![]() |
| |
|
|
Академици и интелектуалци апелираат до светот за неменување на името |
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Македонската држава е уценета да прифати самоуништувачко решение, пишува во писмото во кое се потпишуваат академици, интелектуалци и новинари |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| И македонската интелектуална јавност, поточно дел од неа, се вклучи во борбата за зачувување на името, слично како што се обидоа професорите од грчки потекло во САД. Меѓу македонските интелектуалци, академици и новинари последниве два дена циркулира писмо во кое се бара да го потпишат. Но, за разлика од грчките професори, на чело со Стивен Милер, од универзитетот Беркли во Калифорнија, каде што беа наведувани дискутабилни историски тези, во ова писмо се бара од светските државници и од меѓународните институции да го заштитат основното човеково право, правото на идентитет на македонскиот народ. Во писмото се потенцира дека името на Македонија пред сé извира од нејзиниот народ. „Иако е незамисливо за почетокот на Третиот милениум, во завршна фаза е сериозен обид за разнебитување на македонскиот народ и неговата држава. Огромен е меѓународниот притисок на кој е изложена Република Македонија да го смени своето уставно име со кое се гордее веќе 65 години. Државата го носи името според мнозинскиот македонски народ, а не по истоимениот регион. Тоа е папочната врска меѓу народот и името на државата, која не смее да се прекине. Во името на државата е содржан културно-историскиот идентитет на македонскиот народ. Суштината на спорот е што Грција одбива да прифати постоење на посебен македонски етнички идентитет и сé што е македонско кај нас. Преку името на државата, таа се обидува да го оспори националниот идентитет на народот, неговиот јазик, култура, традиција... Затоа, Атина упорно настојува да ни се даде име исклучиво со географска, а не со национална одредница. Така, ако нема македонска држава, нема ниту македонски народ. Ако тие не постојат, тогаш не може да се зборува ниту за македонско малцинство во Грција, кое таа не го признава и кое не ужива никакви права“, пишува во писмото. Авторот на писмото смета дека идентитетот и името се нераздвојни. Зошто се издаваат „идентитетски карти насекаде во светот“, прашува авторот. Авторот потенцира дека Грција флагрантно ги прекршува Копенхагеншките критериуми, кои се одредница за членство во ЕУ. „Не дозволувајте да се прекршат фундаментите на слободата и демократијата. Македонскиот народ не бара ништо што не е придобивка за сите народи и држави. Сакаме да бидеме тоа што сме, тоа што биле нашите татковци, дедовци, прадедовци. Сите тие се раѓале, живееле и умирале како Македонци. И кога немале своја држава, и кога биле поробени и непризнаени, Македонците секогаш зборувале на македонски мајчин јазик, пееле македонски песни. Се чувствувале Македонци. Зарем може некој од нас да бара да се откажеме од тоа што сме? Да не бидеме повеќе Македонци? Денес македонскиот народ е пред присилно истребување. Сите што нема да го кренат гласот против оваа неправда, ќе ја сносат историската одговорност. Борбата за правда е глобална и во интерес на сите. Не дозволувајте да се враќаме во почетокот на 20 век“, се наведува меѓу другото во писмото. Засега е непознато колкумина се потпишале на ова писмо. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: Оценка: | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||