![]() |
|
Македонија |
Економија |
Свет |
Хроника |
Скопје |
Коментари&Дебати |
Култура |
Актуелно |
Пусто турско |
Медицински совети |
Македонија |
Економија |
Свет |
Хроника |
Скопје |
Коментари&Дебати |
Култура |
Актуелно |
Пусто турско |
Медицински совети |
|
| |
|
|
„Нервозно“ дебело црево |
|
|||||||||||||||||||||
Причината за ова нарушување не е јасна, но се смета дека психичкиот фактор има голема улога, бидејќи цревото е поврзано со мозокот со праќање сигнали преку нервни завршетоци |
||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||
| Синдромот на иритабилен колон (нервозно дебело црево) е функционално нарушување што се карактеризира со болки во стомакот, грчеви, надувување на стомакот и промени во празнење на цревото со отсуство на органска болест. Се проценува дека до 50 отсто од пациентите што ги посетуваат гастроентеролошките амбуланти се јавуваат поради симптоми од иритабилен колон. Причината на ова нарушување не е јасна, но се смета дека психичкиот фактор има голема улога, бидејќи цревото е поврзано со мозокот со праќање сигнали преку нервни завршетоци. Ваквите сигнали се многу поактивни за време на стрес, правејќи ги цревата почувствителни. Иритабилен колон може да се јави во секоја возраст, иако е почест кај жени под 40-годишна возраст. КЛИНИЧКА СЛИКА Болките во стомакот, кои на каков било начин се поврзани со дефекација, се од големо дијагностичко значење. Тие може да бидат со различна јачина и локација, дури и кај ист пациент. Болката може да биде тапа, грчевита или остра. Болката обично не е присутна за време на спиење. Пациентите може да имаат течна или водена столица, со чести нагони за празнење. Други, може да имаат опстипација со грчеви при дефекација (празнење на цревото). Може и да не дојде до дефекација и покрај нагонот за празнење или столицата да е количински мала и фрагментирана на мали парчиња. Симптомите се влошуваат во стресни ситуации, знаат да се јават и по јадење, а се намалуваат или исчезнуваат по дефекација. Пациентите често ги користат термините „пролив“ и „запек“ поради различната конзистенција на столицата, која може да биде од течна до тврда, со повеќе од три столици на ден или помалку од три столици неделно. Се јавува и присуство на слуз во столицата, но без траги на крв. Некои пациенти имаат лажни повици за дефекација или чувство на непотполно празнење. Многу често се јавува ждригање, повраќање, гадење и изразено надувување на стомакот. Симптомите може да се влошат во одреден период, а потоа да исчезнат за одредено време. За други пациенти, симптомите перзистираат цело време до состојби кога може да дојде и до губење на апетитот. Многу е важно да се знае дека вакви симптоми може да се јават и кај карцином на дебело црево, воспалителни болести на дебелото црево и инфекции. Мора да се обрне внимание на присуството на крв во столицата, слабеење, слабокрвност, треска, температура, покачена седиментација и други отстапувања во крвната слика. Во тие случаи потребно е да се направи колоноскопија за да се исклучи постоење на заболувања на дебелото црево различни од состојбата „нервозно дебело црево“. ЛЕКУВАЊЕ Најважна терапија е да му се објасни на пациентот за бенигната природа на дијагнозата и да се информира дека не боледува од карцином или од друга тешка болест. Кај пациенти што во заднина носат тешки психосоцијални проблеми, потребно е да се даде психолошка поддршка од психолог или од психијатар. Од храна и пијалаци, потребно е да се избегнуваат кафе, алкохол, вештачки засладувачи и масти. Излекување на синдромот „нервозно дебело црево“ со терапија не постои, освен давање лекови што помагаат за конкретните симптоми кај пациентот. Доколку има течни столици (дијареа), се даваат лекови за намалување на столиците, во случаи на болки се даваат спазмолитици, тврдата столица се регулира најчесто со промена во исхраната, гасовите со антифлатуланси, а неретко, кога е потребно, се даваат и антидепресиви. Терапевтски помагаат редовен сон и оброк, редовно вежбање и диететски режим. |
||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: 314 Оценка: 3 | ||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||
|
|