|
|
Во ЕУ не знаат што ќе прават со Македонија |
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Македонскиот датум за преговори поради Грција се претвори во премногу компликувано прашање и за амбасадорите на земјите-членки во ЕУ кои ја одредуваат агендата за состанокот на Советот на министри |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ одбиваат да ја носат на свој грб тешката одлука за тоа каков ќе биде заклучокот за Македонија на состанокот на Советот на министри на ЕУ во понеделник. Комисијата на постојаните претставници на ЕУ (КОРЕПЕР) два дена не може да одлучи како ќе се формулира заклучокот за земјава по препораката на Европската комисија за старт на преговорите. Извори од ова тело на ЕУ кое го подготвува дневниот ред за значајниот состанок за нашиот весник брифираат дека е утврдена целата агенда за понеделник, со исклучок на прашањето околу одредувањето на датум за преговори на Македонија. Дел од оние кои учествуваат во подготвувањето на агендата тврдат дека е можно одлуката за заклучокот за Македонија да му се остави на шведското претседателство. Образложението е дека станува збор за премногу компликувана ситуација, затоа што Грција се спротивставува на одредувањето на старт за преговори поради спорот за името. Други претставници, пак, кои побараа да останат анонимни објаснуваат дека во КОРЕПЕР во понеделник сабајле ќе се дискутира за текстот за Македонија кој ќе биде дел од заклучоците на Западен Балкан. Се повеќе е очигледно дека Советот на министри најверојатно ќе примени еден вид премолчено вето, така што ќе оцени дека Македонија ги исполнила реформите за почеток на преговори, но истите ќе ги започне веднаш штом се реши спорот за името, велат од Брисел. И покрај надежите на Брисел, Македонија и Грција не успеаја да постигнат напредок за решавање на долгогодишниот спор на серијата средби на највисоко ниво. По последната средба со премиерот Никола Груевски, грчкиот премиер Јоргос Папандреу истакна дека очекува решение на спорот за неколку месеци, до една година. Груевски, пак, потенцира дека од Папандреу ги слушнал веќе познатите грчки позиции. На новинарско прашање што ако Советот на ЕУ не одреди датум за преговори и дали Македонија има резервен план, Груевски од Финска изјави дека Македонија до последен момент ќе се бори да ги почне преговорите. - Се надеваме и се бориме до последен момент. Така ќе биде и сега. Доколку не добиеме датум ќе продолжиме со напорите да го добиеме, како и со реформите - изјави тој во Хелсинки. Рен се сомнева за датумот Еврокомесарот за проширување Оли Рен изрази сомневање дека европските министри на следниот состанок ќе се договорат да донесат одлука за започнување преговори за членство во Европската Унија со Македонија. - Започнувањето преговори за членство бара препорака од комисијата, но треба да биде прифатено од сите земји-членки, а во моментот не може да се каже дека тие услови се исполнети - изјави вчера Рен во Хелсинки. Тој претпоставува дека преговорите за ова прашање ќе продолжат следната година и изрази надеж дека Европскиот совет ќе го одобри предлогот на комисијата за почеток на преговорите, на евентуалната дискусија в понеделник. Жбогар: Грција да даде гаранции Ако не даде мандат за преговори со Македонија на претстојниот министерски состанок, Грција ќе мора да даде солидни гаранции дека тоа ќе се случи идната година, порача во Брисел словенечкиот министер за надворешни работи, Самуел Жбогар. Според него, ЕУ мора да најде начин да го одржи ентузијазмот во Македонија и мора да спречи разочарување кај граѓаните. Сé уште владее целосна неизвесност во однос на финалните заклучоци за Македонија на 7 декември. Министрите за надворешни работи ќе ги преговараат в понеделник на политичко ниво, а не е исклучено нешто да остане и за самитот на шефови на држави и влади на 10 и 11 декември. Министерот Милошоски денеска од Брисел потврди дека расположението на ЕУ-членките е многу попозитивно кон Македонија, отколку пред Букурешт и верува дека се уште е можно да се добие долгоочекуваниот датум за преговори идната недела. Премиерот Груевски е поканет во вторник да учествува на европска конференција за Балканот, но тој сé уште не го потврдил своето присуство. Останува сосема неизвесно и дали тој би ја искористил оваа шанса за трета средба со грчкиот колега. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: 2438 Оценка: 4 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||