Даме Груев, основачот на ВМРО, бил масон!


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Сунчица Стојановска Зоксимовска
Од бојкот нема аир
Црвенковски добро знае дека бојкотот на парламентот нема да му донесе ништо добро. Исто како што не му донесе ниту на ВМРО-ДПМНЕ во 1994 година, ниту на ДПА, која неколку пати излегуваше од законодавниот дом, ниту на другите ...
 
Билјана Ванковска
Афирмативни протести
Кога веќе ги отворивме сите работи, сега веќе барам повеќе! Не реформи, туку револуција! Радикална промена со сосема нов закон, со критичко преоценување на веќе издадените акредитации, но и на светата Болоња - и ништо помалку! ...
 

Писма
Во „Дневник“ (25 јануари 2011 г.) беше објавен текстот под наслов „Во манирот на Мјуек или плагијат на Башески“, во кој беа изнесени низа невистини засновани врз непроверени анонимни достави ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Покрај Даме Груев, масони биле и Павел Шатев, Тодор Александров, Панчо Михајлов, Наум Томалевски, Димитар Молеров, Тома Карајовов, Димитар Ризов и многу други, а Александар Протогеров бил велик мајстор на Бугарската масонска ложа!

 
 
  

Ексклузивно:Тајни историски документи за македонските масонски врски

Легендарниот Даме Груев, основачот на Македонската револуционерна организација, бил масон! Оваа сензационална информација, досега непозната за македонската јавност, всушност, е документ од архивата на Бугарската масонска ложа. Според истиот извор, Александар Протогеров бил велик мајстор на масонската ложа, а масони биле и Павел Шатев, Тодор Александров, Наум Томалевски, Панчо Михајлов, Тома Карајовов, Љубомир Милетич, Кирил Прличев, Димитар Мирчев, Ефтим Стространов и уште многу други македонски интелектуалци и револуционери од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Оттука со право се поставува прашањето дали македонското револуционерно движење уште од почетокот целосно било поврзано со масоните и колку масоните имале влијание во македонската историја?

Во секој случај, документите откриени во архивите на неколку масонски ложи во Бугарија, особено во архивата на софиската масонска ложа „Светлина“, потврдуваат дека десетици врвни македонски интелектуалци, револуционери и преродбеници од почетокот на минатиот век биле масони, а дел од нив дури и водечки личности во своите ложи.

Освен Даме Груев и Александар Протогеров, кој бил и велик мајстор на масонската ложа „Светлина“, а подоцна и на сите масонски ложи во Бугарија, силни позиции во масонските ложи „Зора“ и „Светлина“ имале и ресенчаните Андреј Љапчев и Симеон Радев, потоа Димитар Молеров, Јордан Бадев, Антон Кецкаров, д-р Димитар Точков, Георги Баждаров, Јордан Чкатров, Иван Ѓурков, проф. Никола Милев, д-р Руменов, Георги Кулишев, Димитар Ризов, новинар и дипломат, автор на првата етнографија на Македонија напишана на француски јазик, Наум Тефикчиев, трговец и снабдувач со оружје на четите на ВМРО, близок пријател на Гоце Делчев, и други.

МАСОНИ ГО ФОРМИРАЛЕ ВМРО ВО СОЛУН!?

Македонската историографија досега нема пишувано за тоа дека Даме Груев, најголемиот авторитет во формирањето на Македонската револуционерна организација, бил масон. Засега нема никакво истражување ниту за тоа дали и колку масоните имале удел во формирањето и профилирањето на ВМРО, иако добро се знае каква улога имал Даме Груев во целиот тој процес, почнувајќи од идејата за формирање, па сé до практичното воспоставување на организациската мрежа низ Македонија.
Според бугарскиот историчар проф. д-р Митко Иванов, кој имал ексклузивна можност да дојде до архивата на масонските ложи во Софија од првите неколку децении на минатиот век, но и до папка од архивата на Георги Димитров со документи за околу 400 масони, и оригинално писмо со вакви податоци испратено до прилепчанецот Данаил Крапчев, македонското револуционерно движење се вклучувало во масонската организација, сметајќи на поширока меѓународна помош во борбата за македонската кауза.
Од документите може да се види дека Даме Груев се вклучува во масонското движење две години пред формирањето на Македонскиот револуционерен комитет во Солун, а подоцна во масонската ложа влегуваат Павел Шатев и Александар Протогеров. Притоа, како што вели проф. д-р Иванов, факт е дека поголемиот дел Македонци - масони, особено оние од ВМРО, отсекогаш биле непријателски настроени кон бугарскиот двор, односно кон Царството.

По Првата светска војна масонството во Бугарија многу брзо се проширува, зафаќајќи поголем број лица, а во масонските ложи влегуваат и новите раководители на Македонското револуционерно движење, меѓу кои и Тодор Александров. Во меѓувреме Александар Протогеров стигнува до позицијата прв човек на сите масонски ложи во државата. Масонската мрежа со која раководел Протогеров, а негов прв помошник бил Тома Карајовов, имала одлични врски со масонските ложи на Франција, Швајцарија, Германија и на Австро-Унгарија. Интересно е тоа дека според строгите масонски правила, секој масон од ложата со која раководел Протогеров, без разлика дали тој бил министер, генерал, владика или полицаец, морал сé што ќе види и слушне во Владата, Вишиот воен совет, Централната управа на резервните офицери, Светиот синод, Државната безбедност и слично, веднаш да му го соопшти на великиот мајстор на Бугарската масонска ложа, значи на Протогеров, а тој, пак, преку човек за врски со Српската велика ложа, сето тоа итно да го пренесе до великиот мајстор на Балканот - крал Александар, кој бил потчинет на великиот мајстор на Франција. Потоа од Франција, по обратен пат, истиот човек за врска ги пренесувал до великиот мајстор на Бугарската ложа соодветните наредби, кои требало да се исполнат од страна на бугарските масони.

Масонските документи од оваа чудна масонска врска меѓу Бугарија и Србија, со посредство на Франција, сигурно би можеле да фрлат ново светло на некои настани од балканската историја поврзани со Македонија, а во тој контекст и на бугарската и српската позиција во однос на македонското прашање. Се разбира дека низ ваквите масонските врски се обезбедувале и финансиски средства за функционирањето на ВМРО, па во неколку наврати одредена сума била доставена од страна на унгарскиот амбасадор во Софија. Инаку, буџетот на бугарската ложа во 1912 година бил околу 75.500 лева, а бројот на масони со книшки бил околу 300 лица. Според документите, половина од нив биле Македонци, а прв меѓу нив бил Даме Груев, лидерот на Македонскиот револуционерен комитет, односно организација, основана 1893 година во Солун. Пред тоа, Груев веќе две години е член на софиската масонска ложа, а тоа се совпаѓа со настаните поврзани со Берлинскиот конгрес, кога со група свои истомисленици од кругот „Лоза“ ја создаваат организацијата „Дружба“, со цел да бараат промена на членот 23 од Берлинскиот договор. Освен Даме Груев, во масонската ложа во тоа време бил примен и Андреј Љапчев, премиер на Бугарија во третата деценија на минатиот век, школуван во Цирих, Берлин и во Париз. Во време кога редица други македонски интелектуалци се вклучувале во ВМРО или во други македонски организации, тој се ангажирал во Демократската партија на Бугарија, а од 1926 до 1931 година бил премиер на Бугарија. За разлика од него, професорот Кирил Прличев, син на големиот македонски поет Григор Прличев, уште од гимназиски денови бил вклучен во македонското револуционерно движење, а во 1902 година веќе бил секретар на Задграничното претставништво на ВМРО. За време на Илинденското востание бил борец во четата на Христо Чернопеев, а од 1909 до 1913 година учител во Солун. По завршувањето на Балканските и на Првата светска војна, повторно се активирал во ВМРО, па на Шестиот конгрес во 1925 година бил избран за член на Задграничното претставништво на организацијата. По расцепувањето на ВМРО, влегол во невоформираната Протогеровистичка фракција на ВМРО, но во 1931 година се повлекол од секакво учество во македонското револуционерно движење. Автор е на повеќе книги од македонската историја, а во 1943 година, како директор на Музејот во Охрид, го открил гробот на свети Климент Охридски.

Според неговото сведоштво, зачувано во семејната архива на син му Григор Прличев, тој, освен што е македонски револуционер со најдолг стаж во организацијата, бил и еден од најстарите членови на масонската ложа „Светлина“. Починал во Охрид, во 1944 година.

Меѓу видните дејци од македонското движење, кои истовремено биле и масони е и штипјанецот Љубомир Милетич, филолог со знаење стекнато во Загреб и Прага. Умрел во 1937 година на 74-годишна возраст во Софија. Според документите на масонската ложа „Светлина“, Милетич бил масон цели две децении. Благодарение на неговата упорност и посветеност, за македонската историја биле запишани и зачувани автентичните сведоштва на редица македонски револуционери како Даме Груев, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Христо Татарчев и други. Како масон бил професор на Софискиот универзитет, член на БАН и нејзин долгогодишен претседател, а го формирал и раководел и со Македонскиот научен институт, кој го издавал списанието „Македонски преглед“.

Виден член на истата „македонска“ масонска ложа во Софија бил и битолчанецот Јордан Бадев, кој до 1913 година бил учител во својот роден град, а потоа емигрирал во Бугарија. Бил масон и активен учесник во македонското ослободително движење, близок соработник на Ванчо Михајлов и коментатор на весникот „Македонија“. Исто така, тој е автор на неколку книги и статии посветени на учесници во македонското движење, а ја напишал и книгата „Заговорот против Тодор Александров“.

МАСОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА НА ВМРО!

Според документите на масонската ложа на Бугарија, засега единствено може да се потврди дека од лидерите на ВМРО само Александар Протогеров бил велик мајстор на софиската масонска ложа „Светлина“. Тој е роден во Охрид, во февруари 1867 година, а бил член на ЦК на ВМРО заедно со Тодор Александров и Петар Чаулев. По убиството на Александров, се спротивставува на терористичките методи на ВМРО, и, за жал, тоа ќе го чини живот, односно ќе биде ликвидиран од луѓето на Ванчо Михајлов. Благодарение на масонските пријателства и контакти на Протогеров, македонската револуционерна организација имала одлични врски со значајни европски центри на моќ. Така, уште во почетокот на минатиот век, со масонска финансиска поддршка излегувале многу македонски весници во Европа, кои пишувале за страдањата и голготата на македонскиот народ. Еден од тие весници е и весникот „Македонско движење“, кој излегувал од 1902 до 1903 година. Главен уредник на весникот бил ресенецот Симеон Радев, кој, исто така, бил масон. По завршувањето на францускиот лицеј во „Галата Сарај“, во Цариград, ресенецот Радев активно се вклучил во македонското ослободително дело. Одржувал чести контакти со Гоце Делчев, Пере Тошев, Христо Матов и со Борис Сарафов, за кои пишува дека се „големи борци за слободата на Македонија“. Во едно негово шифрирано писмо, цитирано во спомените на Кирил Приличев, меѓу „браќата“ по принципот Љубов-Вистина-Труд соопштува дека биле обезбедени средствата за печатење на македонски во Париз. Според сведоштвото на самиот Борис Сарафов, токму Симеон Радев го запознал со француските интелектуалци Пресансе, Клемансо, Виктор Берар и други, кои ја поддржувале македонската ослободителна организација.

Задграничните претставници и раководители на револуционерната организација, како Протоѓеров, Баждаров, Прличев, Спространов и Томалевски, благодарение на масонските канали успеале да воспостават значајни и многубројни контакти во Европа. По тие канали се одржуваат врски со Австрија, Унгарија, Италија, Германија, па дури и со Франција, која, како што вели Кирил Прличев, во тоа време била мошне „непријателски настроена кон ВМРО“. Во тој период Македонската револуционерна организација има најдобри врски и пристап до највлијателните центри на моќ во Европа, па дури и со Британскиот двор, односно со кралот Едвард Седми, кој, исто така, бил масон. Значи, она што го почнал Даме Груев како лидер на ВМРО во почетокот, подоцна го продолжиле редица негови браќа-масони вклучени во револуционерното движење.

МИХАЈЛОВ ГИ УНИШТУВА МАСОНСКИТЕ ВРСКИ НА ВМРО!


По ликвидацијата на Протоѓеров, велик мајстор на масонската ложа во Софија, паѓа авторитетот на Македонците во масонската ложа на Бугарија, односно ложата го губи своето влијание и значење за ВМРО, па новиот велик мајстор на масоните, Петар Мидилев, ги известува членовите да се воздржуваат во своите реакции кон убијците на Протогеров, најверојатно затоа што во заговорот директно е вмешан и генерал В’лков, односно бугарската држава. Против воздржаноста на масоните на Мидилев кон егзекуцијата на Протогеров реагирале Македонците-масони Спространов, Баждарев, Прличев, Томалевски, Бадев, но попусто. Кризата во ВМРО по убиството на Протогеров станува криза и во масонската ложа во Бугарија, па великиот мајстор прави два обида да ја разреши таквата состојба. Првиот кон крајот на 1929 година, а вториот во март 1930 година. И при двата обида, Мидилев се судрува со огромната омраза на Ванчо Михајлов кон луѓето блиски на генерал Протогеров, односно кон масоните во ВМРО. Не знаејќи го поширокиот контекст на дејствувањето на масоните во полза на македонското ослободително дело, Михајлов всушност ги прекинува сите битни врски што ВМРО ги имала воспоставено преку масоните во Европа и светот. Затоа ВМРО на Михајлов мошне брзо се маргинализира и се претвора во обична терористичка организација, која на крајот ќе мора да бара сојузници само меѓу фашистите. Познатиот публицист и, најверојатно, влијателен масон во тоа време, Русинот Лев Неманов, на 14 јули 1928 година, по повод убиството на Протогеров, пишува писмо до Ванчо Михајлов: „Верувајте и разберете дека додека вие стоите на чело на организацијата никој во Европа нема да се осмели да каже ниту еден збор во нејзина заштита и оправдание. Излезете од ЦК, тргнете се од раководството, зашто мојата совест и совеста на целото европско општествено мислење не ќе може да се помири со мислата дека на чело на така големо дело може да остане човек со крвави раце...“

Оваа реакција на Неманов, колку што е реакција за убиството на Протогеров, како член на ЦК ВМРО, исто толку е и реакција на еден масон за убиството на својот масонски пријател. Следните две-три години Ванчо Михајлов и неговите терористи, каков што е Кирил Дрангов, ќе ги ликвидираат и другите масони во револуционерната организација, како што се задграничните претставници Баждарев и Томалевски, а неколкупати ќе се обидат да го ликвидираат и Кирил Прличев, син на Григор Прличев, човек со 36-годишен стаж во ВМРО, еден од најобразованите луѓе во ВМРО, кој зборувал француски, германски, грчки и латински јазик, а кога не бил со чета во Македонија, уредувал весници, пишувал историски студии и ги преведувал Маркс, Волтер, Кауцки и други. Според неговите запишани сведоштва, Протогеров воспоставил врски низ Европа, како ниту еден друг деец на ВМРО дотогаш. Во тоа време, значи во почетокот на третата деценија на минатиот век, речиси четириесет години по Даме Груев, македонската револуционерна организација била во тешка финансиска криза, и тогаш од Будимпешта, тајно, неколкупати добива голема финансиска помош. Преку Протогеров, како велик мајстор на масоните во Бугарија, била воспоставена врска со унгарскиот амбасадор Шандор де Киш, кој од касата на мисијата вадел поголеми суми пари како дар за ВМРО. Благодарение на масонските врски, се разбира, многу значајни текстови во влијателни весници за активностите ВМРО во тоа време напишал Лев Неманов, Евреин од Русија, познат новинар во Франција. Реализирани се и контакти со италијанскиот амбасадор Пјанчетини, со Филип Грејвс, главниот уредник на „Тајмс“, со влијателните политичари и угледни личности како што се Калефи, Де Лука, Јашар беј Еребара, Авни бег, Хусеин беј Старова, Мустафа Кемал-паша и многу други. Сите контакти со реализирани со помош на силните масонски врски на ВМРО.

Сепак, останува отворено прашањето, а тоа е прашање за историчарите, колку длабоко масонството било инволвирано во македонското револуционерно движење и дали во клучните мигови кога се одлучувало за кревање востанието во 1903 година, масоните извршиле некакво влијание врз првите луѓе на организацијата, ако се знае дека клучна улога во донесувањето на таа одлука имал токму Даме Груев, првиот масон, основач и угледен деец на ВМРО? Останува отворено и прашањето дали Даме Груев, како масон, кој имал контакти со масонската мрежа на Европа, успеал да го убеди Гоце Делчев дека востание мора да има, сметајќи на поддршка за која мислел дека веќе е обезбедена. Ако е така, тогаш се поставува прашањето дали потоа има некаква конспирација во однос на ликвидацијата на Делчев неколку месеци пред Илинденското востание, затоа што, и покрај убедувањето, останал на ставот дека Македонија не е подготвена за големо, општонародно востание. Се разбира дека ваквите претпоставки допрва треба да се истражат, а дел од документите треба да се бараат и во масонските архиви.

 
   
Автор: Блаже Миневски  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 4843          Оценка: 3,47  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
mitre
Да ги пашаме масоните дали Даме Груев, ..., и цела Македонија, со се сите окупирани делови од Албанија, Бугарија, Грција, Косово (Р.Србија), Биле масони, па да се прогласиме за земја на масоните, зашто така велат комшиите. Не Ви благодариме.
 
Alekso Makedonski
Za pripadnosta na Dame Gruev vo masonskoto dvizenje e pisuvano mnogu porano, megju drugoto i vo "Brevijar", kniga izdadena od "Kultura" uste vo 2006 godina, taka sto ova ne e nisto novo.
 
marjan
masonite se najgolemite krvnici-ubiici. so nivnite masonski planovi se ubivani ne samo civili tuku se praveni celi vojni i se unistuvale narodi.... kolku li krv proleale tie masonski planovi?
 
Bitolcanec od Kanada
Do Aftorot na ovoj tekst i do site onie sto komentiraat protiv Makedonija. Aftorot na nekakov nacin kako sto se Protogerov i Alesandrov sak da gi amnestira kako lica koi vo svoe vreme se borea za interesot an Makedonija. Pocnuvajki od Aleksandar Veliki pa do 1941 god. nikoj neznaa koj za kogo se borese, aod 1941 navaka sakame da zamizime i da gi zaboravime site onie sto gi dadoja zivotite i sto se borea da ja imamee denesnata sloboda. Zasto samo go spomnuvame minatoto koe ni nalmalku ne mu e bliska na segasnosta ani najmalce korisna za nasata idnina.
 
igoer
MORMALNO E KI|OPILINA GRCI BUGARO I SRBI
 
Драги
Ве молам, конечно тргнете ги ваквите само навидум "сензационални информации" (како што на почетокот авторот за да му држат вода глупостите, си ставил) а во својата вистинска димензија - шупливи текстови кои вријат од секакви пропагандни трикови. Иако авторот се обидел да става масонска маска, придружена со еден куп со ништо докажани тресења од ракав всушност ликот повторно ни се оцртува јасно - бугарската пропаганада во Македонија.
 
Od Zapad
Aman bre luge, 400 masoni nema vo cel svet, a vie velite samo vo porobena i siromaska Makedonija. Kakov li teks ke vese ova.... go citav edna tretina potoa i ne vredi. Cisti gluposti.
 
danny Radev
Simeno Radev from Sopotsko, Resen Macedonia. Proud to be related to such a great MACEDONIAN.
 
Nisto ne cudno
Lenin, Stalin, Xitler bile masoni! Mora za vostanije da te podrza nekoj od strana, a vo toa vreme kako i sega masonite bea naj moknite..!
 
Alexadar
Денес секој може се да напише и врз основа на нешто што не постои никој не може да го неѓира па така и господинов си напишал текст за да биде важен. Со тоа што со текстов покажува колкава може да биде лудоста и тоа како може човек во потрага на слава да се ГЛУПИРА. само толку од мене
 
Buf
Od perspektiva 'zhaba', bi bilo podobro Makedoncite da sledat i sostavuvaat "pajazina-slozuvalka" koja drugite poleka no sigurno i ja pletat so iljadi godini. Sudot ke sledi koga slozenata pajazina ke se pogledene od perspektiva 'em sokol' 'em buf'.
 
d.s.
vakvi tekstovi pokazuvaat kako se bori za makedonskata idea, ne e bitno kade ste ili vo koja organizacija, nie imame samo edna kauza MAKEDONIJA! P.S. Gledam nekoj seuste gi koristat nsmetnatite termini bugarofil ili srbofil.Gospoda toa se bugari i srb!.Sto e toa fil na krajot od zborot?
 
aleks
Zosto vakov teks vo tocno ova vreme i zosto pak sega nekoj resil da gi otvori arhivite na masonite koi se strogo tajni i nikogas ne se iznesuvaat aman vekje so vakvi nebesno haoticni tekstovi nedokazani ovaa zemja ne ja biva ne od kradenje se kradi i vo nogu drugi zemji pa odat napred ne ja biva od krajno neuki ljuge na klucni pozicii.
 
sando novoselec
se se povtoruva togaš bil protiv VMRO Vančo Mihajlov po 100 godini nov lider protiv VMRO Branko Crvenkovski fala
 
За сите бугарофили од Македонија
Мојот дедо македонец - влаф, во втората светска војна беше однесен на стрелање од страна на бугарите, затоа што го криеше житото на селаните во училиштето во кое тој беше директор. За среќа успеа да им побегне и да се спаси. Тој беше убеден комунист од оние вистинските кои не профотораа од споствените позиции, цел живот живееше во двособен стан со 3 деца велејки дека не му треба ништо повеќе. ... има милиони примери на измачувања и најсурови малтретирања од страна на бугарите врз македонското население во текот на втората светска војна. Ако толку си ја сакате мајка Б’лгарија, зошто не одите, расправате небулозни теории за душманите на МК и си живеете таму? Оставете не на раат!
 
Згодно дете во Софиjа
Еве каде одвивале "живеателна деjност" македонските интелектуалци, во Бугариjа. Заклучоците се за вас.
 
Теодор
А бре Миневски, пак се си вртиш на бугарска воденица, затоа и Чатле- Директорот на прилепскиот театар ти ја исфрли најновата претстава облечена во бугарско руво "Александров". Сега, во текстов Даме го правиш масон и бугарски деец штом се само Софија му ја ставаш за главно светилиште. Дека учел и живеел и во Белград на пример не спомнуваш бидејќи тезите ќе ти изгубат од целта кон која си тргнал. А учел Даме во Белград како и 30-тина други Македонци (Петар поп Арсов, Мисирков, Чуповски,..), учел и егзарско училиште па на најдобар начин ги увидел српско-бугарските пропагандни гадости кон македонскиот народ. Затоа и станал нивни кошмар, кој денес токму заради тоа внатрешниве бугарски душегрижници во што се го извртуваат ! И се разбира пак само од Бугарија Архив на располагање и тоа масонски (таен но ете само за Миневски - јавен) не за друго но за да му држат антимакедонските тези на Миневски. Аферим, бре Блаже на антимакедонскиот труд !
 
Gjokica
sekoj koj se bori za soedinuvanje na makedonija kon grcija bugarija ili srbija moze da bide dobar grk dobar bugar ili dobar srbin ali nikogas dobar i vistinski MAKEDONEC Goce Delcev. Da zivee Makedonija i Makedonskiot AntickoSlavjanski narod.
 
Itar Pejo
Normalno, koga se znae deka osnovatel na masonstvoto bil licno Aleksandar Makedonski. Inaku kako ce objasnite deka i kralot na Hunzite e mason?
 
Karan
Господа уредници на најчистиот весник во Македонија, Ве молам, сериозно да ги проверувате анти-македонските текстови кои ви ги провлекуваат упорните љубители на Бугарија. Текстот врие од тези, произволности и лаги чија цел е хаос во главата на читателот Македонец и мисла дека се што се појавило пореволуционерно или интелектуално, ама баш се - е од Бугарија. Дека македонскиот народ да не е Бугарија ете не е во состојба ниту револуционерна организација да си направи. Затоа на Миневски и му требале и масони и Љубомир Милетич - првото перо на бугарската пропаганда да го прави - "Македонец" ! (демек штипјанец) иако истиот е Србин по националност кој се става на бугарскиот пропаганден список (татко му бил српски пропагатор во Македонија). Покрај Миневски опасни се и текстовите на Дарко Јаневски кој пак во нив се прави дека Македонците се по природа предавници (текстови -Кој го предаде Гоце ?!...па еден куп лаги и виртуелни наклапања како овде кај Миневски).
 
blagoja
Statijava ne e za citanje,a ine ja procitav. Gospodinot Mineski tresit gluposti od rakav. Dokolku samo eden makedonski mason postoel ili go imat vo Makedonija nikogas ne ce bevme na balkanskoto dno.
 
METO
Za site onie sto uste veruvaat vo skm ako imate dedovci postari sto ucestvuvale i ILINDEN I VO VTORATA SVETSKA CE VI KAZELE DEKA SE BORELE ZA IDEITE NA VMRO A KOMUNISTICKA IDEOLOGIJA POCNALO SOSEMA PRED KAPITULACIJA NA GRMANIJA I TOA LICNO OD GOSPODIN T E M P O.
 
Elizabeta od Aleksandria
Od masonite kako i sekogas nikogas,nikoj i nikade nemal kar,t.e. korist,edinstveno masonite se vo polza so toa sto gi drzat koncite vo svoi race i teatarot na svetot koj e poln so tragedii i gorcini prodolzuva i den denes .... inaku Makedonija nema nikakvo znacenje za masonskoto drizenje zatoa sto e kontrolirana od grckite,srpskite i bugarskite masoni ...... inaku edna poraka do seznajniot "citatel" ..... batka zasto ne se potpisuvas kako ... i s t o r i c a r .... ti lezi toa na raka,neli ...
 
meto
Blazo,bravo za ovaa dokumetirana storija megutoa ke bide pokompletna ako site masoni(iminja) koj bile vo Makedonija od toa vreme izlezat na videlina i nie nivnite naslednici da go znaeme seto toa.Smetam deka ima uste povazni masoni(vo senaka) , koj dale finansiski doprinos na organizacijata koga najveke trebelo ,sto Vie sega vo tekstot ne gi apostrofiravte.Pozdrav se nadevam deka ke go istaknete spisokot vo najskoro vreme?
 
pavle kuzmanoski brat
za mene dosega nepoznato i dosta iznenaduvacko
 
popaj
Tito! Tito "srbokomunistot"Kolisevski i takvite 'srbomani' i 'izdaici na sopstveniot narod"se najzasluzni za postoenje na ovaa malecka drzava.Tie se najzasluzni i za postoenje na ovoj narod ama dupnata crpka voda ne drzi.Nekako zvuci mnogu romanticno da se bide potomok na Alex,pa potoa da se ima heroi,koi ete bugarite sakaat da gi prisvojat,pa se do pronaoganjeto na kralskoto semejstvo od Pakistan.Se ke vi se tresne od glava bre ligusi vmlovski!A narodot ovci,mozes da gi "vozis"olku ti dusa saka!
 
Dedo Boris - Bitola
Risto Krle:-"Ah pari,pari,tie pusti pari..."
 
tomo
E dobro utro, ja otkrivte Amerika. Ama go zaboraivte najgolemiot makedonski mason Dimitar Vlahov, covekot koj taka lesno dobiva visoki funkcii, bez nieden ispukan kursum, samo poglednete ja negovata biografija. Najzasluzniot makedonec za sozdavanjeto na makedonskata drzava, e tokmu toj, toj e osnovacot na makedonskata drzava, iako jas ne pocituvam bas mnogu salonski lugje koi ne fatile puska v raka kako nego.
 
Балкански
Основачот на ВМОРО е Христо Тататрчев. Коските на тоjа б'лгарски юнак са положени от признателните б'лгари в обичната му Маjка Б'лгариjа! Поклон пред дедите ни герои!
 
полатски
ubavo napisano, bravo, istrazuvaj Blaze, istrazuvaj, mosne ubavi tekstovi takvi kakvi sto treba neka ucat od tebe
 
DO G.MINEVSKI OD MINEV
Vo teskite vreminja vo koi ziveeme, G.Minevski Vi sovetuvam da ne borickate nasekade okolu Makedonija koja vo momentot ja spasuvame.Imam citano od Vas i dobri raboti, samo Ve molam ne se natprevaruvajte so onoj G. Viktor Cvetanoski vo driblingot okolu naseto minato. Ostavete nesto za rasvetluvanje na idninata. Ke Vi blagodaram ako ne(NE) mi odgovorete Vie ili pak drugi. Da si se pazime od prekumerno optovaruvanje na makedonskiot stradalen narod. G.Minevski, navistina Ilindenskata epopeja e svetost i okolu nea ne bi smeele poveke da spekulirame, e de "istrazuvame" vo negativna smisla, zasto togas eden mal narod se digna protiv edna imperija rsprostraneta na tri kontinenti.Vi go pisam ova so soznanieto deka vakvite kako Vas zedni za tituli ne ke mozam inaku da gi ubedam. No belkim neka da ne e popuisto.
 
читател
Д.Груев не бил основач на ВМРО.Организацијата која е формирана 23.окт.1893 е наречена „Бугарски македонско-одрински револуционерен комитет“.Тоа го знаеме од уставот на таа организација кој во 1896 го напишале Г.Делчев и Ѓ.Петров.Сите овие личности кои се спмнати во текстот биле родени во Македонија но се чуствувале Бугари и за нив не постоеле Македонци како посебен народ, за нив Македонците биле Бугари.Иначе организација со име ВМРО формирал Т.Александров 1919г.Се разбира дека улогата на овие личности е многу важна за судбината на Македонија и македонскиот народ, но нивната борба е Македонија да се формира како автономна територија на бугарите кои живеат во неа,за што добиваат и оружје и пари од Бугарија.Како бил „поврзан“бугарскиот генерал А.Протугеров со Србија можете да прочитете на сајтот„новине и часописи дигитална народна библиотека србије“во весникот Политика од 10и11.7.1928г.ПОВТОРУВАМ-сите личности се чуствуваат Бугари и работаат за интересите на Бугарија!
 
Makedonec
Ajde sega da ve vidam pilinja. Znaete komu mu se obrakjam - na site 'patrioti' sto do sega zborea za masonski zaveri protiv makedonija...ili najgolemata zavera se vikala VMRO - bugarska organizacija so, kako sto gledate, masonski korenja. Svatete edno - Makedonskiot identitet nemase da postoi da ne bese ASNOM. Se ostanato e edna loso sklopena laga, vklucuvajki gi i 'patriotite' aka bugarski masoni na VMRO. Bidete gordi na toa sto ste - Makedonci, i bidete mu blagodarni na osnovanjeto na nasa drzava so ASNOM!
 
Дете Бегалче-во сопствената земја
Најпрвин,Даме Груев бил Четник,а потоа се пребојувал неколку пати!Авторот продолжува со небулозите,поведен од својата пристрасност,но со позната и однапред одредена цел!Меѓу имињата,незабележително се протнати „македонски дејци“кои немаат ништо заедничко со идејата за Македонија:А.Протогеров,бугарски генерал-потполковник,Павел Шатев,Симеон Радев,Ванчо Михајлов,Јордан Чкатров... се само дел од оние кои преку Бугарската пропаганда ни се наметнуваат како „македонски патриоти“!Всушност,токму во нивниот меѓусебен контакт лежи и вистината за Бугарскиот Револуционерен Комитет,кој подоцна се преименува во Македонско-Одрински и ВМРО,со една единствена цел: „Автономија за Македонија,со цел да се присоедини кон „мајка“ Б’лгарија“!Ако прочепка уште малку,авторот повторно ќе ни ја „открие Америка“со податокот дека и повеќето членови на Комунистичката Партија во ’20-тите години од минатиот век,биле масони!
 
jovan
Togas za da bides "nekoj i nesto" moralo da se clenuva vo nekakva organizacija. Najelitna takva organizacija bila masonskata. Isto e i denes,samo malku vidoizmeneto, pa nekoj termini se "izmeneti". I denes za da bides "nekoj i nesto" mora da si "clen" na nekoja tajna sluzba. Kaj nas dovolno e i da si "kodos", mozes i so toa da si obezbedis soliden status. Se e toa normalno i nema tuka nikakva misterija, ni togas , a ni denes.
 
Jovan
Одличен текст господине Миневски, пред три години имавте едно многу интересно Интервју во Фокус со македонскиот престолонаследник Гроф или Принц Петер Бог Колоски. Пријатно бев изненаден , не само јас но и моите пријатели. Пред извесно време добив една информација дека тој човек е идеалната личност за"Глава на Државата"(воа е рзмислување на многу јаки личности од сите таботи) Ова сакам од вас да биде поткрепено со неколку аргументи: дали овој човек Неговото величество гроф или принц Колоски е Масон, а за што сум сигурен сто проценти дека е Масон . (Deutsche Grosse Loga ili uste Freimaurer) Германската Голема Ложа. Спесифично за масоните е тие не се многу во јавноста, се јавуваат интервентно, и во вакви ситуации како што сме сега ние, а доаѓаат на голема врата. Едно интервју само ќе и помогне на државата, нема да биде штетно.Многу ви благодарам.
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski