Во игротека не стапнува нога на здравствен инспектор


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Владимир Николоски
Пратениците немаат алиби за евтината струја
Со плата од околу 1.000 евра, се чини дека пратениците навистина не се загрижени поради тоа што сметките за парно и за струја се драстично зголемени за период од нецели две години ...
 
Петар Шкрбина
Политичката криза во Македонија и извештајот од ЕК
Поради доста неусогласени односи меѓу земјите-членки на ЕУ, започнува активноста за поделба на ЕУ во три круга или прстени, каде што едни држави ќе бидат во кругот А, други во кругот Б и трети во кругот Ц ...
 
Милан Банов
Споменик на огнениот
Ја оставам кладата и му се враќам на најсмелиот и највистинољубив човек во историјата на човештвото - на Џордано Бруно - на таа „судбина на земјата добро подготвена, но во ѕвездите забележана“, на оној дух што вее низ просторот ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Според некои процени, во Македонија има повеќе од 70 игротеки. Засега не постои законска одредба или правилник во кој би било пропишано што сѐ треба да има во една ваква просторија и колку пати и со какви средства треба да се одржува хигиената во неа

 
 
  

Според некои процени, во Македонија има повеќе од 70 игротеки

ИГРАЧКИТЕ - ПРЕНОСИТЕЛИ НА БАКТЕРИИ И НА ВИРУСИ

Нема законска одредба што налага државата да контролира дали приватните игротеки одржуваат хигиена и редовно ги дезинфицираат играчките и пластичните реквизити што ги користат децата. Засега не постои ниту правилник во кој би било пропишано што сѐ треба да има во една ваква просторија и колку пати и со какви средства треба да се одржува хигиената.

Според некои процени, во Македонија има повеќе од 70 игротеки, а во многу од нив просторот се користи и како место за дневен престој на децата, освен за организирање родендени.

Дека засега нема контроли во однос на хигиената, тврдат и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Институциите немаат ингеренции

Кога некоја странка почнува со работа и отвора нов простор предвиден за забава, тогаш наш инспектор оди на терен и дава препораки за општи санитарно-хигиенски мерки, а главната е редовно да се проветрува и да се дезинфицира просторот со соодветни средства. Но законски немаме ингеренции тоа да го правиме редовно, објаснува Вера Менкова од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

- Тие не се класични детски установи и не се објекти со приоритет. Нема ниту правилник во кој ќе пишува што треба да има една игротека - додава таа.

Ингеренции врз игротеките нема ниту секторот за детска заштита при Министерството за труд и социјална политика. Оттаму велат дека детските клубови веројатно биле регистрирани според друг закон, зашто според Законот за детска заштита, тоа не било дозволено.

- Немаме надлежност врз игротеките. Тие се регистрираат како фирми во Централниот регистар. Со новите измени на Законот за детска заштита ќе можеме да се справиме со игротеките што работат како приватни градинки - додаваат од Министерството за труд и социјална политика.

Во однос на хигиената, некои родители на интернет-форуми се жалат дека има игротеки во кои е дозволено да се гази со валкани чевли на подот каде што си играат децата. За „базените“ преполни со пластични топчиња коментираат дека се рудник на зарази и на бактерии.

„Колку и да изгледа чисто, тоа не значи ништо. Како што велат, око да не види“, коментира една мајка.

Играчките - најголеми преносители на бактерии

Во повеќето игротеки се продаваат и пијалаци, а кога се организираат родендени, храната најчесто родителите ја носат од дома. Дејан Рунтевски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, вели дека не вршат контрола во однос на храната.
- Игротеките не се под наша надлежност бидејќи таму нема производство на храна. Најчесто храната ја носат од дома и тој дел е на одговорност на тие што ја носат - вели директорот.

Прим. д-р Марина Поп-Лазарова од првата приватна општа болница „Ре-медика“, вели дека играчките се преносители на бактерии и на вируси што можат да ги нападнат децата.

- Бактериите и вирусите остануваат извесен период на површината на предметите. Играчките практично се нивни преносители. На пример, вирусот на грип може да остане и до осум часа на површината на играчката. Ова воопшто не е наивна работа и сметам дека играчките редовно треба да се мијат со вода и детергент, по потреба и со дезинфициенс - смета Поп-Лазарова.

Лидија Коневска, сопственичка на игротеката „Тиквичка“ во Скопје, вели дека редовно ги чистат играчките и предметите со кои децата си играат. Тоа го прават со средството за дезинфекција „дизентал“.

- Откако гостите ќе си заминат од роденденските прослави, веднаш ги чистиме играчките. Се чисти подот и се бришат масите и столчињата. Тоа го правиме во текот на целата година, а поголемо внимание на хигиената обрнуваме во текот на зимскиот период, кога владее грипот - вели Коневска.

Таа информира дека вработените на секои шест месеци одат на санитарен преглед, како и дека нивната работа е проверена од сите инспекции.

Сопственик на игротека што сакаше да остане анонимен вели дека во Западна Европа постојат прописи за тоа што сѐ може да содржи една игротека и колку често играчките можат да се чистат и сервисираат.
- Според процедурите за отворање игротека во европските земји, таа претставува игралиште во затворен простор, каде што треба да важи правилото дека родителите мора да бидат со децата и да внимаваат на нив. Тие не треба да бидат место за чување на децата, туку занимална. Но во Македонија го нема тоа. Државата не ја уредила оваа услужна дејност - вели сопственикот. 


Не ги возете децата во количките од супермаркет

Кваките од врати, рачките на количките за пазарување во супермаркети и играчките во градинка или игротека се површини што се најголеми преносители на бактерии, предупредува прим. д-р Марина Поп-Лазарова од „Ре-медика“.
- Инкубација, на пример, на вирус на грип е од еден до три дена. Така, ако ми дојде детенце со висока температура во понеделник или вторник, знам дека викендот најверојатно било на пазарење со родителите во супермаркет и се возело во количка за пазарување. Не треба наивно да гледаме на овие работи, тие знаат да предизвикаат сериозни проблеми - додава докторката. 


 
   
Автор: Антонија Поповска-Христов / Радмила Заревска   Фотографија: Игор Бансколиев
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 410          Оценка: 3,33  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski