Живот на покривот од градот


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Дарко Јаневски
Божиќна љубов на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
Божиќ беше добра можност за тоа, кога без многу формалности и процедури, без надмудрувања за тоа кој ја упатил поканата, каде би се одржала средбата, кој каде ќе седи и дали ќе пие кафе со или без шеќер, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ...
 
Билјана Ванковска
Збогување со човекот што веќе се збогувал од нас
Ако сме искрени, ќе признаеме дека Глигоров ја прифати референцата, исто како што Трајковски мораше да го прифати рамковниот договор. Само аматери мислат дека во исклучително тешки околности политичката волја на поединец ...
 

Писма (nm@novamakedonija.com.mk)
Непримерен текст / Предлози за помала невработеност ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Семејството Плавевски, кое живее на 16-от кат во една од трите највисоки згради во Скопје, вели дека погледот од оваа височина е вистинска привилегија, како и пиењето кафе на тераса и гледањето во брканиците на соколите

 
 
  

Шеснаесеттиот кат нуди прекрасен поглед, мир и тишина

Ни на небо ни на земја. Така некако живеат станарите од највисоката зграда во градот. Впрочем, не е една, туку се три. Идентични. Станува збор за Трите убавици во Карпош 4. Високи се 53 метри. До реализација на проектот за изградба на најавуваните стокатници овие згради се врвот на Скопје.

Интересен е фактот што речиси никој со сигурност не можеше да потврди која станбена зграда е највисока во главниот град. Консултиравме голем број архитекти, професори од Градежниот факултет, одредени министерства, градската управа, како и општините... Во најтесна конкуренција влегоа - воената заграда во Автокоманда, трите згради во Карпош 4 покрај Вардар, воените згради во Аеродром... Во едно сите беа сигурни - највисока деловна зграда е онаа на Македонската телевизија, ама не знаеја со сигурност која е онаа во која има редовни жители. По многу дилеми, повеќето сепак се согласија дека станува збор токму за овие убавици. При нашата посета, тамошните станари убедливо и гордо тврдеа дека нивната зграда е токму таа - највисоката.

Кога ќе пристигнете, веднаш ќе забележите дека и не можете тукутака да влезете. Мора или да одиш кај некого на гости, па да те пушти откако ќе му се пријавиш на домофонот или, пак, да имаш клуч. Ретко чиста внатрешност. Се гледа дека се води сметка за културна живејачка. Лифтовите, пак, три на број, обложени со таписерија. Качувајќи се нагоре, случајно налетавме на тричленото семејство Плавевски, кое живее на 16-от кат. Нé примија топло во нивниот дом. Станува збор за домот на писателот Владимир Плавевски (таткото), Снежана Плавевска (мајката) и синот, фоторепортер во еден од дневните весници, Ѕвонко Плавевски.

- Некои гости се плашат да излезат и на тераса кога ќе дојдат кај нас. Оние, пак, што се плашат од височина им е страв да се доближат и до прозорецот. Се доближуваат и веднаш прават чекор назад - раскажува Ѕвонко.

Привилегија ли е да се живее на таква надморска височина или, пак, слабост. Ова семејство вели дека е привилегија, ако се земе предвид погледот што се нуди, како и загарантираниот мир и тишина.
Слабостите се, секако, немањето струја и одењето пеш 16 ката.

- Се случувало неколкупати, особено кога се враќам од излегување во доцните ноќни часови, да не работи лифтот. И тогаш вистина ми е мака. Инаку, вообичаено немам проблем, се искачувам без тешкотија. Потребни ми се околу 7-8 минути. Исто, слабост е и кога има некој мал земјотрес, па не може ни да се спореди колку повеќе се чувствува на оваа височина отколку таму долу - вели фоторепортерот.
Како една од главните привилегии ги наведува пиењето кафе на тераса и гледањето во брканиците на соколите.

- Кога е потопло задолжително пијам кафе на тераса, ама претежно наутро, зашто лете е многу топло, а терасата ми е на запад. Многу е добро на тераса. Има едни соколи, кои летно време редовно се бркаат со гулаби и чавки, ептен интересна глетка е. Ветрушки ги викаат. Тоа е најмалиот сокол кај нас. Пискаат специфично, сум пробал и да ги сликам, ама ептен се тешки за добро да ги фатиш. Светлопортокалови се, накај окер - раскажува Плавевски. Кулите се изградени во 1978 година. Нивниот татко, архитектот Александар Смилевски, вели дека кога се граделе, идејата не била да бидат највисоки, туку урбанистички добро издржани.

- Трите се идентични. На две од нив главната фасада им гледа кон исток-запад, а третата гледа кон југ-север. Ги правеше градежното претпријатие „Маврово“. Објектот има приземје, мезанин и 16, односно 17 ката. Секој кат има по четири еднакви трособни стана. Има едно главно скалило, и две помошни-противпожарни. Зградите се стари 33 години и досега сериозни проблеми не се јавиле. Сé уште изгледаат убаво. Во однос на името - Трите убавици, па не им го дадов јас. Народот така ги завика, зашто, најверојатно, им се допаѓале - вели архитектот.

 
   
Автор: Биљана Стојановска   Фотографија: Дарко Андоновски
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 3115          Оценка: 4,38  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
Mare
Sum bila vo ovie lepotici i mislev deka tie se najvisoki vo gradot,togas dajte tocna informacija koja zgrada e najvisoka.Go poznavam semejstvoto Plaveveski,soprugata se vika Slobodanaka,ne Snezana.
 
Ace
Jas mislam deka mozebi na naj visoko se dvete zgradi vo naselba zelezara, zatoa sto se na vrv na ridot gazi baba i se dosta visoki so katovi (neznam tocno), ama znam deka se gledaat od mnogu daleku i od site strani. pogledne te gi
 
ванчо
Највисока зграда во Скопје е на ул. Руди Чајавец бр. 6 во Аеродром и има приземје + галерија + мезанин + 18 ката и на последниот кат живеат 2 семејства на највисока точка во Македонија
 
Душан
не е точно дека се највисоко, највисоки после македноска телевизија, се трите згради до кејот во карпош 4 имено едната од трите, овие не се највисоки, од нив се повисоки дури и оние воените во аеродром, тој што го пишувал текстот, или нема способност за проценка или навва за зградиве :) сепак разликата најубаво може да се примети од зградата на горење, која е потполно исто оддалечена и од овие три и од трите покрај вардар, па кој не се согласува со мене, слободно нека оди на некој од повисоките катови од горење, па нека погледне на запад. згора на тоа, убаво пишува во архивите на катастарот за висината и на едните и на другите. поздрав до авторот на текстов
 
Штипјанец
Добро е што немаат акро(аерофобија)!
 
marija
Ovie zgradi se uzasno grdi i zapisteni, ne samo fasadata tuku i dvorot i okolinata.
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski