Лига на словенските држави како пандан на ЕУ и НАТО?


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Дарко Јаневски
Македонската фантазија од 1.000 евра плата
Целата таа расправа на земјите-членки на ЕУ за парите повеќе личи на шминка, на фрлање прав во очите на просечниот европски граѓанин, кој има доволно грижи за да може внимателно да ги чита извештаите од Брисел. ЕУ минатата ...
 
Билјана Ванковска
Штама!
За Владата ми е јасно зошто не сака автономен универзитет (и впрочем има таков), но и професорите (со ретки исклучоци) не знаат да ја дефинираат автономијата, уште помалку да ја одбранат ...
 
Љупчо Гаштеовски
(Не)работните навики на сопствениот подмладок
Никој не е роден со усвоени работни навики. Детето најчесто се навикнува на работа или мрза, идентификувајќи се со своите родители. „Крушата под круша паѓа“ ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Балканските медиуми веќе подолг период пишуваат дека се заговара создавање сесловенска или пансловенска лига на земји што би функционирала како Европската Унија и НАТО заедно, а на чие чело би била Русија. Добро упатените домашни и регионални аналитичари за меѓународни односи сепак тврдат дека унија на земјите со словенско потекло реално не е можно да се оствари ниту во овој момент ниту во блиска иднина

 
 
  

 ПАНСЛАВИЗМОТ ОД УТОПИЈА ДО РЕАЛНОСТ

Растечкиот скептицизам за проширувањето на Унијата и постојаното одолжување на влезот на земјите-аспиранти ги актуализираат проекциите за создавање нови сојузи.

Балканските медиуми веќе подолг период пишуваат дека се заговара создавање сесловенска или пансловенска лига на земји што би функционирала како Европската Унија и НАТО заедно, а на чие чело би била Русија. Ова особено во контекст на енергетскиот пробив на официјална Москва на Балканот, пред сѐ изградбата на гасоводот „Јужен тек“.

Идејата за сесловенски сојуз е пандан на идејата за формирање балкански Бенелукс, односно економско и политичко здружување на Македонија со Албанија, Косово и со Црна Гора, чија реализација е само фикција.

На можноста да се оствари идејата за словенски сојуз на држави предупредува и последната анализа на Стратфор, во која се вели дека државите од поранешната Југославија се под сѐ поголемо влијание на официјална Москва, бидејќи се дел од европскиот пограничен натпревар меѓу Западна Европа и Русија.

Идејата за унијата дело на Сталин

Познатиот украински политиколог и експерт за право Александар Прогнимак од Киев во мај излегол со идеја за формирање Лига на словенски држави (ЛСД), која фактички го повторува не помалку познатиот „Словенски проект“ на Ј.В. Сталин.


Според Прогнимак, од анализата на светските тенденции на глобализацијата, станува очигледно дека единствениот стратегиски исправен избор на Украина би требало да претставува нејзиното учество и формализација на единствениот словенски пандан на евроунијата, кој условно би можел да биде наречен Лига на словенските држави.

Украинскиот експерт смета дека Украина, Русија и Белорусија не се способни самостојно и изолирано во целост да ги одбранат своите интереси ниту пред Западот, ниту пред Истокот.

- Не би сакале да се претвориме во паричка за поткусурување на шаховската табла меѓу Западот и Истокот - додава тој.

Прогнимак е сигурен дека во услови на брзорастечката европска и муслиманска глобализација, единствената наднационална структура на сите Словени претставува Лигата на словенски држави.

Прво во нејзин состав би влегле Русија, Белорусија и Украина, а подоцна би можеле да се приклучат Бугарија, Србија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Полска, Словачка и Чешка.

Бидејќи во последните неколку децении верските несогласувања меѓу католиците и православните олабавиле, „Источните и Јужните Словени, при паметно организирање на оваа структура би имале големи шанси да се вградат во ЛСД“, вели Прогнимак.

Словенскиот парламент законодавен орган на лигата

Законодавен орган на лигата би можел да биде Словенскиот парламент, избори би се одржувале во земјите на ЛСД еднаш на четири години, а оптималната бројка на словенските пратеници би требало да изнесува по 50 претставници од секоја држава-членка.

Прогнимак предлага да се воведе бесцаринска зона на трговија меѓу земјите-членки на Лигата, единствен механизам за донации, заеднички превентивни царински давачки што би служеле за заштита на сопствените интереси на земјите-членки на лигата, соработка меѓу стопанските гранки и претпријатијата, како и блоковска енергетска сигурност.

Амбасадорот на Руската Федерација во Црна Гора, Андреј Нестеренко, неодамна изјавил дека Русија и Црна Гора ги врзуваат вистински партнерски односи во сите сфери. Истиот тон, според Нестеренко, преовладувал и во односите меѓу Русија и Србија и Бугарија.

Патем, односот на Западот кон проблемите на Кипар и натаму останува, благо речено, лицемерен, а на моменти и отворено „протурски“. Затоа, природно е што протурскиот фактор исто така придонесува за зближување на Република Кипар како со Грција, која е пред големи уцени од ЕУ поради финансискиот банкрот, така и со другите земји што учествуваат во интеграциските проекти или евентуално ќе им се приклучат.

Со еден збор, актуелните случувања во еврозоната во контекстот на економско-политичките тенденции во толку голем регион како што е регионот на Балкан-Кипар-Русија-Белорусија-Украина го ставаат Западот во позиција да земе пауза во процесот на проширувањето на Европската Унија. Истовремено, токму ова забавување е во корист на идејата за сојуз на словенските земји на кој би му се приклучиле и други земји од Европа.

Панславизмот стар стотици години

Добро упатените домашни и регионални аналитичари за меѓународни односи сепак тврдат дека унија на земјите со словенско потекло реално не е можно да се оствари ниту во овој момент ниту во блиска иднина.

Поранешниот македонски амбасадор во Бугарија Ѓорѓи Спасов објаснува дека панславизмот не е нова идеја, туку егзистира најмалку 100-200 години, во различни форми и историски периоди.

- Оваа идеја за некаква форма на унија е широкоприфатена меѓу словенските земји, бидејќи се смета оти сите сме  роднини меѓу себе и сите сме панславјани, луѓе што се браќа по крв. Дека ова е така сведочат и постојниот славјански универзитет и големиот број катедри во сите словенски земји за славјанските јазици и култура, како и интернационалниот институт за словенски јазици во Лондон - вели Спасов.

Дипломатот објаснува дека сепак основна спојка во здружувањето, освен словенското потекло на земјите, може да биде и религискиот фактор, односно фактот што во сите овие земји доминантна религија е христијанството, без оглед на тоа дали станува збор за римокатолицизмот или за православието.
- Досега во историјата сме имале мал милион обиди за пансловенска лига и здружување, а најадекватен пример за тоа е формирањето на Југославија, во која Македонија и самата беше дел до 1990-тите години - резимира Спасов.

Политичка утопија

Поранешниот советник во кабинетите на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, професорот Стево Пендаровски смета дека се можни и треба да се форсираат само пријателства, билатерални - економски и културни соработки, но не и нови сојузи.

- Тоа би создало тектонски нарушувања и не треба да „скокаме“ во такви варијанти. Отсекогаш Руската Федерација на Македонија гледала како на идна членка на ЕУ. Впрочем, други земји-членки на ЕУ имаат многу посилни традиционални врски со Русија, но не како супститут за членство во некаква „словенска лига“ - вели Пендаровски.

Тој објаснува дека лигата на словенските држави е само политичка утопија, која одвреме-навреме засилено се појавува во медиумите, особено по падот на комунизмот и Источниот блок.

- Мислам дека оваа идеја не била никогаш ниту близу до остварување, од проста причина што постојат дијаметрално големи разлики во интересите на земјите што би биле нејзин составен дел. На крајот на краиштата, самата Русија не може да се договори со Украина и со Белорусија како би изгледал сојузот, а сепак станува збор за само три земји. Дополнителен проблем е што на Балканот, во нашата но и во околните држави живее население што, иако е помалобројно, сепак не би сакало да биде составен дел на еден клуб на словенски држави. Исто како што Македонците не сакаа да бидат дел од балканскиот Бенелукс (Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија), каде што албанското население би било доминантно. Дополнителен аргумент на оваа моја теза е дека во изминативе дваесет години Москва никогаш не им понудила членство на словенските држави во некоја од евроазиските регионални организации каде што таа е член, како алтернатива за ЕУ и НАТО - заклучува Пендаровски.

Спротивно на неговото мислење, пак, српскиот универзитетски професор и поранешен дипломат Предраг Симиќ смета дека конечно е дојдено време да размислуваме за други решенија наместо да се потпираме само на Европа и на надежта дека еден ден ќе бидеме рамноправни членки во Унијата.

- Предлогот на Путин за евроазиски сојуз е обид на Русија да го прошири својот економски простор без да си прави илузии дека политички може да ги контролира дури и најпознатите послушни поранешни републики на Советскиот Сојуз како Белорусија, Киргистан, Казахстан. Зошто да не се искористи економскиот напредок на Русија, која од ден на ден е сѐ помоќен играч од самата ЕУ или, пак, дури и од Америка - вели професорот Симиќ.

Тој истакнува дека во светот во кој постојано е присутен мирисот на кризата единствениот одржлив тренд е трендот на интеграција. Поврзувањето е природен процес што созрева во просторот на словенските држави.

- Русија, која по природата на нештата би била најдоминантна во сојузот, секогаш имала силни културни врски со словенските и православните земји на Балканот. Со сигурност таа може да има добивка од забавувањето на напорите за европска интеграција и од намаленото европско финансирање што го предизвика економската криза. Потребите на земјите од поранешна Југославија за надградба на нивните индустриски основи и сообраќајни инфраструктури отвораат широки можности за руско вклучување и нивно приближување кон Кремљ. Притоа треба да се има предвид фактот дека Русија може да го користи своето енергетско богатство за да добие поголема релевантност во регионот - смета Симиќ.

Дипломатот објаснува дека Русија веќе и е најголем енергетски снабдувач на Балканот, а „Јужниот тек“ ќе обезбеди зацврстување на таа позиција. Освен сигурната вклученост на Србија и на Словенија во овој гасовод, Македонија, Црна Гора, Хрватска и Босна веќе почнаа да преговараат да им биде дозволен пристап до него. Дури и надвор од енергетскиот сектор, повеќето земји од поранешна Југославија многу зависат од странски капитал за развој на инфраструктурата. Главно парите доаѓаат од Европа, но и руските компании земаат замав поради кризата во еврозоната. Рускиот интерес за регионот не е едностран, резимира Симиќ.


Први чекори на Бугарија и Србија 

Според Игор Мурадјан, аналитичар во ерменскиот неделник „Еркрамас“, од пролетта 2012 година се прават обиди да се најде заеднички став во однос на заедничките интереси меѓу Бугарите и Србите. Се шират гласини за унија меѓу Бугарија и Србија, со евентуално приклучување на Македонија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Грција во пакет со Република Кипар (иако и двете земји се со несловенско потекло).
Според неговите колумни во ерменскиот медиум, многу е веројатно дека оваа засега виртуелна алијанса има реални основи да прерасне во функционално меѓународно здружување.
Авторот тврди дека до министерствата за надворешни работи и за одбрана на Бугарија и на Србија веќе пристигнале предлози за заедничко дејствување на тајните служби на овие земји. Притоа, ваквите идеи, според сознанијата на Мурадјан, биле добро поздравени и оценети од експертската јавност на други земји од регионот и пошироко што имаат словенски предзнак.


