Парк на ветерници ќе никне кај Богданци


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Гоце Трпковски
Океан за светот, капка за нас
Претпоставките за нашето место во светска приказна наречена 250 илјади документи од Викиликс се дијаметрално спротивни (како и сé друго) и се движат од тоа дека нема да има ништо важно до тоа дека деновиве ќе бидеме многу потресени ...
 
Кирчо Арсовски
Млади луѓе
Денешниов луксуз ги нема блескавите бои и продуховените мириси на луксузот од минатите векови, кој го носел обележјето на поезијата. Денес не ви се потребни никакви духовни способности за да правите чуда, зашто чудата се прават ...
 
Дејан Витански
Трансформацијата на управата во ќор-сокак
Администрацијата мора да ја реставрира својата физиономија, односно да се трансформира од патолошко-бирократизиран и дехуманизиран субјект во ентитет, што ќе дејствува продуктивно и рационално и ќе биде во служба на граѓаните ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Германија додели кредит од 60 милиони евра наменет за ревитализација на шест хидроелектрични централи во земјава и за изградба на ветерни електроцентрали

 
 
  
Германија со кредит во износ од 60 милиони евра пласиран преку КФВ-банката ќе го подобрува енергетскиот сектор во Македонија. Дел од средствата во износ од 27,1 милиони евра ќе се користат за ревитализација на хидроцентралите „Глобочица“, „Тиквеш“, „Вруток“, „Равен“, „Врбен“ и „Шпиље“, а другите за изградба на ветерни електроцентрали кај Богданци, пренесе МИА.

За таа цел, претставници на владите на Македонија и на Германија вчера потпишаа спогодба за финансиска соработка за втората фаза на „Програмата за енергетска ефикасност“, како и договор за заем меѓу македонската влада, ЕЛЕМ и КФВ-банката за реализација на проектот за рехабилитација на шесте електроцентрали.

- Со овој договор ќе се обезбедат 60 милиони евра за реализација на два значајни проекта од областа на енергетиката. Станува збор за проектите „Рехабилитација на шест хидроцентрали“ и „Изградба на ветерни електроцентрали Богданци“, кои се дел од втората фаза на „Програмата за енергетска ефикасност“. Тие се чекор напред на Владата на Македонија кон остварување на поставените цели за зголемена употреба на обновливите извори на енергија, подобрување на енергетската ефикасност и намалување на увозната зависност од електрична енергија - рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Тој посочи дека заемот од 27,1 милион евра за ревитализација на електроцентралите му е доделен на ЕЛЕМ под исклучително поволни услови, со рок на отплата од 15 години, грејс-период од пет години и каматна стапка што во моментов е под еден отсто.

- Со проектот „Изградба на ветерни електроцентрали кај Богданци“, за кој од Владата на Германија се обезбедени 32,9 милиони евра, од вкупно потребните 75 милиони евра, се предвидува изградба на парк на ветерни електроцентрали што треба да постигнат годишно производство од 100 гигават-часа. Проектот е во подготовка и очекуваме во првата половина од наредната година да се склучат договорите за негова реализација - рече Ставрески.

Министерот за економија Фатмир Бесими нагласи дека со потпишувањето на договорите се реализира стратегијата за енергетика на Владата.

- Двата проекта се во согласност со Стратегијата за енергетика и Стратегијата за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Со тоа се докажува дека двата стратегиски документа нема да останат само на хартија туку дека ќе се спроведуваат - рече Бесими.

Германската амбасадорка Улрике Кноц рече дека е важно Македонија да ја намали зависноста од увоз на електрична енергија и додаде дека земјава има огромни потенцијали за производство на струја од обновливи извори на енергија.

- Билатералната соработка меѓу Германија и Македонија има за цел да се подобри економскиот и социјален развој на Македонија. Денешниот настан е еден чекор во нашите заеднички напори за подобрување на животот на граѓаните во Македонија - рече Кноц.

Директорот на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, информира дека со проектот за ревитализација на хидроцентралите се предвидува да се замени застарената и истрошена хидромеханичка, машинска, електроопрема и да се извршат интервенции во градежниот дел. Со спроведување на предвидените зафати вкупната инсталирана моќност на хидроелектроцентралите во системот на ЕЛЕМ ќе се зголеми за 18,31 мегавати, како и дополнително производство на електрична енергија од околу 50 гигават-часа.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 31,88 милиони евра, а од нив 4,78 милиони ќе бидат сопствени средства на ЕЛЕМ. Проектот треба да биде имплементиран до крајот на 2013 година.
 
   
 
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 709          Оценка: 4,97  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
dr minev
So godini go imam primeno Germanskoto spisanie za alternativni(obnovlivi) energii i kako medicinsko lice sum clen na lekarskiot antiatomski klub vo Evropa. Od pamti veka sum cezneel kaj Bogdanci vo mesnosta Mamino da se podigne park od veternici. Tamu caruva Vardarecot vo pogolem del od godinata. Mu cestitam na gospodin Gruevski deka se zafakja za eden takov blagoroden podvig i mu blagodaram vo sklopot na negovata vlada. Ovaa vlada konecno ke gi ispolni moite mladinski sonista, da se eksploatira takov cist izvor na energija. Toa e blagodet za Makedonija. Makar i zakasneto ke blagodaram isto taka na NM ako ova go pecati.
 
aleks
Za razlika od nekoi imperialisticki nacii koi se zanimavaat kako da eksploatiraat i da pokoruvaat narodi Germancite od sekogas bile dalekugledi koi ekonomijata ja gradat vrs inovacii i tehnoloski dostignuvanja koi nikogas ne bile imperialisticka sila i ne bile kolonisti a sepak se faktor vo svetot bravo za germancite.
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski