|
|
Сиромашни пензионери ќе ги развиваат запуштените бањи |
|
||||||||||||||||||||||||
Во Македонија има 273.000 пензионери, од нив 50.000 се во категоријата со најниска пензија, од кои само 10.000 ќе добијат бесплатно една бањска недела |
|||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||
| Бабите и дедовците добија предновогодишно бинго од Владата. Од идната година 10.000 најсиромашни пензионери седум дена во годината бесплатно ќе престојуваат во некоја од осумте бањи во државата. Трошоците за престој, превоз, исхрана и медицинска нега ќе ги плати државата, за што се предвидени 90 милиони денари од буџетот. Во Македонија има 273.000 пензионери. Во категоријата со најниски примања влегуваат над 50.000 пензионери. Кои од нив ќе бидат среќниците што ќе одат бесплатно на бања ќе одлучи посебна комисија според претходно утврдени критериуми. - Најголем број бодови (60) ќе добијат лицата со најниски пензии, до 30 бода следуваат во зависност од времетраење на користење пензија и плаќање на придонесите и по 10 бода ќе добијат лицата што користат помош и нега од трето лице - изјави министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами. Со мерката ќе бидат опфатени сите делови од земјата. Изборот ќе се врши сразмерно на тоа во кој град колку пензионери има, толку проценти ќе користат и бесплатно бања. На сличен начин ќе се одбере и бањата каде што ќе одмораат пензионерите. Оние што живеат во западниот дел од државата ќе одат во Дебар, пензионерите од јужниот дел во Негорци или Банско итн. - вели Барјами. Аплицирањето ќе се врши во 30-те подрачни единици на Фондот за ПИОМ, а првите пензионери ќе да бидат испратени на бања во февруари идната година. Пензионерите се задоволни од одлуката на Владата и од воспоставените критериуми. - Потегот на Владата го цениме како добар. Добро се избрани критериумите. Како здруженија ќе се потрудиме да придонесеме критериумите да се почитуваат онака како што се замислени и оваа можност да ја искористат оние што се најзагрозени и на кои им е најнеопходно - истакна Чедо Георгиевски од Здружението на пензионери. Според премиерот Груевски, ваквата мерка, освен што ќе им помогне на пензионерите, ќе биде добар импулс и за бањско-рекреативниот туризам во Република Македонија, кој се соочува со сериозни проблеми. Податоците за застапеноста на бањскиот туризам (со под 1 %) се повеќе од поразителни. Некои од постојните бањски објекти се стари помеѓу 30 и 50 години, во лоша состојба, со напукнати и пожолтени ѕидови и пред распаѓање. За туристичките работници идејата е добра и заслужува поддршка и ракоплескање. - Бањскиот туризам е на драматично ниско ниво. Ако ништо друго, зголемениот број на гости ќе ги оживее постојните капацитети Треба да учиме од другите земји што го развија овој вид туризам на највисоко ниво. Луѓето најмалку жалат кога треба да дадат пари за здравје - ни изјави Ангел Иванов, претседател на туристичкиот сојуз на Скопје. Од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија велат дека и досега партиципирале со 50 проценти од средствата за бањско лекување на своите членови. Оваа мерка на Владата треба да биде надвор од тоа, додаваат оттаму. Во Македонија има 8 бањи: Бањско, Бања Кочани, Кежовица, Катланово, Дебар, Негорци, Куманово и Цар Самуил. Дел бањи функционираат како јавни здравствени организации и трошоците за работењето ги покриваат со самофинансирање. |
|||||||||||||||||||||||||
|
|
|||||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: 236 Оценка: 2,11 | |||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||