Сонот на Владетелот: историја, прв пат


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Игор Даниловиќ
Ги допреа недопирливите
Зошто се чекало досега? И дали причините што токму сега се обвинети се чисто политички и меѓународната заедница реши конечно да се пресмета со политичарите што досега ги поддржуваше зашто премногу се опуштија, создадоа свои ...
 
Дарко Митревски
Политички кунилингус
Грција кога-тогаш ќе треба да му раскаже на светот кои се тие луѓе на кои им должи имотни права. Затоа Грција има проблем со името - затоа што треба да најде етички и правно прифатливо објаснување како тоа стана газда во илјадници ...
 
Александар Русјаков
Сонот на Владетелот: историја, прв пат
Кај нас нема историчари. Има партиски врхушки, нелустрирани мочковци, универзитетски медиокритети, кои со историја се занимаваат онака, само патем ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Кај нас нема историчари. Има партиски врхушки, нелустрирани мочковци, универзитетски медиокритети, кои со историја се занимаваат онака, само патем

 
 
  
Добро е што падна снег, малку да ни го обели образот, и онака цела година политички се бербатиме самите себеси. Јас паѓањето на снегот го доживувам како момент кога Господ ми ја фарба косата, па силно му се радувам. Убаво е човек да живее во земја во која има четири годишни времиња и двесте дена сонце. Сам да избирав немаше да трефнам подобра опција за парче земја на која ќе се родам и умрам. Барем се надевам дека тука ќе умрам. Меѓу тие две точки на постоење во овој универзум, наречени раѓање и смрт, јас одлучив поголемиот дел од времето да го уживам животот и само одвреме-навреме, против мојата волја, да се нервирам. Како да ви објаснам, ама сонувајќи ја радоста на живеењето, воопшто не претпоставував дека ќе морам да го трпам и кошмарот наречен име, идентитет, ЕУ, НАТО... Не знам, можеби таков договор сум потпишал пред да се родам, еве ти прекрасно парче земја за битисување, ама види дечко, нема да си раат што дојде тука, затоа што тоа тука ќе мора да се прекрсти во северно, горно, долно тука... Затоа што ако сакаш да одиш таму, мора да се откажеш од тука.

Шегата настрана, толку зла енергија се насобрала околу нас што сé повеќе имам потреба да отсуствувам од реалноста. Ете, седнувам да погледам парламентарна седница, да ги видам тие силни доктори, правници, економисти, тие интелектуалци што го претставуваат народот и мачнината во стомакот почнува да врие како лавата на Везув, кој само што не еруптирал. Слушајќи ги нив, сé повеќе го имам она силно чувство, кое ми кажува дека едните се бранители на името само затоа што така можат да останат во власта, кај што е профитот, а другите, оние со метлите и со дресовите на Вилјареал, толку длабоко се наакани во криминалните води од минатите владеења што веќе го продале името, затоа што ги држат за јајца. Албанците изгледаат само како рамковен декор, затоа што ниту еднаш не сум ги чул, навистина да се занимаваат со реалните проблеми на албанските граѓани во оваа земја. Дај Боже да грешам, да ме побијат со делата, ама јас така чувствувам, затоа што верувајте ми, ниту еднаш, освен постојано што ја споменуваат Македонија, не сум видел една реална манифестација на љубов кон земјава. Настрана фактот што понекогаш добивам чувство дека овие возрасни мажи и жени институционално треба да се згрижат. А не треба да биде така. Тие се луѓето што сме ги избрале да ја направат оваа земја рај и баш ме заболе соработников што се спротивставени едни на други. И Барселона и Реал Мадрид се противници полни со идеолошка, национална и натпреварувачка омраза едни кон други, ама кога ќе се судрат на терен, публиката ужива. Ми тргна со Ла лига, а? Живи и здрави да се луѓето од спортската редакција на Алфа, тие натпревари што ни ги пренесуваат се трошка бегство од гнасотијата што се плете околу мојата Македонија.

