РТВ-таксата ги скара извршителите и народниот правобранител


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Гоце Трпковски
Прослави се ближат, деманти се нижат
Уште не сме ја помирисале новогодишната атмосфера, а таа веќе засмрде на политика. Пред да засветат украсите, светнаа партиските портпароли со обвинувања дека фирмата била блиска до другата партија и со деманти дека таа ...
 
Мирка Велиновска
Банкрот на „европската“ политика
Политиката на ЕУ како заедница на држави овојпат јавно беше тестирана и, наспроти сите дипломатски керефеки, таа не само што не го положи сопствениот тест, туку му откри на сиот свет дека се работи за субјект неспособен ...
 
Петар Алексовски Пепо
Ја губиме ли спортската гордост?
Според стручните спортски работници и експерти, одговорот е ДА. Во август годинава, двајца спортски новинари и спортски работници, добри познавачи на состојбите во македонскиот спорт (Атанас Костовски и Зоран Михајловски), во ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Радиодифузната такса е јавна давачка и со давањето паушални изјави се прави штета за граѓаните и за општеството. Тоа е исто како да кажете не плаќајте даноци, велат извршителите

 
 
  
Македонската радио-телевизија нема став по завчерашното соопштение на народниот правобранител, со кое го предупредува националниот сервис дека не смее да наплаќа радиодифузна такса наеднаш и присилно. Директорот на МРТ, Ефтим Гаштев, не можеше да ни каже дали ќе постапи по дописот од народниот правобранител Иџет Мемети, во кој тој укажа на пропусти во процедурата за наплата на радиодифузната такса. Додека во МТВ беа збунети и затечени од новонастанатата состојба, извршителите што се вклучени во „присилната“ наплата на телевизиските сметки велат дека „постапката е во согласност со Законот и со Уставот“.

Соопштението на народниот правобранител со кое и се укажува на Македонската радио-телевизија за пропусти во наплатата уште повеќе ги збуни граѓаните дали да ги платат или не заостанатите сметки што беа доставени за годинава и последниот квартал од 2008 година. Забуната произлезе откако МРТ до сите 480.000 претплатници достави годишни решенија за наплата на радиодифузната такса, која изнесува 130 денари месечно. Оцената на народниот правобранител се совпаѓа и со мислењето на Организацијата на потрошувачи и се однесува на тоа дека МРТ има вина поради нередовната достава на сметките, поради што не може да бара и ретроактивно плаќање на целиот претходен долг на граѓаните. Мислењето на народниот правобранител било доставено и до раководните органи на МРТ, од каде што вчера негираа дека добиле такво известување.

- Не знам што содржи информацијата на народниот правобранител. Немам добиено таков документ и не можам да коментирам како би постапиле понатаму - ни изјави директорот Ефтим Гаштев.

Ставот на народниот правобранител е дека „со донесување решение нема основа да се бара наплата на радиодифузна такса, а уште помалку да се преземаат мерки за присилно извршување и присилна наплата“. Исто така, народниот правобранител се противи на принудната наплата на сметките за кои граѓаните немаат добиено решение, кое станало извршно и без да бидат известени граѓаните за одземање на нивните средства од личните сметки во банките. Наспроти оваа институција се извршителите, кои сметаат дека начинот на наплата на радиодифузната такса е во согласност со Законот за радиодифузија и со Законот за извршување.

- Основа за присилна наплата е извршна исправа, а во согласност со Законот за радиодифузија тоа е решението за радиодифузна такса, кое според истиот закон го издава МРТ. Радиодифузната такса е јавна давачка и со давањето паушални изјави се прави штета за граѓаните и за општеството. Тоа е исто како да кажете не плаќајте даноци - ни изјавија извршителите.

Извршителите велат дека непотребно се дига фама околу плаќањето на сметките за телевизија. Против начинот на наплата на сметките за телевизија имало доставени и приговори до Уставниот суд, кој не нашол „противуставност“ во Законот за радиодифузија односно на начинот за наплата на телевизиската такса. Уставниот суд е независна институција и нејзините одлуки се објавени во „Службен весник“ и се во сила, велат извршителите.
 
   
Автор: М.Р.Ј.  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 591          Оценка: 3,71  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
...edi koj si Makedonec...
Na nekoj luge ocigledno rabotite ne im se jasni do taa merka sto ednostavno se smesni.Razberete ednas za sekogas deka:Javniot servis treba da se plaka,taka e sekade taka treba da bide i ka j nas.Pa ako 13O,oo denari se mnogu,togas navistina nie sme za zalenje.Ke kaze nekoj :"Jas plakam kablovska".Abe luge ,edno e kablovska,sosema drugo e Nacionalna televizija.Megutoa,sega nacinot na koj treba da se plaka MRTV e sporen i ne jasen.KAKO PRVO v:Izdadeni se resenija za plakanje radio difuzna taksa slicni na onie resenija za plakanje danok na imot.Bi prasal:Dali odgovornite luge vo MRTV razmislija so tie resenija da ispratat posebni uplatnici za sekoj mesec pooddelno kako sto se ostanatite komunalni davacki.Zamislete sega postojat pismeni,polupismeni,a nekade i nepismeni luge.Spored nacinot i formata kako se dostaveni resenijata proizleguva deka treba toa da se pravi so onie isti uplatnici so koi plakame sekojdnevno,pa taka treba da ni bide presmetuvana i postarina.Ako e taka togas zosto barem ne napravile fotokopija kako treba da bide popolneta uplatnicata i kako takva da bide prikazana na obrascite.VTORO:Sto pravea od lanskiot septemvri pa do sega odgovornite luge vo MRTV, za da duri po poveke od edna godina ni gi ispratat resenijata,pri toa svesno soocuvajki se so zastarenost na obvrskite za plakanje.TRETO:Zosto ako plakanjeto na radio difuzna taksa ima forma na javna davacka,pri postoenje na SOVET ZA RADIODIFUZIJA,parite se slevaat najprvo vo kasata na MRTV,a posle se rasporeduvaat na drugite TV kuki.Zosto parite da ne gi sobira prvo Sovetot za radiodifuzija,pa spored sobranoto i spored toa komu kolku mu pripaga da gi deli.CETVRTO:Koga se ima veke takva situacija,zosto Vladata na R.M. ne im dade odvrzani race na MRTV da se organizira onaka kako bi bila uspesna na pazarot.Vo situacija koga MRTV poseduva covecki resursi, t.e. luge skoluvani,so iskustvo;prostoren kapacitet za rabota na istite tie luge;oprema,vozen park,arhivski materijali i se sto e potrevno za da bidat prvi,a ne posledni po kvalitet na programa koja ja prikazuvaat, prvi po gledanost ,po se ona sto se narekuva kvalitetna Televiziska i radio programa...Na krajot ke kazam deka navistina sramno e da ne ja plakame radiodifuznata taksa,koj iznesuva kolku dve kutii cigari,no i zalno e od strana na MRTV vo 21 vek da se odnesuva taka kako sto se odnesuvase do sega,odnosno onaka kako sto pogore opisav.....Blagodaram
 
tome
se plaka RADIODIFUZNATAKSA . a ne pretplata na MTV . plakaat sekade vo svetot a nacinot na naplata so izvrsitelite mozebi e malku sporen
 
ROBIN HUD
CIST REKET ,OD STRANA NA MRTV ,SO POMOS NA VLASTA .?Se sto ke iskomentirat korisnicite za se vo pravo nesme padnati od nebo .Ako e pazarna ekonomija togas i MTV neka se bores za prtplatnicite ,zasto site nie bevme nivni tie nas ne IZBRKAA a ne nie niv .Sega na SILA sakat da ne vratat ? Dodeka se boreja za vlast ANTIKOMUNISTIVE ne vikaa deka KOMUNISTICKATA diktatura ke ja zamenat so svoja Vaka li ke ni vrakaat ako gi izbereme niv ova li bila nivnata demokratija da ne mozes nitu da se pozalis .Komunistite bile apasi ,pa komunistite za vas se cveke .Ako sve ukrale komunjarite ,vie ke befte gola sirotinja zasto ne ke ostanese nisto za vas .?KOMUNISTITE ZEMALE OD BOGATITE od tie sto go kradele narodot i od tie sto ne im plakale na rabotnicite za nivniot trud .A VIE SEGA KAKO ANTI KOMUNISTI IMGO ZEMATE LEBOT OD USTA NA NARODOT OD TIE STO VE GLASALE , NA MAL DEL OD NARODOT IM DAVATE KOSKA ZA DA VE STITAT . O RABOTNICKO KLASO OSVESTISE OD CEL SVET OBEDINISE .
 
Прилепчанец
Само да ве исправам: Не се работи за неплатени сметки туку се работи за извршни решенија за наплата без никква судска постапка.МРТ на никого не му испратила сметки и сега со некакви решенија бара да наплати радиодифузна теакса за последните три месеци од 2008 год и за цела 2009 год.Ова никаде го нема дури ни во Тунгузија само кај нас.
 
pero
Izvrsitelite se vrzani so vlasta i si gi delat parite. Jas za smetka od 1100 denari.Za izvrsitelot mi zemale 6000 denari bez da mi ispratat smetka ili da me predupredat da platem vo nekoj rok. neka im e na sovest gi unistuvaat sitnite
 
vaga57
se slozuvam deka vladata treba da si go plaka javniot servis zatoa sto sekogas kaj niv ima besplatno reklamiranje od strana na vladata na RM sto znaci nie graganite plakame kabelska pa MRTV neka se usoglasi so kabelskite operatori.Sto ako pocnat A1,Kanal 5,Alfa i site drugi da naplakaat sto ke bide togas.Znaci vo nasava drzava samo uste vozduhot sto go diseme ne nie naplaten,ama kako sto odat rabotite i toa ke ni se sluci.............
 
"Vodolija"
Sosema go podrzuvam Cvetan!?Site koi imaat kablovska ne treba da i plakaat na MRTV,nitu pak slepite ,gluvonemite,gragjanite koi vo opste nemaat aparati da plakaat radiodifuzna taksa!?Toa tie kako ovaa vlada da donela zakon :AJDE SEGA PLAKAJTE GO I VOZDUHOT STO GO DISETE,AKO NE IZVRSITELITE KE VE SOTRAT!?Pa dragi IZVRSITELI dali toa vi e celiot pamet sto vi go dal Gospod Bog!?Pa ako ste izvrsiteli neste valjda i LUDACI! KAKO DA IM NAPLATIS TAKSA NA gorenavedenite lica? Pa MRTV neka gi blokira nivnite elektronski talasi i neka tie talasi ne idat do nasite aparati!!
 
od Cvetan
koja taksa? za sto? za toa sto nikoj ne ja gleda MTV,plus sekoj od nas veke plaka kabelska tv,znaci,imam dogovor so kabelskiot operator,a ne so mtv,e pa oni neka si se razdolzuvaat.ne mozam 14 razlicni operateri da plakam.kako sto znam,od budzetot na Makedonija tie veke dobivaat plati i ostanato,i? koj del ne im e jasen?
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski