доведеме во состојба да мораме да го увезуваме ако сакаме да ни работат електроцентралите на јаглен или, пак, да го прифатиме во иднина гасот како извор на енергија. Тука, пак, се поставува прашањето дали е подобро да увезувате струја или, пак, гас. Би рекол дека најдобра варијанта е да се увезува гасот за да се супституира струјата, која ја трошиме за греење, а не да се увезува гас за да се прави струја.

Што мислите за големите проекти како „Чебрен“ и „Галиште“ и неколкуте други што се најавуваат, како и за мегапроектот „Вардарска долина“? Колку се реални и каков ефект би дале доколку се реализираат?
- Овие проекти долги години се дискутираат во Македонија. Со самото тоа што на повеќе тендери на „Чебрен“ и „Галиште“ не се наоѓа решение за изградба, значи можеби треба нешто да се смени во концептот на тие електроцентрали. Дали постои доволно вода или, пак, дали „Чебрен“ и „Галиште“ можат да бидат економски оправдани проекти со така високоинсталирана моќност е големо прашање. Моето мислење е дека треба да се направат, односно да му се даде слобода на инвеститорот да направи пооптимално решение. Значи, решение што ќе биде пооправдано, па и да не биде инсталираната моќност во тие проекти толку голема. Кратко речено, „Чебрен“ и „Галиште“ се остварливи проекти, но со видоизменет концепт. Што се однесува до „Вардарска долина“, тоа е еден убав сон за сите нас, кој убаво звучи, но е многу скап проект. Дали тој може да се исплати со производство на електрична енергија од него? Одговорот најверојатно е не, особено ако се знае дека тој ќе бара дислокација на автопат и на железница, кои не се нормални инвестиции кога станува збор за градење брана на река. Значи, имаме дополнителни трошоци, кои би го оптовариле тој проект и би го направиле неоправдан.

Како би ја искоментирале состојбата во Бугарија, каде што поради протести за цената на струјата падна Владата? Дали цената на струјата може и да задржи на власт одредена влада?
- Не би коментирал политички аспекти за тоа дали цената на струјата би можела да биде причина за паѓање на Владата во Бугарија. Јас мислам дека таму постојат и други причини, па ова било само еден повод за нешто да се случи. Сите ние треба да сфатиме дека електричната енергија има своја цена, како и другите производи, која директно нѐ засега сите нас, како што е и цената на лебот, на млекото, на становите, што ја прави чувствителна категорија, па секоја политика треба внимателно да се однесува со неа. 


 „Енерџи деливери солушнс“ станува нов предизвик 

„Енерџи деливери солушнс“ е новата македонска компанија основана од Кочо Анѓушев и „Фероинвест“, а која во иднина ќе тргува со струја во регионот. Компанијата досега склучила неколку договори со најголемите македонски компании за струја во вредност од 80 милиони евра. Анѓушев ја напушта позицијата во „ЕФТ Македонија“ и се насочува кон управување на новата македонска компанија. „Фероинвест“ е една од ретките компании што досега има вложено во изградба на 15 мали хидроцентрали во Македонија, од планираните 19 хидроцентрали, чија изградба продолжува. Анѓушев е и сопственик на „Брако“, каде што над 98 отсто од производството е наменето за извоз. Фабриката е најголем производител на жичена програма во Југоисточна Европа, а позната е и по квалитетот на медицинска опрема. Една од најголемите светски компании за медицинска опрема „Хендикеар и Ромедик“ е клиент на „Брако“. 


 
   
Автор: Жарко Василевски   Фотографија: Маја Јаневска-Илиева
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 720          Оценка: 3,29  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
Дедо Борис - Битола
Едвај најпосле експертска изјава се искамчи дека гасот ни е потребен,ама евентуално како супституција за греенје.Јаглен аш,па и мазут,а капацитетите нека одмараат во меѓувреме.Големите капацитети на Црна се скапи,малите се евтини,а увозот е можен.Поради кризава,заради водата на својата воденица & CO ...
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski