Правеле автобуси за Гинис, сега ќе прават и за Скопје


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Гоце Трпковски
Прослави се ближат, деманти се нижат
Уште не сме ја помирисале новогодишната атмосфера, а таа веќе засмрде на политика. Пред да засветат украсите, светнаа партиските портпароли со обвинувања дека фирмата била блиска до другата партија и со деманти дека таа ...
 
Мирка Велиновска
Банкрот на „европската“ политика
Политиката на ЕУ како заедница на држави овојпат јавно беше тестирана и, наспроти сите дипломатски керефеки, таа не само што не го положи сопствениот тест, туку му откри на сиот свет дека се работи за субјект неспособен ...
 
Петар Алексовски Пепо
Ја губиме ли спортската гордост?
Според стручните спортски работници и експерти, одговорот е ДА. Во август годинава, двајца спортски новинари и спортски работници, добри познавачи на состојбите во македонскиот спорт (Атанас Костовски и Зоран Михајловски), во ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Украинската компанија што го доби тендерот за 100 едноподни возила за градскиот превоз пред две години го произвела 365 илјадитиот автобус и влегла во Гинисовата книга на рекорди

 
 
  
Украинската фирма „Лвивски автобусни завод ЛТД“, која победи на тендерот за набавка на 84 едноподни автобуси за подобрување на јавниот превоз во градот, пред две години го произвела 365 илјадитиот автобус, со што добила сертификат од Гинисовата книга на рекорди. Компанијата била формирана во 1945 година, а на средината на 1950-тите години почнува да произведува автобуси, кои се распространети низ Европа и низ целиот свет.

На интернет-страницата њњњ.лаз.уа/абаут на фабриката веќе е објавена веста дека учествувале на електронското наддавање и биле избрани како најповолен понудувачи на јавната набавка за едноподни автобуси во Македонија.

Според Валериј Кокот, советник за економски прашања во украинската амбасада во државава, оваа фирма е една од водечките во Украина и има традиција во производството на автобуси.

- Фабриката за автобуси во минатото најмногу извезувала за СССР, но сега такви автобуси се возат и во многу други земји. Тие соработуваат и со познатите фабрики за производство на автобуси, како МАН, „Доич“ и други. Според нашите сознанија, автобусите во Скопје треба да бидат со црвена боја - објасни Кокот.

Тој додаде дека Игор Чуркин, сопственикот на оваа фабрика, ќе дојде идната недела во државава, па за сите детали би можеле да контактираме со него.

Сé уште не се соопштуваат карактеристиките на автобусите, како колкав ќе биде нивниот капацитет за превоз на патници, колку седишта ќе имаат и слично. Единствено се знае дека ќе бидат опремени со мотори „еуро 4“ и дека ќе имаат автоматска рампа за инвалидизирани лица. Од Министерството за транспорт и врски рекоа дека ќе почекаат да помине рокот за жалби и да се потпише конечниот договор за да се откријат овие и други детали. Оттаму само соопштија дека набавката на 100 автобуси е најголемата инвестиција во јавниот превоз во историјата на Македонија.

ЛАЗ, како што е скратеното име на украинската компанија, побарала по 125 илјади евра за единечните, а по 170 илјади евра за зглобните возила и со тоа ги победила конкурентите. Другите две компании што учествуваа на тендерот, како „Соларис“ од Полска и „Јутонг“ од Кина, понудиле повисоки цени за едноподните автобуси. „Соларис“ излегла со цена од 200 илјади евра по парче за единечен автобус и 294 илјади евра за еден зглобен автобус. „Јутонг“, пак, не учествувала на набавката за зглобните автобуси, но за еден соло-автобус барала близу 140 илјади евра.

Од скопската фирма „Иев“, која ја претставува кинеската фирма „Јутонг“, велат дека сé уште ја разгледуваат можноста да поднесат жалба до второстепената комисија за јавни набавки, бидејќи ова било електронско наддавање и немаат увид во сите податоци на понудувачите на самото место.

Во тек е жалбената постапка, која ќе трае една недела, а ако не се поднесат жалби, ќе следува потпишување на договорот меѓу украинската компанија и Министерството за транспорт и врски.




Земји во кои се возат автобуси на ЛАЗ

Грузија
Молдавија
Унгарија
Романија
Куба
Авганистан
Словенија
Србија
Бугарија
Кина
Иран
Ирак
Тунис
Алжир
Египет
 
   
Автор: Р.З.  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 926          Оценка: 4,76  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
shofer
Zimbabve, a? Kolku sto se sekavam(e), na Audi ne mu bese dozvoleno da organizira proizvodstvo vo MK. Belki na Asiba-MG ne i odgovarase vo zlatnite vreminja na tranzicijata. E pa, dva pati ne molat. Zatoa, znajte deka i LAZ e predobar za vakvi kako nas, sepak polovina vek proizveduvaat - ne lomotat po kjoshinja kako nas.
 
niko
Ako nema klima, ke gi varat decat kako i dosega.
 
Градител
Нека им е со среќа, кој си работи се гледа, а не наш санос, тие што го пеплосаа сакат да работи?.
 
крис
БРАВО за Украина, баш ми е мило што тие го добиле тендерот! Братски народ и докажан пријател! Меѓу Украина и Турција имаме маркет од 150 милиони пријателски луѓе! не знам што чекаме?
 
Milan
Fala bogu!!!Samo toa ke kazam. Ednas se vozam so gradski aftobis i odednas neznam kako no na zadnite sedista ima edno kako kocka za da moze soferot da go podigne ako ima defekt site znaete za sto zboram.I sto sakam da kazam,koga pukna nesto,toj kapak letna i udri vo glava edna zena,sreka sto ne i bese nisto.Od togas u gradski aftobis ne sum se kacil.ALELUJA ZA NOVI AVTOBUSI!
 
mkd
BRAVO ne samo 100 tuku 300 da se naracaat EDNOPODNI
 
Dejan
Abe mico,samo motorite se Mercedesovi,taka bilo sekogas.Vo FAS 11 OKTOMVRI segogas sami ja izrabotuvale karoserijata a motorite od MAN i Mercedes.....
 
Kosta
А што им фали на Украинците??? ние само им врачаме за услугата!!! се сеќавате од каде дојдоа авионите, хелохоптерите и тенковите во 2001 година??? кога никој несакаше да разговара со нас тие ни помогнаа!!!
 
tomo
auauauauauau, lele sto ubavi avtobusi, pa i u slovenija se vozele, demek koa ke vrne vnatre u nego nema da ima vir.
 
mico
kako odat rabotite ce pocneme od zimbabve da kupuvame autobusi. pametam deka porano imavme mercedesi a sega nekoj ukrainski. ubava demokratija
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski