Археолошките истражувања на увид од Нова година до крајот на март

Останати вести
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Bookmark and Share
 

Голема постановка со највредните наоди од годинашниве археолошки истражувања на 18 локалитети низ земјава ќе биде отворена пред Нова годинаи ќе трае до крајот на март во трите сали на Музејотна Македонија

 
 
  
Златниот накит и посмртните украси, кои летово беа откриени кај Горна Порта во Охрид, ќе бидат изложени на големата археолошка изложба, која на крајот на годината ќе биде отворена во Музејот на Македонија.

Овие извонредни наоди од 4-5 век пред нашата ера, кои храбро беа споредени со златните посмртни маски од Требеништа, ќе бидат меѓу експонатите на постановката, која во трите сали на Археолошкиот музеј (во Музејот на Македонија) ќе ги претстави наодите, откриени во годинашниве истражувања на 18 локалитети низ земјава.

- Ќе бидат претставени наодите од сите капитални истражувања што се одвиваа годинава, значи од Исар - Марвинци, од Плаошник и Самоиловата тврдина, од Стоби, скопската тврдина, виничкото кале, Баргала, Исар - Штип, Стибера, Хераклеја Линкестис и други - најавува Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Како што велат археолозите, тешко е да се издели што е најзначајно од годинашнава истражувачка продукција, но изложбата особено внимание ќе посвети на наодите од Исар - Марвинци. Во годинашниве истражувања на овој локалитет, поради своето богатство и достапност можеби најизложен досега на диви ископувања, се откриени драгоцени наоди и на железнодопската и во римската некропола. Стели, надгробни плочи, посмртна ритуална опрема, керамички предмети, накит, оружје, садови се само дел од богатите наоди од Исар - Марвинци. Особено вредни се, сепак, керамичките луксузни садови со црвено фигурално сликарство. Тие, како што велат археолозите, се показ дека населението што живеело во овој град било богато, високоцивилизирано и веројатно го предводело развојот во целиот регион.

Изложба на наоди од годишните истражувања беше одржана и минатата година и, според зборовите на Кузман, треба да стане традиција. Годинашнава изложба ќе биде отворена до крајот на март.
 
   
Автор: Ј.Ф.  
 
   
Веста е прочитана:           Оценка:
1 2 3 4 5
 
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
ivica
super
 
Makedonija
Bravo, super! Bez minato nema idnina - teshko na onoj koj ne go znae toa.
 
kole
Tesko na drzava kade lugjeto se raduvaat na minatoto a pred niv e neizvesna idnina... toa ti e Makedonija denes...
 
Dejan
Odlicno,samo sto e mozno poveke.Obavezno ke ja posetam izlozbata...
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski