|
|
Мара Бунева во февруари во Скопје, а по неа и Ванчо Михајлов |
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
На восочната фигура Ченто е претставен во затвор, дедо Иљо Малешевски носи традиционална малешевска носија. Мисирков и Груев се седнати, Христо Узунов е во поза пред да изврши самоубиство, пишувајќи проштално писмо |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Восочната фигура на Мара Бунева ќе стигне во Скопје до петти февруари. Музејот во Киев веќе и ја изработил главата. Сега се прави телото. Гоце Делчев се доработува. Се леат фигурите на Страхил Гигов, Лазар Колишевски и Цветко Узунов - Абаз. Христо Матов, Пере Тошев, Кузман Јосифовски - Питу и Лазар Трповски се готови. До почетокот на идниот месец нивните фигури ќе бидат транспортирани од Украина во Скопје. Со образложение дека ја овековечува историјата, Владата не се откажа од намерата да ги излее во восок и контроверзните личности од минатото на Македонија. Ванчо Михајлов е во групата на фигури што следни ќе се прават. Фигурата на Тодор Александров е примена во Скопје пред дваесетина дена. Сите тие се дел од 105-те восочни фигури што ќе бидат изложени во музејскиот комплекс „Македонска борба – Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунизмот“ што владата го гради од левата страна на Вардар. Музејот треба да биде готов до крајот на годинава. Тогаш се очекува во Скопје да бидат донесени сите фигури што ќе бидат поставени во него. Задолжена за изработка на фигурите е скопската фирма „Специјална опрема“, во соработка со експерти од Киев. Директорот Јовица Ѓуричиќ вели дека фигурите ќе чинат 1,5 милион евра. Или, секоја фигура просечно по 15.000 евра заедно со костимите и царинските давачки. Според Ѓуричиќ, тоа е многу поевтино од западните држави каде што изработката на една восочна фигура е од 150.000-200.000 евра или од Русија, каде што цената е 150.000 до 300.000 долари за една фигура. Додека покрај Вардар интензивно се гради, во Киев интензивно се работи. Седум украински уметници во соработка со пет македонски историчари се обидуваат да ги „трефнат“ и физичките, но и психолошките карактеристики на личностите што ги овековечуваат во восок. Заедно со скулпторите, костимографот и членовите на комисијата од Министерството за култура, тимот задолжен за овој проект брои 20 лица. - Прво се избира фотографија. Некогаш има многу, но во некои случаи, постои само една фотографија. Од таму се определуваат висината, тежината, бојата на коса и на очи. Потоа се прави психолошки профил за да се погоди изразот на лицето. Во првата фаза, се прави главата на фигурата во глина. Потоа се лее во восок. Косата се става влакно по влакно. Очите ги изработува очен протетичар. Кога главата ќе биде целосно готова, почнува изработката на телото (манекенот). Ако комисијата нема забелешки, се носи костимот во Киев и фигурата се облекува. Така готова ја транспортираме до Скопје во посебни сандаци - велат во „Специјална опрема“. Досега се донесени 40-тина фигури. Методија Андонов - Ченто е претставен во затвор, облечен во затворска облека. Дедо Иљо Малешевски носи традиционална малешевска носија. Крсте Петков Мисирков и Даме Груев се седнати, Панчо Михајлов-Чавдар е клекнат, а Христо Узунов е во поза пред да изврши самоубиство, како и пишува писмо на мајка си. Фигурите се чуваат во посебна просторија, на температура од најмногу 15 Целзиусови степени. Упатените што имале можност да ги видат восочните фигури велат дека според изработката, тие по ништо не заостануваат зад фигурите во познатиот музеј „Мадам Тисо“ во Лондон. Целта на поставката во Музејот на ВМРО е да се прикаже историјата на Македонската револуционерна организација. Изборот на програмата во двата музеја е на историчарот Зоран Тодоровски, директор на Архивот на Македонија. Дел од историчарите и Сојузот на борците веќе го оспорија изборот на Михајлов и на Бунева, со образложение дека тие го оспорувале македонскиот идентитет и биле поборници за бугарската кауза. Владата смета дека и негативните личности се дел од историјата и оти и за нив има место во музеите. Восочните фигури ќе бидат изложени во Музејот во амбиент соодветен на времето во кое дејствувале личностите, според кои се направени и под посебни светла за што ќе се погрижат експерти од Украина. Во околните земји, Музеј на восочни фигури има во Јагодина, Србија. Личности што ќе се најдат во Музејот ГОТОВИ ФИГУРИ: Крсте Петков Мисирков, Ѓорче Петров, Славчо Ковачев, Методија Шаторов, Методија Андонов -Ченто, Јане Сандански, Павел Шатев, Александар Протоѓеров, Борис Сарафов, Арсение Јовков, Даме Груев, Димо Хаџи Димов, Никола Карев, Димитар Влахов, Христо Узунов, Питу Гули, Тодор Александров, Димитар Поп Георгиев - Беровски, Дедо Иљо Малешевски и Димитрија Чуповски. Донесени се и фигурите на Вилијам Гледсон, Васил Чакаларов, Панчо Михајлов - Чавдар и Драган Богдановски. ИЗРАБОТЕНИ СЕ И ШЕСТТЕ ОСНОВАЧИ НА ВМРО: Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев, Андон Димитров и Христо Татарчев. ГОТОВИ, СЕ ЧЕКА ДА СЕ ДОНЕСАТ ВО СКОПЈЕ: Христо Матов, Пере Тошев, Кузман Јосифовски - Питу и Лазар Трповски. СЕ ЛЕАТ: Страхил Гигов, Лазар Колишевски и Цветко Узунов - Абаз. СЛЕДНИ ФИГУРИ ШТО ЌЕ СЕ ПРАВАТ: Никола Парапунов, Панко Брашнаров, Александар Турунџиев, Петар Чаулов, Ванчо Михајлов, Сирма Војвода, Венко Марковски и Петре Пирузе. ФИГУРИ НА КОРЕКЦИИ: Ѓорѓи Сугаров, Диме Панџуров, Алберт Сониксен (секретар на македонскиот комитет во Њујорк, учесник во чети на ВМРО) НАПРАВЕНИ САМО ГЛАВИТЕ: Мара Бунева, мис Елен Стон. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: 1597 Оценка: 3,13 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||