|
|
Децата најчести жртви на трговците со бели робје |
|
||||||
Швајцарската невладина организација „Тер де ом“ и домашната „Отворена порта“ вчера на заедничка прес-конференција го презентираа извештајот од проектот за зајакнување на капацитетите за борба против трговијата со луѓе, кој открива загрижувачки податоци |
|||||||
| Според истражувањата на двете невладини организации, од регистрираните случаи на трговија со луѓе, најголем дел од жртвите биле деца. Според Стојна Атанасовска-Димишковска, член на „Отворена порта“, од 2005 година досега биле регистрирани 63 жртви на трговија со луѓе, од кои најголемиот број биле токму малолетници. „Отворена порта“, која е единствена во земјава што има отворено прифатилиште за лица што биле жртви на трговците со луѓе, во 2008 година згрижила единаесет лица, од кои дури десет биле малолетни. - Токму затоа сакаме да ја зајакнеме оваа борба против трговијата со луѓе бидејќи децата се оние што се најранливи и им треба најмногу заштита - истакна Атанасовска-Димишковска. Учесниците од швајцарската организација истакнаа дека Македонија има добри законски решенија штоја третираат ова проблематика, но додаваат дека сé уште траба да се работи заштита на правата на децата и спроведувањето во практика на препораките од Водичот за заштита на деца-жртви на трговија. |
|||||||
|
|
|||||||
| Веста е прочитана: Оценка: | |||||||
|
|||||||
|
|