И така, дојдов до заклучок дека еден од главните проблеми поради кои ни се случува ова што ни се случува е историјата како наука. Тука сите се занимаваат со нашата историја, освен историчарите. И јас го правам сега истото. Последно нешто што имам слушнато од професорката Наде Проева, инаку за неупатените, таа е една од нашите најдобри историчари, е дека не е сега момент да се става споменикот на Александар. А јас глуп, мислев дека историчарите треба со да се занимаваат историја. Е затоа, пак, додека професорката се занимава со споменици, новинарчето Геро, маргиналчето Коља и активистчето Жарко се вистинските портпароли на славомакедонската заткарпатска историја. Да си помисли човек дека половина живот го поминале во карпатските мочуришта, каде што го нашле она што ниту еден светски историчар и антрополог го нема најдено, а тоа се артефакти за постоењето на Словените на таа територија. Ма што ако руските научници докажаа дека Словените (или оние што им го донеле Словото), навистина дошле од зад Карпатите, ама патувањето се одвивало обратно, од Балканот, кон нив, кога Геро, Коља и Жарко како истакнати историчари, не треба да следат што ново се случува во науката, затоа што веќе еднаш во животот го прочитале учебникот по историја за средно. Оној учебник кога тие биле во средно. И сé уште никој од нив не ми одговорил зошто Стар Словен, три букви хоризонтално се вика Ант, не ми одговориле зошто во цел свет старината се вика антика, не ми кажале дали знаат што се тоа Анти.

Е па баш затоа, бидејќи кај нас нема историчари, научници, истражувачи, ќе си имаме ликови како Љубчо Георгиевски и Иван Стоиљковиќ. Едниот мртов ладен тврди дека нема доказ за македонската нација пред Коминтерната. И не се најде ниту еден историчар, по две заушки, од глава му го акне документот од 18 век што го има во киевскиот државен архив, во кој јасно и гласно, заверено и нотирано се собрани сите оние што бегале од Македонија по Карпошовото востание и се приклучиле на руската царска војска, потпишани со име и презиме и со посебна графа за припадност во која стои припадник на македонската нација. А знаете зошто никој не му го акна документот од глава? Затоа што кај нас нема историчари. Има партиски врхушки, нелустрирани мочковци, универзитетски медиокритети кои очигледно со историја се занимаваат онака, само патем. Овој па другиот, пратеникот Стоиљковиќ и колешката му Рада, од бесмислена парламентарна дебата направија национална бурлеска. Иван рече Душанов мост, Рада му порача да си оди на Косово и дечково направи драма. Ама остај што направи драма, туку испрати плачливо писмо до сите странски амбасадори во кое цимоли дека Србите во Македонија се репресирани. На крајот ќе излезе дека Македонците ги репресираат сите, а не она обратното и вистинското. Јас ете познавам многу тукашни Срби, ги имам и во фамилија, ама не се сеќавам дека некој ми кажал како тоа живее под репресија од Македонците. Ама ако, јас ќе го репресирам пратеникот уште малку, па нека се жали од мене. Имено, познатиот Душанов законик почнува со зборовите „Законик на пречесниот и христољубивиот македонски цар Стефан, владетел српски, бугарски, унгарско-влашки, далматински, арбанашки и на многу други региони и земји...“. Баш ме интересира зошто царот Стефан Душан, устоличен во Скопје, не го почнал својот законик со зборовите, законик на пречесниот и христољубив српски цар Стефан, владетел македонски..., туку баш морал да се потпише како македонски цар. И така пратеникот ќе се жали, Македонија поради него ќе се срами во светот, а мене нема кој меѓу историчарите да ми ја објасни дилемата зошто Стефан Душан се потпишал како македонски цар што владее со Србите. А? Зошто? Затоа што очигледно кај нас нема историчари.

Авторот е уметник

 
   
Автор: Александар Русјаков  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 1528          Оценка: 4,61  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
PErO_MKD
@Ајван Доктор-прочитај го ова па да продискутираме: http://www.ancientmacedonia.com/gandeto.html Братле, во античко време и среден век, се до периодот на ренесансата единствени пишани јазици во Европа биле старогрчки и латински.Тоа не значи дека секој што ги запишувал своите книги , документи или што и да е на овие јазици е Грк или Римјанин.Фактички според ова би требало во Европа во тие периоди да постојат само Римјани и Грци.Дали Германите кои го срушиле Рим , но ја попримиле културата и христијанството од Римјаните и ги пишувале сите книги на латински се до среден век(значи во период од околу 10 века!) постанале Римјани со тоа!?Дали можеш да ми најдеш еден документ од да речеме од 8-ми век од некој Германски владетел а да не е на латински?Во врска со имињата на античките македонски владетели:треба да се знае дека во книгите пишувани на старогрчки дури и персиските цареви се пишувани со имиња кои имаат значење на старогрчки, повторно те посочувам кон линкот од погоре.
 
kire
odlicno kazano.
 
читател
Никогаш не ги читам текстовите на Русјаков, сега прв пат отворив да ги прочитам коментарите. Ме изнасмеја коментарот на Цар Самоил кој кажува, кога според него идале преку Дунав со трски, тој иако цар на Словените трската ја ставил место во уста, на сосема погрешно место. Сигурно така му било убаво, но ме чуди како не се удавил.
 
Musso
Немаше да коментирам да не се појавеа некои си “самоповикани и самодекларирани“. Имаме такви “иуниверзитетски професрои и писатели“, па потем “уметници“, а ехперти, итроманци, ајвани и такви некои гадинки. Ним(и), а не “на нив“, треба да им се дообјасни дека уметник се станува и со образование, но пред се’ со талент, а се декларира како уметник оној што има создадеено уметнички дела. Александар Русјаков (или Алке Р.) е уметник и по образоавние и по она што го создава, било како индивидуален автор (на пример овие написи, така и како коавтор (ЕДНООКИ на пример). Следно, има едно нешто кое GOOGLE го нарекуваат, па ако таму чукнете Стефан Душан ќе добиете стотина линкови и на сите линкови кога ќе го отвроите Душановиот Законик (за оние кои умеат да читаат) ќе прочитате дека Стефан Душан, сам лилчно, со совја воља и “милост божја“ се нарекол ЦАР МАКЕДОНСКИ и владетел на неколку народи. Меѓу тие кои ги “владеел“ и покрај територијата со која владеел, нема Грци. Тоа е ФАКТ, а не уметност.
 
ФЕЛИКС
Драги коментатори од сите бои обединете се и кликнете на интернет БИЗНИС.Таму ќе прочитате колку се сака сопствената земја па така еден професор инаку колумнист вторнички во Дневник дури морал да го поткупува тогашниот преседател на државата,(инаку партиска книшка бр.1 од опозицијата)со куферче долари и едно амфориче антично да се ,,продаде,, името на државата.Тогашниот преседател запрепастен го одбива ваквото родољубие и посегнува по перото и сето ова го овековечи во книга.Еве на пример ако ајван др.Феличита и други не ми веруваат мене и на БИЗНИС нека ја прочитаат книгата на нивниот партиски другар.Инаку за Феличита знам дека ќе одмолчи,оти се нема кураж за контра аргументирање,би ми бил интересен коментарот на ајван др. за родољубието на оној на кој му се воодушевува.
 
AMSTERDAM
USTE EDNAS DO UMETNIK za Car Dusan ..Od Makedonski Car , Carot Dusam ,Srbite go promenija vo Srpski Car- Dusan Silni. Dokumentot na Srpskiot naucnik Lj.Stojanovic “Stari Srpski Zapisi I Napisi “ kniga III Belgrad ,1905 godina ,strana 41-br.4949 ,kako i od koga Car Dusan stanal Srpski Car –Dusan Silni , I ZASTO SE RAZLIKUVAT OD ORGINALNITE DOKUMENTI KAKO I ONAJ ORGINALEN DOKUMENT KOJ SE CUVAT VO NACIONALNIOT MUZEJ VO PRAGA , OD 21 MAJ 1349 GODINA ,KOJ GLASIT :..Blagocestivago i hristolubivago Makedonskoga Cara Stefana ,srpskago ,bolgarskoga ,ungarskoga, dalmatinskago, arbanaskago,ugovlahiskago,I sirim mnogim predelom I zemlem samodrsca “,..a eve sto velit I Sofiskiot prepis na Dusanoviot zakonik koj e isti so Zagrebskiot rakopis : Blagovernago I hristolubivago Makedonskago Cara Stefana zakon,..” (Snegarov),..Ocigledno so samoto krunisuvanje na Car Stefan vo Skopje na 16.04.1346 ,Srbite ne sakaat da ja priznaat Makedonskata carska suverenost i prodolzuvaat da redat komentari vo sproti
 
PELAGIJA,Ohrid
JUSTINIJAN ,LIKE CONSTANTINE MAY HAVE HAD SLAV BLOOD IN HIS VEINS.HE WAS A MAN OF GREAT AMBITION AND GREAT ORGANIZING POWER AND HE HAD THE GOOD FORTUNE TO BE MARRIED TO A WOMAN OF EQUAL OR GREATER ABILITY ,THE EMPRESS THEODORA. ..: THE OUTLINE OF HISTORY “ BY H.G.WELLS. ..vo prevodot od Angliski se govorit za prvite Carevi od Makedonija povrzani so hristijanstvoto , ke procitat deka Justinijan i Konstantin imaat Makedonska Slovenska krv (posto se po poteklo od teritorijata na Balkanot,vikana Makedonija,moze da se kaze Makedfonska krv i jazik na Makedonskoto lokalno(slovensko)naselenie.), a Justinijan i Car i soprug na idnata Imperatorka Teodora.Togas kako e mozno koga se razgovarat za -3 -4 vek , neli spored istoricarite vo Makedonija , Slovenite dosle 7-8 vek. ??.Za Justinijan ponata pisuvat : JUSTINIJAN GI ZATVORIL SITE GRCKI UCILISTA VO ATINA(najverojatno poradi nastojuvanje na Grcite da dominiraat kako porano koga imale privlegirano sojuznistvo so Rimjanite protiv Makedonija). ..
 
BABA SAVA , Ohrid
Del od H.G.Vels za Vizantija: …Konstantin Veliki vladetel so IMPERIJA koja opfakala isto taka ogromni teritorii ,mnogu zemji I narod ,univerzalna zaednica ,komonvelt ,koja vo osnova bila postavena vo Makedonija i vrz nejzinata anticka ideja .Dodeka Rimskata imperija se razdrobila po 4 stoletija ,ova Makedonska Imperija (Vizantija) se zadrzala poveke od 1123 godini ,od 312-tata godina od pocetokot na vladeenjeto na Konstatin ,do 1453 godina,koga podpadnala pod Otomanskite Turci….ponataka za Konstantin Carot pisuvat :..Konstantin bil domorodec od Makedonija ,go zboruval svpjot starosedelski jazik na Balkanot (odnosno Makedonija),I neznael drug jazik osven Makedonskiot majcin jazik i Latinskiot koj go naucil kako administrative jazik , Grckiot jazik ne go zboruval i mu bil nepoznat.Konstantin GO ZEDOV KAKO PRIMER ZATOA STO E PRVIOT CAR , A PO NEGO DOAGAT JUSTINIJAN.
 
Ustijan od Ohrid
Istoricarot G.Ostrogorski , ke napise “…Najgolem del od srednovekovnata istorija ,Makedonija ziveela pod vlasta na drugi,…Pokraj toa vo istorijata na Balkanskiot poluostrov taa centralna zemja zazemala znacajno mesto,.Za nea postojano SE GRABALE sosednite ,pojaki I posrekni drzavi , a VISTINSKA PREDNOST NA BALKANOT IMALA ONAA DRZAVA STO JA VLADEELA I MAKEDONIJA “,..Od togas gledam nisto nee smeneto do denes. Bugarite imaat verzija deka Ohridskata Arhiepiskopija e prodolzenie na DRSTARSKITE Bugarski arhiepiskopi, Grckata crkva pak izleze so nova verzija deka Makedonskata crkva moze da bide Justinijana prima so prviot Aftokefalen arhiepiskop postaven od Justinijan ,Katelijan no kako prodolzenie na “vozvisenoto Grcko-Vizantisko”poteklo i na kraj Crbskata Crkva koja ja sakat Ohridskata Arhiepiskopija za sebe kako prodolzenie na Slovenskoto naselenie (Srpsko ! ) ,kao bozem Makedonskoto se razlikuvat od Slovenskoto i sl. verzija na : (SDS,Gorgieski,Boskoski,prcot Soroz idr.)
 
AMSTERDAM
UMETNIK. UMOT-NIK.Nepotrebni frustracii.Kvalitetot e vo vistinata. Istiot document za Car Dusam moze da se vidit i vo Ceska kako i vo drugi drzavni arhivi naokolu. Za Makedonija “DVORNIK”pisuvat vo deloto “LES SLAVES”, deka Justinijan II go prekrstuvat Makedonskoto naselenie ,vo hristijansko vo 6 vek,..pokasno “TEOFAN” svedocit deka vo 7 vek e hirotonisan prviot patrijarh evnukot NIKITA koj e Makedonec . Te prasuvam : Dali mozelo da se stane Makedonski Patrijarh , ako nemalo golem broj na (Makedonsko)naselenie.Ovaa tradicija ti e nepoznata. VO MAKEDONIJA RABOTEL I SAMIOT SVET APOSTOL PAVLE, AKO NEZNAES ,SVETIOT APOSTOL PAVLE E PRVIOT APOSTOL POSLE HRISTOS. Tolku za Makedonskata crkovna istorija I tradicija kade moze da se dodade I samiot Makedonski Svetec Luka KOJ BIL VO PRIDRUZBA NA APOSTOLOT PAVLE, ,koj go napisal NOVIOT ZAVET,.. I sl. Znaejki gi site ovie fakti neznam sto e sporno kaj tebe vo odnos na Srpskata Crkva ,koja e posledna patrijarsija sozdaDENA na ovie prostori.
 
Ајван Доктор® (прв коментар,втор обид за објавување)
Авторот е уметник…Секако!Особено во извртување на фактите!Брилијантно!Индикативно е неговото познавање на македонскиот оддел на Википедиа,која изобилува со глупости!Па,очигледно е!Таму ќе ги најдете Филип и Александар и како водачи од Средниот Век,како и сите небулози на неоантичките историчари од Организацијата на НеоАнтички Македонци,во која,за жал (о,која ли трагедија) членуваат и членови на МАНУ!Востанието е подигнато во 1689 година и,колку што мене ми е познато,се работи за XVIIвек,а не за XVIII!Можеби по античкиот македонски календар,дури и погрешното броење на вековите ни го наметнале комунистите?Таму е наведен воведот на Душановиот законик со цитатот на „уметникот“(*Душан,со титулатура „цар Сербљем и Грком“бил македонец:)!Банализирањето на историјата и упростувањето на „фактите“според „логиката“дека секое „Ма“и„Ант“се однесува на придавките „македонски“и „антички“е сулуда идеја пласирана од В.Иљов (ужасно лош реставратор)и Е.Гелева (пропаднат новинар,миленичка на комунизмот)!
 
tihi
Bi gi prasal site negatori na razlicnoto od nivnoto zacimentirano ,kako svetot bi se razvival ako opstojuvase na vekje zacimentiranite stavovi. I dali znaat od koga postojat naciite vo denesna smisla na zborot.
 
„Уметник“
Амстердам,Душан бил крунисан од Пеќкиот и Трновскиот патријарх!Бил приисутен и охридскиот (грчки) архиепископ,но архиепископ не може да круниса цар!Каква скопска епископија спомнуваш во тоа време,да не си претерал пак со тревката? П.С.За Дени:Србите настанале од доселените словенски племиња,веќе во седми век ја имаа својата држава,а потоа имале и цар и кралеви.До 1945 ние сме немале држава,а камо ли крал,па сега го крадеме Александар од Грците,Самоил од Бугарите и Душан од Србите.Ферштен?
 
Mirce
Povtorno Bravo!Bravo i samo Bravo!
 
„Уметник“
Аmsterdam,тоа што си учел средно не значи и дека си го завршил средното,што е очигледно по твојот начин на размислување!Текстот на „уметникот“ Русјаков може да помине само кај полуписммените пензионирани беломорци.Поголема концентрација на глупости,тешко да се најде!
 
deni
popoleka vistinata izleguva na videlina,tuku ima li nekoj da mi kaze sto se toa srbi i koga nastanale i od kogo,odnapred blagodaram za odgovorot
 
Dedo Boris - Bitola
Taka,taka.Kus,ama epten jasen chas po istorija,za nashite "Dr.Istorichari".Na zdravje neka im e , ama i na nas-tvojata lekcija. Mitko mi ti objasni,deka geocentrichniot sisitem go miluva,pa logikata nema prednost. pred "politikata",vo istoriskite pisanija.Shteta za nego,shto Inkvizicijata e odamna minata. Site anti tvojot stav,se drzhat za Dushanoviot "most",ama ANT ne im vleguva vo krstoslovkata.Blaze si im,raat sise. "Milosta" na rimskite legioneri da lovat po makedonskite prostori robovi,za niv e mislena imenka.A tie MAKEDONCI,koi shto stasaa do Ind,sigurno mnogu imtrebashe,za da se setat-kade da se spasat.Spartak nekako vo posledno vreme,ne se vergla po TV.Cane makedonski e vo site verzii,kako elin-koj shto gi nateral da bidat MAKEDONCI,ama denesnive pseudodanajci.Ejgidi de,da se mazhat ergeni,da se zhenat devojki.I takvi pesni,stanaa vo moda denovive-duri i vo istorijata propagandna.Aj pogodete,koj go plakja seto toa!
 
Do Mitko
Митко не троши се залудно. Нема фајде од објаснување на било што на Антиве. Тоа се зомбифицирани следбеници на една нова первертирана, калимеро догма - демек сите не крадат. Цел свет знае дека всушност е обратно. Покрај Цар Самуил, Александар Велики и Скендербег, време беше да го помакедончиме и Цар Душан. Македонистичкиот Франкенштајн почна да си го подјадува и неговиот креатор - Д-р Гарашанинштајн. Македонистичково лудило полека но сигурно излегува од контрола. Текстов на уметников не е единствената причина за ваквата констатација. Далеку поиндикативни од неговиот теткст се сказанијата на ликовите од типот на Паскота Охридски и Ѓоргета Паљурски. По се изгледа нема враќање назад. Одиме до крај, во конечна победа против новиот светски поредок, кој настана со една единствена цел, во никој случај да не се дознае вистината дека Македонците се постари од амебите, а потоа и да не уништат. Но јас имам верба во Паскота и знам дека човекот ќе го спаси светот и нас од Трета светска војна.
 
AMSTERDAM-II-
Arhierejskiot sobor na SPC ne go napravi ona sto nekogas go obeka kako iskrena izjava vo vremto na Jugoslavija i licno na togasniot predsedatel Tito, Srpskiot togasen patrijarh Vikentie samo ja izlaza celata javnost i togasniot arhierejski sobor, togas se prasuvam zasto sega da im se veruvat na Srpskata crkva.(vidi:D.Ilieski,cit.delo.str.128-137..220 str…i sl.).Kako drugo.nezam do kade e Crkovno Slovenskiot jazik primenet vo Makedonskata crkva , zatoa TREBA MAKEDONSKIOT JAZIK DA VNESE VO MAKEDONSKATA CRKVA NE SAMO KAKO ADMINISTRATIVEN JAZIK KAKO STO E SEGA TUKU I KAKO SLUZBEN CRKOVEN JAZIK zatoa sto SE GLEDAT DEKA SRBSKATA CRKVA E NA POZICIJATA OD PRED VOJNATA VO 1945 .Konkretno za pozicijata na Carot Dusan,Ohridskata Arhiepiskopija izvrsuvat negovo postavuvanje za Car so pomos na Skopskata eparhija,zatoa sto samata Srbija seuste nemat crkva vo toa vreme i zatoa sto samata Srbija nemat Car i Carska tradicija,..a so pomos na Dusan sekako sakaat da bidat gospodari i do Solun,..
 
Ајван Доктор®
Ајде вака!Бидејќи вообичаено ја прогласувавме религијата (христова)за нитка која не исчувала низ вековите...да го поставам прашањето:Зошто токму првите преводи биле на Хебрејски,Ерменски и Грчки?Зошто ниту еден превод не е на Македонски,по својата етимологија-Славјански јазик?Преведете ми го Исус на македонски!Сите библиски имиња врежани во нашиот „вечен календар“како чисти македонски,се хебрејски,но и со грчки корени.Дури и Александaр (ἀλέξω+ἀνδρός)(бранител+човек)!Е дури сега ќе вивнат оние со античка слама во главите,па ќе ме прогласат за Шиптар,Србин,Кинез,Евреин,Соросоиден Антисемита,Предавник...кому ќе треба да му направат вака,или онака,со сламчињата што ги поседуваат!И..?!Тука,нема место за наука,за разум!Тука нема простор за дијалог на аргументи,туку единствено за удар на силата од зовриените испрани главички!Тука има единствено празен меѓупростор од два милениума и ресто!Цанде,па ние!Прочистени,и духовно и телесно!Големи и велики колку него,иако сме си ситни во душичките!
 
mitko da dodade
Da dodadam uste nekolku pricini zosto Alekasandar bil Grk: site drugi anticki nacii (Evrei, Persijci, Rimjani isl) go naveduvaat kako GRk, zatoa sto negovite Satrapi (ako znaes koj se tie) vo svoite drzavi cesto gi ubivale i heleniziral ne-Grcite (citej za Makabejskoto vostanie vo Izrae od Biblijata), zatoa sto so nego e zapocnata edna golema kolonizacija (naseluvanje) na Grci na celiot Istocen Mediteran. Aleksandar isto taka e Grk zatoa sto e del od tradicijata i kulturata na Grcite (tie so mileniumi tvrdat deka toj bil nivni i preraskaruzaat prikazni i pisuvale tekstovi za toa) Kaj nas (modernite i slavjanski Makedonci), ako se zanemarat nekolku recenici na Pulevski i sl, Aleksandar i Drevnite Makedonci prv pat vo literaturata se javuvaat vo 1992 godina so knigata na Cile Topurkovski. Znaci Aleksandar i Drevnite Makedonci vo nikoj slucaj i nacin ne se del od nasata tradicija i kultura pred 1992 godina. I na krajot ne e sramota da se bide pripadnik na edna mlada nacija.
 
Неинформирани
Александар на бил Грк,Самоил не бил Бугарин,Душан не бил Брбин,само што дотичните не го знаеле тоа и живееле и умреле во заблуда!Штета што тогаш немало вмровци и беломорци да им ги разјаснат работите.А немало ни уметници“,како нашиот Русјаков, кои компонираат портокалова историја!!!!
 
mitko da ti objasni brajko
So lazenje i kradenje tuga istorija ovaa drzava i nacija nema nikade da stigne. Samo im davame argumenti na Grcite da ne gazat na diplomatsko nivo. Se sto tvrdis e smesno i nikade ne e prifateno kako istoriska nauka. Za doseluvanjeto na Slavjanite na Balkanot pisuvaat barem dvaesetina avtori (Jordanes, Prokopius, Ptolomej i sl) Deka slavjanite trgnale od tuka i pocnale da se sirat kon sever prestavuva OBRATNOPROPORCIONALNA teorija vo odnos na naucnata istorija zatoa sto site drugi narodi (Germani, Vandali, Huni, Anti i sl ) se dvizele vo sprotivnata nasoka. A zasto Aleksandar bil Grk da ti nabrojam nekolku pricini: imal grcko ime, bil od grcka vera, sluzben jazik mu bil grckiot, sluzbenoto pismo mu bilo grckoto, sirel grcka kultura, bil clen na Amfiktionskata (grcka) zaednica, se sto imenuva. (konjot gradot Tesaloniki) e na grcki, sekade kade ke prosol ostaval natpisi na grcki vo koi SAMIOT SE IZJASNUVAL ZA GRCKI KRAL (togas nemalo VMROovci da mu objasnat deka ne e GRk).
 
МКД
Текст напишан со задоволство да се чита. Се во него е точно освен две работи. Прво Наде Проева не е историчар кој ги врзува стара со денешна Македонија (и многу се лути кога се користат нејзините дела во тој контекст). Второ, записот на Цар Душан е точен, но она што е цитирано во текстот е препис од, ми се чини, хрватски богослов. Оригинално Стефан Душан се прогласува за цар на Србите и на Грците (неговиот законик), но на неговиот грб, Македонците се поставени први (македонскиот лав), а Србите дури на петто место. Има многу контрадикторности околу тој цар и сите документи не и се допстапни на научната јавност. Има српски попови на Света Гора кои чуваат документи од времето на Цар Душан и не дозволуваат да ја видат светлината на денот. Ове мора да се земе предвид дека во тоа време, царевите се соптвеници на државата и не им е гајле многу за етничката припадниост. Не им ниту на обичните луѓе. Сфаќањето за етничноста е дело на национализмот (народот станува Божји оснивач на државата)
 
AMSTERDAM
DO UMETNIK. Orginalite od negovoto proglasuvanje kako Car Dusan, Makedonski Car ,seuste mozat da se vidat vo nekolku zemji ,MEGU KOJI I HRVATSKA.Ako neznaes kako jas ke te upatam kade da gi poglednes. ?? JAS SUM UCEL SREDNO OBRAZOVANIE VO ZA VREME NA JUGOSLAVIJA , VO MAKEDONIJA SE UCESE ZA CAR DUSAN , ONA SVE STO E TOCNO NO NE SE SPOMENUVASE "MAKEDONSKI" SO TOA SE IGNORIRASE DEKA VO TOA VREME NE POSTOELE MAKEDONCI . (..vaka bese cetivoto : Car Dusan Car nad Srbite,..Grcite ,..Bugarie ,..Vlasite ,..Albancite ,.i sl. .)
 
belomorec 3
Rusjakov tekstot ti odlicen,kako i site dosegasni.Samo bi Te zamolil vo idnina da ne gi spomnuvas Gero,Koljo-izdavacot i Zarko.........Im pravis reklama.Ne zasluzuvaat ni prostor ni vreme.Najgolema navreda za niv ke bide aki nikoj ne gi spomnuva ni vo najloso svetlo.
 
тиме струмица
Одличен текст на РУСЈАКОВ само што многу малку луѓе читаат во тоа енашиот проблем.
 
R Prespanceto
Gospodine Rusjakov mnogu me izraduvavte shto ste iskren e kazuvate vistinskata istorija za Makedonia i svojot Narod. Nashite istorichati se bazirat poveketo so Grchkata mitoloshka i storija oti slavjanite doshle vo 6 tio vek vo ovie prostori toa e apsolutno obratno. Site ovie nashi istorichari poveketo neznat nekoj stranski Jazici nego samo Makedonskiot i Srpskiot i ako ima toku dokazi deka na cel slavjanski narod potekloto im e od ovde ova e matichnata Zemja i matichniot jazik pa i matichnoto pismo sve e od ovde nagore naseleno ane kako nekoj nashi istorichari nastojavat oti nie sme doshle od Karpatite toa e sve Grchka laga, Zashto Grcite ne mrazat? zashto Grkot nestava spomenik od Filip ili od Alexandar spomenik vo Athina ! Asega velat oti Aklexandar e Grk zashto? bidete svesni Razbudetese chitajte stranski istori davi kazat koj sme i shto sme Rusiakov e polpulno prav. I vie istoricharite ste partiski podeleni i se kritikuvate pomegju vas zashto toa? eden poznaen od drogiot.
 
marioec od azija
UF,uf,uf.Abe sto im napravi na ludjeto,sega ce se raspiskaat nasite istoricari Citateli,koj li uste ne.Koj da procita tolku gluposti na edno mesto.Inaku i vo Azija Makedonija si ja pisuva ubavo Makedonija,a ne Fajrom,a i ubavo se gleda kako e namaluvana nejzinata teritorija koga ce gi sporedis kartite.A za kvazi Elitata nasa Makedonska,ne bi rekol deka e takva,zatoa sto se toa komunisticki,rasipani i samobendisani ludj sto go iskoristija sistemot za enormno bogatenje i kradenje.Elita ne se pravi za nekolku godini,nego so tradicija i vrednosti koi traat i so vekovi.Pozdrav i srecni praznici.
 
Харарс
Имаме интелектуалци што ја знаат историјата и сметаат дека треба уште да ја учат и да дојдат до вистината. Имаме историчари што ја научиле историјата од некое друго време и таа е за нив вистината. Има политичари, новинари, експерти за се‘ кои ја прикажуваат и прифаќаат историјата како што им одговара да е таква- од чисто лични или партиски причини. Браво за Русјаков.
 
Аналитичар
Ти, Анту, кога ќе свикаш основачко собрание на новата организирана сила што станува со секој твој текст се` побројна. Ајде застани на чело на сите кои имаат исконска желба да се исчисти Македонија од сета гнасотија од политичари, новинари, историчари..., иза да ја поведат оние чија цел е животот, а не парите и другите маснотии.
 
Car Samoil
Samo sakam da ti se zablagodaram g.d Rusjakov za ova odlicno napisan tekst,poln pogodok,samo mora da napomnam da ne daj gospot ovie istoricari za pomalku od 24 cati ke ja smenat celata Makedonska istoria samo za nekolku iljadi evra ke stanat bugari grci srbi samo ne i Makedonci,zatoa samo kutat i gi nema da izlezat vo podrska na Republika Makedonia oti sigurno tie se onie sloveni sto po dunav so trski vo gaz stignaja na ovie prostori i zatoa se sve samo ne i Makedonci.
 
vlatklo
Aleksandare sekoja cest tvoite kolumni se najdobroto nesto sto moze da se procita co Makedonskite pecateni mediumi
 
„Уметник“
Баш ме интересира каде „уметникот' нашол дека цар Душан се претставува себе како македонски цар?Го читал ли Душановиот законик,или ги читал Иљов и Донски?Навистина е „уметник“!!!!
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski