Внимавајте, новиот бауч се вика самовработување!


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Жарко Василевски
Внимавајте, новиот бауч се вика самовработување!
Со последната програма за самовработување што ја водат Агенцијата за вработување и УНДП, на 700 лица им е ветена финансиска помош за самовработување. Резултати - 700 лица останаа извисени, задолжени, изманипулирани, сиромашени, ...
 
Венко Андоновски
Социологија на интимата
Сигурен сум, познавајќи ја денешнава ситуација кога многу жени се похрабри од мажите, дека девојката ќе ги тужеше. Ама за тоа треба да се има вагина, мажишта мои, што молчите а гледате дека насекаде е на дело – СОЦИОЛОГИЈА НА ...
 
м-р Марко Грозданов, теолог
Време е (и) за духовна лустрација
Во рацете ми е досието што го водела Југословенската тајна служба за дедо ми, од единствена причина што бил „верски активен“ ...
 

Покани не доставуваше Комората, туку организаторот
Повод: „Сами дома се фиромизираме“, „Нова Македонија“ 29 октомври 2010 ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Со последната програма за самовработување што ја водат Агенцијата за вработување и УНДП, на 700 лица им е ветена финансиска помош за самовработување. Резултати - 700 лица останаа извисени, задолжени, изманипулирани, сиромашени, ама барем се - вработени

 
 
  
Седумстотини невработени лица добиваат можност да се самовработат, да си основаат свои фирми и да се изделат од огромната бројка невработени во државава, добивајќи неповратна помош од 185.000 денари за да си го олеснат почнувањето на бизнисот. И потоа - процесот запира.

Што се случи?

Сте аплицирале со бизнис-план во Агенцијата за вработување, сте поминале низ неколку селекции, УНДП ви ветил 185.000 денари, сте си основале фирма и ја очекувате ветената помош. Ем сте си ја оствариле животната желба да си имате сопствен бизнис, ем сте и олесниле на државава да не ве брои во армијата невработени.

Тогаш се случува застојот во процедурата.

Со последната програма за самовработување што ја водат Агенцијата за вработување и УНДП, на 700 лица им беше ветена финансиска помош за самовработување. Но тие останаа извисени, задолжени, изманипулирани, осиромашени, ама барем се вработени. Грантот што им беше ветен не им е исплатен во закажаниот рок, а тие трет месец имаат отворено фирма, имаат закупено дуќани, плаќаат кирии, уплаќаат плати, пензиско и здравствено осигурување и даноци, а не работат бидејќи немаат со што. Машините, алатот, фискалните каси, репроматеријалите, неопходни за почнување на бизнисот, сé уште не се платени од УНДП. Фактурите чекаат подобри времиња во некоја фиока и ја тестираат издржливоста на самовработените - до кога можат да издржат без приходи, а со многу давачки. Вака кај нас можеби ќе се роди некоја нова економска гранка. Сé бидува.

Кој е виновен? Се знае. Не сме ние, другите се. И во овој случај Агенцијата за вработување и УНДП си ја префрлаат вината еден на друг. Тие координирано работат. Следат сé, ја познаваат и состојбата на теренот. Поради тоа настапија и со доста концизен став по ова прашање. Реализацијата на Програмата за самовработување е во фаза на регистрација на фирмите, вработување и набавка на опрема и до крајот на годината ќе се реализираат сите планирани 700 вработувања.

Тие можеби и не знаат дека вработувањата се реализирани. Луѓето се вработени, ама немаат со што да работат. Немаат пари. Не можат да купат пластеници за фолии, компјутери, машини за сечење стакло, фискални каси, печатачи, расад за јагоди и слични основни работи, кои им се ветени за неопходното почнување на планираниот мал бизнис. Некои од нив продаваат имот, автомобили, земаат кредити, позајмуваат или трошат од платите на нивните најблиски за да ја одржат фирмата во живот и да останат вработени. Вака ќе биде сé додека не им се платат порачаните средства за работа. Со ваков почеток прашање е колку од овие бизниси ќе успеат и до кога ќе траат. По утрото денот се познава, вели народот.

Во услови на посткризна депресија во економијата, ликвидност што се задушува сé повеќе од ден на ден, на мали, нередовни или никакви плати, зголемување на цените на храната, енергијата и целокупната живејачка, да „самовработите“ некој на ваков начин - е безобразно и дрско. Како ова искуство ќе влијае понатаму на ваквите и слични проекти? Дали ова го поткрева претприемачкиот дух кај невработените, на кој постојано се инсистира? Вака ли се прави во светот, чија практика постојано ја цитираме? Се грижи ли некој за судбините на овие 700 семејства или најбитно е само дека, барем формално, има 700 помалку невработени во државава.

Според податоците од синдикатите и од статистиката, во земјава има околу 800.000 луѓе што немаат никакви приходи и околу 330 илјади невработени. Од септември има уште 700 што се вработени ама и должни до гуша.
 
   
Автор: Жарко Василевски  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 822          Оценка: 2,56  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
Ацо
Ајде јас како учесник (корисник на грантот)во програмава на Агенцијата за вработување и УНДП да дадам мое мислење:Апсолутно НЕ се согласувам со текстот на квази-авторот од едноставна причина што воопшто не е така. Како прво, за да ти се оцени позитивно бизнис планот мора да се нагласи дека самостојно ке учествуваш во буизнисот со сопствени средства(се отвара ли фирма со 3000 еур??!!), и повекјето од учесниците во програмава знаат дека ова е само еден вид на финансиска поддршка (во опрема, машини или слично) за олеснување на отпочнувањето бизнис, а не дека зависиш од тие средства. а има и мал дел кои мислат само нешто да „ќарат“ т.е. да го добијат грантот, да се платат фактурите, да си ја подигнат робата и да си ја затворат фирмата (да пројдат низ сито и решето за да им останат едно 300-400 евра- глупаци)... најверојатно квази-авторот информациите ги добил од таквите лигуши пошто ним не им одговара да чекаат 2 месеца пошто треба да плаќаат придонеси а ништо не работат(нити имаа намера).
 
КОРИСНИК НА ГРАНТОТ
Лицата кои потпишале договор со УНДП и А ГЕНЦИЛЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ повеќе пати присуствувале на средби и советувања со претставници на овиее институции и на сите им е објаснето дека согласно динамиката за реализација на овој проект средствата ќе бидат исплатени најдоцна до 15 декември 2010 година.Овој проект опфаќа и лица кои подолго време работаат непријавени и остваруваат приходи , а сега немаат средства да платат придонеси во износ од 4000 ден . месечно? Секој што аплицирал во својот бизнис план има наведено со колку проценти учествува во бизнисот и нивната намена , а еден од главните критериуми за рангирање на бизнис плановите е точно висината на сопственото учество , односно лицата кои регистрирале фирми согласно овој проект , веќе ги работат овие бизниси и не е точно дека овој проект ги " упропастил " .На голем дел од корисниците средствата им се исплатени и тие ја имаат набавено планираната опрема , нивните фирми функционираат не помалку успешно од останатите фирми воРМ
 
UPATEN za razlika od MUSSO!!!
Musso Musso po koj pat ni dokazuvas deka samo sees veter i magla i naprazno se zivo kritikuvas kako nekoja baba. Nemas ni A od argumenti. Konsultantite ne bea plateni 700 evra tuku 9000 denari za plan. 700 lica se odbrani zaradi biznis idejata, t.e. nejzinata izvodlivost vo praksa, a brojot na zainteresirani bese pogolem. I ne se raboti za kredit tuku bas za podarok kako sto vikas ti ili potocno za GRANT ako znaes sto e toa. Toa se nepovratni sredstva vo oprema vo iznos od 185.000 denari. Toa znaci deka licata ne dobivaat pari tuku kazuvaat sto im treba od oprema da im se nabavi i undp toa go nabavuva za niv preku dostava/plakanje na faktura. Ova trebase da se realizira uste krajot na avgust/pocetok na septemvri. Taka MUSSO, stvarno nemozam da te razberam, totalni nepoznavanja imas, a samo zboris kako se da znaes. Baba!
 
Musso
ТРАКРОР (претпоставувам си сакал да кажеш ТРАКТОР - сеедно) Муссо е доктор за економија, бизнис, менаџмент и политикологија. Аналитачр по професија. Фолирање и лупетање не поднесувам, а особено кога лагата и нарачката с егледаат “од авион“. Бизнис со 3000 еура не се отпочнува никаде, па ни во Македонија. Со 3000 може да ти се потпомогне, ама да го тераш, тоа само во бајките. Е сега што некои со 3 “хиљада еура“ станаа газди на цели фабрики и иљадници `ектари земја, тоа е феномен кој може да ти го објаснат Б.Ц., Шема и ними слични експерт - доктури....
 
tome
Крајно малициозен и НЕТОЧЕН текст. Не знам од каде му се овие податоци на авторот, ама се целосна невистина. Јас и мојата сопруга добивме ваков грант од 2000 евра уште во декември 2007 година, и успешно си работиме со нашиот семеен бизнис. Оваа година добивме писмо од Агенцијата за вработување со понуда за учество во уште еден проект - дополнително вработување, односно за секој нововработен во нашата фирма ни беа понудени по 1500 евра (грант, во опрема и материјали). Учествувавме за еден нововработен, цела процедура помина успешно, и во септември си ја зедовме новата машина и дел од потребните материјали за работа со неа. Целата процедура траеше нецели два месеци. Не се согласуваме со пишувањето на новинарот од кое се создава слика дека се работи за некава измама, атоа едноставно НЕ Е ТОЧНО !!!
 
тракрор-муссо
Ти бе Муссо си вечито незадоволе, све тебе не ти е јасно, све ти не си сватил... до тебе е проблемот не до текстовите што ги коментираш. Битно у приказнава е дека луѓето се измамени, требале да добијат пари за да почнат да работат, а не добиле. Сега ем знаеш се се правиш дека не си разбрал. Доктор по сите науки си, браво, такозвани експерт.
 
Musso
Жарко прво прочитај што си напишал. Второ, ајде објасни што е тоа УНДП, која е нивната улога во целава оваа ујдурма. И само 700 лица се во прашање? Купиле машини и фискални каси, уплкаќале плати? И што работеле? А, да заборавив не можеле да работата пошто не добиле 300 еура од државата или од УНДП. Инаку ќе се отепале од работа со машините кои ги купиле...Инаку парите, Жарко не се подарок туку кредит со мала камата, па како ли мислеле да го враќаат ако незнале или немале што да работат - произведуваат. Такви “бизнис планови“ начкртани од кавзи консултанти (кои наплаќаат по 700 еура за план) се имам изнагледано еден куп. Форма за да се “лапнат“ државни пари... Итар Пејовски штосови кои одамана не палат, а тој што купил и направил пластеници до сега ќе ги врател вложените пари три пати и ни цент нема да му бил потребен. Критикувајте владини програми и нивна нефункционалност, ама не пишувајте лаги и глупости кои од “авион се гледаат“.
 
Dilan
Ako ste mislele deka so 3000 evra ke stanete gazda ne znam sekoja cest? Znaci businessmanite cekale samo na ovie 3000 evra vo natura i gotovo ke stanele novi Sterjo Nakovci i gazda Nini.se sekavam 90tite vo MK sekoja familija imase po dve firmi najmalku i site veruvavme deka ke bideme gazdi ama posle 20 god pak isto da veruvame ne znam ovoj narod kako razmisluva gospod na pomosh neka mu e .
 
Dedo Boris - Bitola
Dobrite nameri,go trasiraat patot do pekolot-rekol nekoj opechen.Trite milijardi shtedni vlogovi,nekoj treba da znae,kako da gi menadzira.Poltikata samo treba da sozdade uslovi,a plasmanite se prashanje na umeshnosta, na onie koi shto sedat nad "grneto". Se ushte sme siromashni za pamet,a ne za pari.DA SE IMA I DA SE UMEE - prashanje e sega.
 
ММ
Тоа е резултат на работливоста на нашата администрација. Џабе закони и реформи ,кога нема кој да ги спроведе и почитува.
 
brankurce
posto veruvam deka ce go procitas ovoj komentar, te molam da vidis i objasnis kade odat parite za vrabotuvanje koi sekoj mesec so decenii ni gi odbivaat od platata kako pridones. kogu jas sum vrabotil so 700 denari mesecen porez 26 godini. ili toa e danok za spomenicite na grujo, a bogami i na BC
 
biljana
SVE E ZIVA PREVARA VO OVAA DRZAVA .T.N.AGENCIJA ZA VRABOTUVANJE PODOBRO NEKA JA VIKAAT AGENCIJA ZA AZURIRANJE NA SMRTNICI SE POCNA DA KOLABIRA VO DRZAVATA. VLASTA DA SE SVESTI.
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski