Сонцето и ноќе ќе го осветлува патот до Горно Нерези


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Александар С. Димковски
Името и климата како сијамски близнаци
За конечен договор за климата најверојатно ќе се чека уште една или две години. Следната шанса е самитот во Мексико во декември идната година. И спорот со името ја чека 2010-та. Кој прв ќе стигне до целта, климата или името? ...
 
Дарко Митревски
Вујче од Америка: Дали виа Дизни
Во таа вкусна филмско-сликарска манџа има и убави девојки како Покахонтас, и мравки што излегуваат од дланка, и велосипедисти со погачи на главите, и играчи на бејзбол, и ангелска музика, и морбидни ископани очи, и девствени ...
 
Зоран Јованоски
Теорија на заговор
Само нам може да ни се случи да изгубиме 50 отсто од територијата и егзодус на Македонците од Грција, а во нашата јавност за ова да се знаат само неколку реченици. И под поимот Егеец да се подразбира првенствено скржавец, наместо ...
 
Александар Русјаков
Цивилизација
Не им верувајте на докторите. Тие се само бивши студенти по медицина - Греам Чепмен ...
 
Јован Алаѓозовски
Наполеонов јазол
Потсетувајќи се на жртвите во сообраќајните несреќи и прогласувајќи ден за загинатите по друмовите, мораме да се потсетиме и на почетоците на сообраќајот - на една стара приказна, која и денес е контроверзна ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Засега на територијата на општината Карпош се поставени само две соларни светилки, а градоначалникот Јакимовски планира да постави и во дворовите на училиштата и на градинките

 
 
  
Соларни светилки ќе се поставуваат во општината Карпош на местата каде што нема довод на електрична енергија, во дворовите на детски градинки и на основни училишта, како и на патот од Средно до Горно Нерези. Од кабинетот на градоначалникот Стевчо Јакимовски велат дека поставувањето на светилките на патот во Нерези ќе почне идната година, а се очекува целиот проект да заврши до 2011 година. Првично било замислено проектот да се финансира во соработка со градската управа, но сега се направил нов план за да се покријат трошоците. Се планира да се постават вкупно 180 светилки со соларни панели, со што ќе се заштеди електрична енергија, а наедно и првпат ќе се осветли овој патен правец. Таму нема ниту инсталации, ниту можност за приклучоци, па затоа досега никој не презел ништо за да направи осветлување.

- Досега поставивме две соларни светилки во дворот на гимназијата „Никола Карев“, на патеката кај влезот на новиот пензионерски клуб во Карпош 3. Според нашата стратегиска програма, најдобро е патот долг 5,3 километри во делот од Средно до Горно Нерези да биде осветлен со соларни светилки бидејќи ЕВН нема доволно снага на трансформаторите на овој потег, а со ова решение ќе се заштедат 70 отсто од потрошувачката на електричната енергија. Поставувањето на светилките чини 18 милиони денари, ќе трае во текот на 2010 и 2011 година, а најголемиот дел пари ќе се обезбедат преку фондовите на меѓународните институции - велат од кабинетот на Јакимовски.

Оттаму додаваат дека овој вид осветлување, како и со лед-диоди, ќе го искористат и во дворовите на десетте основни училишта и на градинките.

Жителите на Нерези потврдуваат дека на потегот од Средно до Горно Нерези немало никакво осветлување.

- Крајно време е да се осветли и овој дел. Ако во вечерните часови сакате да го посетите манастирот „Св. Пантелејмон“, ќе мора да се движите по мрак, бидејќи светлина не доаѓа од никаде. Често може да се забележи и дека невини животинчиња на овој пат се прегазени, бидејќи навечер никој не може да ги види - велат жителите.
 
   
Автор: Бојана Стојчевска  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана:           Оценка:
1 2 3 4 5
 
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
saso b.
dragi moi sogragani, ako nekogas otidete vo okolnite sela za odmor vo saranda(albanija), site ulici se osvetleni so solarni svetilki. a nie se raduvame na dve.pozdrav
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski