![]() |
| |
|
|
Кој ќе го изеде крапот во Преспа? |
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Според најавите ниту македонскиот, ниту пак грчкиот премиер не очекуваат никаков напредок од средбата што треба да се случи во Преспа |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Брисел успеа да ги убеди премиерот Никола Груевски и неговиот грчки колга Јоргос Папандреу да седнат заедно на директни разговори за името. За в петок е закажана средба во четири очи меѓу премиерите на двете земји, која треба да се одржи во Преспа, на грчка страна. Иницијативата доаѓа од Груевски, кој го искористи најавениот регионален состанок на премиерско ниво меѓу Македонија, Грција и Албанија за климатските промени за да го покани Папандреу на средба во четири очи. Со ова македонскиот премиер сака да покаже оти нашата држава сака да најде решение за името и да не даде повод за најавената грчка блокада во Советот на министрите на 7 декември. Упатени извори брифираат дека Груевски на средбата ќе му укаже на Папандреу дека евентуалната грчка блокада нема да го приближи регионот кон ЕУ, туку само ќе го оддалечи. Според изворите, Груевски планира да побара потврда од Папандреу за тоа дали грчките максималистички барања што Атина неодамна ги стави на маса во Њујорк се официјални позиции на грчката страна во преговорите. Властите во двете земји не се оптимисти дека средбата во Преспа ќе донесе некаков напредок за решавање на спорот, како што се надева Брисел. И двете страни негираат дека средбата е прва етапа од сценариото што го најавија високи претставници од Брисел, кои притискаат спорот за името да се реши на директни разговори за името меѓу Груевски и Папандреу. Високи извори од ЕУ деновиве брифираа дека токму неделава ќе има средба меѓу Груевски и Папандреу на која двајцата премиери ќе се обидат да договорат компромисно име. Според планот на Брисел, на средбата треба да се договори тајмингот за тоа кога ќе се решат клучните елементи од спорот како опсегот на употреба на името, идентитетските прашања и одржувањето на референдум во Македонија за евентуалното решение. Груевски ќе треба договорот да му го пренесе на претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, на средбата закажана за 2 декември. Баросо треба да гарантира оти Македонија ќе го почитува договорот, со цел Грција да не ги блокира преговорите на 7 декември, брифираа дипломатски извори. Наспроти ваквиот план, високи владини извори вчера оценија оти веројатно државава нема да добие почеток на преговорите со ЕУ. Според очекувањата на владата, Советот на министрите на ЕУ ќе ја употреби формулацијата дека се признава реформскиот напредок на земјата, но останува да се реши спорот со Грција. Од грчкото МНР објаснуваат дека во Преспа нема да има директни разговори за името меѓу премиерите на двете земји.
- Постои еден и единствен процес што се води под покровителство на Обединетите нации. Нема други паралелни процеси за решавање на прашањето. Грчкиот премиер во петок ќе има билатерална средба и со Груевски, но и со премиерот на Албанија, Бериша. На средбата секако може да се дискутира за повеќе прашања, меѓу кои и за името - изјави вчера за нашиот весник портпаролот на грчкото МНР, Грегориј Делавекурас. Брисел сака да види „климатски промени“ во спорот за името Да се надеваме дека ќе видиме „климатски промени“ и во долгогодишниот спор за името. Вака во Брисел се коментира закажаната средба меѓу Груевски и Папандреу што треба да се одржи по по трилатералната средба во Преспа на која главна тема се климатските промени. Во Европскиот парламент веднаш беа информирани за средбата во Преспа, која се надеваат дека ќе донесе напредок во преговорите и ќе ја спречи грчката блокада на македонските преговори. Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Зоран Талер, ги охрабрува двајцата премиери да ги доближат позициите околу името и да најдат решение. - Ова е позитивен чекор пред најавената средба на Груевски со Баросо. Кога постои политичка волја и храброст, сé може да се оствари - вели Талер. И копретседавачот на мешовитиот парламентарен комитет, Јоргос Шацимаркакис, рече дека ги охрабрува Груевски и Папандреу да постигнат напредок на директни разговори за името. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: Оценка: | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||