 

 
   
Автор: Александар Србиновски  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 4023          Оценка: 4,19  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
riko
Kaj ostana tia antickite koreni?! hehe
 
smile
do -,ice,-ne tresi gluposti imeto -zborot sloveni se upotrebuva posle osmiot vek a pred toa site imale plemenski iminja a grupno se narekuvale skitski pleminja isto i antickite makedonci bile od skitsko pleme,procitaja knigata,-dobrite i losi strani na Filip vtori.
 
Niki
Интересна идеа, но во текстот оптеретена со дневна политика и кратковида. Панславизмот најверојатно постои од пред 1200 години кога е создадена глаголицата/кирилицата, и таа во голема мерка уште функционира, христијанството секако, јазикот и традициите, да не зборуваме, секако да. И не знам зошто има потреба за воведување на паралели со ЕУ или други трговски, воени, политички организации на современите. Зарем не може да се зборува за Лига на словенски народи/држави по примерот на Арапската лига, или Франкофонски земји или ако сакате Комонвелт, азиски, афрички, јужно амерички и други врсти на соработка, пр. ЦЕФТА; неврзани. Без политика, парламент, едноставно едногодишен самит на државници од словенските земји за подобрување на соработката. Па здравје во недај боже ситуација ќе се прават сојузи, униии, пактови, трговски и царински зони.
 
orce
Mnogu poveke mi se dopaga ideata za balkanska federacija otkolku pan slavizmot
 
od diasporata
Ami nie antickite kade ke odime vo toj slucaj??? so Grcite? hahahahahaaa...
 
Neshko,Sidney,Australia.
Gospodine Srbinovski Ve molam otidete shto poskoro na dortor!Mene mi izgleda da ste mnogu bolen!?Blagodaram.
 
JJ
Што ќе правиме во словенската унија? Ние сме Македонци, а не Словени!
 
od jadran do japonsko more
Toa bi bil sojuz na dva kontinenti Evropa i Azija. E,pa i NATO e na tri kntinenti a USA ima raka i vo EU. Srednovekovna Makedonija e lulkata na slovenskata pismenost i civilizacija. Nie Makedoncite sme de fakto BIVALENTNI i so toa ako go slavime Sredniot nas vek, ne znaci deka na Grcite ke im ja ostavime antikata od koja imat hromozomi i drugite narodi na Balkanot. No vo Slavjanskiot Megasojuz nie toa anticko ime ke go socuvame. Komentatori tuka Albanci se plasat ako pravime takov odgovor na EU koja ne' tormozi, deka so toa ke propadne nivnata ideja za Golema Albanija. Pa, treba da propadne.
 
JUGBOGDAN
Bi sakal da bidem PRVIOT VOJNIK DOBROVOLAC U TAJA SLOVENSKA-SLAVJANSKA VOJSKA .A na sekoj eden sto ovoj SOJUZ ke mu smeta BESPLATEN PREVOZ U EDEN PRAVEC i se sto ke moze da ponese so nego.
 
aleksandar
многу тешко да се оствари, НАТО и европската унија во никој случај нема да дозволат, затоа што ке станеме многу моќен сојуз што не им оди во прилог на овие
 
Chile
Super idea, sobirajte potpisi i sostanoci po Makedonskite Dijaspori, idejata NEE za ignoriranje sakajte si ja rasata. Pozdrav
 
Дедо Борис - Битола
...А да не беше нешто во врска со склав.Та алката на антиката,преку панонските просветители,да ја воскреснаа С Л А В И ВС Т И К А Т А ? !
 
jovan
Ova e odlicno resenie kako odbrana od Anglo-Saxonskata dominacija i NeoOtomanskite aspiracii. No ova e isto taka ideja koja tesko ke ja dozvolat da se sluci, bidejki svetot drasticno ke se promeni. Taa *PanSlovenska drzava* bi bila edna od najmognite organizacii. Za da ova ne se sluci, prvicno ke se aktivira domasnata peta kolona koja uste od start ke ja unisti i onevozmozi ovaa ideja. Sega za sega e utopija, no sto nosi idninata, nikoj ne znae, pa se e mozno.
 
R. Prespanceto
Ova golema idea e super za site nashi Drzavi od Slovensko poteklo mozhe da projde vreme ama eden den kese ostvari ova golema idea na pan slavjanizmot i treba vo shto poskoro vreme. Nema dase raspravame so Anglosaxonite poradi kolku dagisakame tie nenesakae toa nie poznato.
 
Ајван Доктор®
Идејата на Панславизмот,како и онаа за Југословенството,е многу постара одошто некои се обидуваат да ја претстават!Суштината на овие идеи е обединувањето на истородни народи и не знам зошто тоа некому би му сметало!Еден од првите,зачетник на самата идеја е хрватскиот богослов,филозоф,етнограф,лингвист,историчар,енциклопедист и писател Јурај Крижаниќ!Уште во XVII век ја застапува тезата за обединување на Словените под водство на руското царство!Терминот „панславизам“најнапред бил предложен во Чешка од Јан Геркел во 1826 година!Националното будење на словенските народи и нивната борба против поробувачите ја воздигнуваат оваа идеја!Нејзини носители се Јозеф Добровски,Словакот Јан Колар,Вук Караџиќ,Хрватот Људевит Гај,Павел Шафарик,Франтишек Палацки,Адам Мицкевич,Казимир Бродзински и многу други!Од нив сигурно не се поумни оние кои денес тврдат дека панславизмот и идејата за евроазиство се утопии!
 
миме
Баш би било добро.
 
Pero_MKD
Унија во која членуваат Бугарија , Србија, МАкедонија но никако Грција и Албанија би можело да реши многу наши политички проблеми (на арно, доколку сме паметни). Економските проблеми, никогаш не ти ги решава друг, никој нема интерес да го направи другиот богат туку напротив да го контролира и експлоатира, така да економската ситуација зависи само од нас самите
 
dima
Go nakitivme Skopje so anticki spomenici, trgnavme da gi barame nasite koreni nadaleku, iznapisavme iljadnici dokumenti za nasata stara rasa. I sega pak ke si se vrakame na nesto sto e umreno i sto e uste poloso za nasata drzava. Ako tolku tie slavjanski sojuzi se opcija za nas pa tie ke se ostvarea i vo minatoto. Vo sustina nie sme tolku mali i sitni vo dusa sto za nas najvazno e da si ostaneme NEZAVISNI. A i kako da zaboravame deka ako Makedoncite se slavjani, deka ne se edinstven narod vo ovaa drzava. Zarem taka so sila ke vturneme 25 % na albansko naselenie vnatre. Zarem sekogas nekoi vetrista kako ke zaduvaat ke ni gi zanesuvaat praznite glavi, de na levo, de na desno. ZNAEME li nie da imame konstantnost vo nasata vnatresna i nadvoresna politika? Sto SAKAME nie? Zarem ne se naucivme dovolno od eksperimentot Jugoslavija? Zarem tolku ne sme sposobni da bideme NEZAVISNI i SLOBODNI? Ne turkajte ne vo slavjanski sojuzi; tie se smrt za malite narodi. Pozdrav.
 
smile
toa bi bila uspesna tvorba i radost na najgolemoto evropsko pleme,-momentalno e utopija da,-a taa konfederacija bi imala samo edno ime -SKITIJA.......
 
Кузман
Како за членство во НАТО и ЕУ, така и за сите други овде спомнати: прво сеопфатно признавање на посебноста на етничките Македонци, потоа членства. Македонците треба да бидат почитувани за тие што се каде и да се, и ќе ги имаат истите права само како рамноправни со сите други народи.
 
the newone
Site tie drzavi se gladni za ekonomski rast, i imaat realna osnova i potreba, za primer, samo koga bi se izgradila mreza od brzi vozovi kolku bi cinel toj proekt, kolku godini i kolku luge ke vraboti, da ne zborime za drugi mega proekti i sekojdnevni potrebi. Inace idejata e odlicna , i e za pozdrav, i po pravilo nemoj da ocekuvate da odi mazno.
 
Ice
Nie nema sto, da barame vo toj sojuz.Nie ne sme sloveni.
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski