Бугарски пасош


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Искра Опетческа
Ги менуваат директорите, за да не ги сменат условите во затворот
Колегите на Гавриловиќ имаат само зборови за пофалба и велат дека токму за време на нејзиниот мандат биле почнати сериозни проекти за подобрување на условите во затворот во Шутка. Зашто, ако Гавриловиќ била успешна во својата ...
 
Mирка Велиновска
Аномалија
Ме чуди оваа стратегија во која учествуваат страсно медиумите, а ја стимулира владејачката партија. Мојата логика е следна: Заев е човек со ѓон-образ. Така е формиран. Тој за себе мисли дека е угледен човек, иако за тоа нема ...
 
Ивица Боцевски
Бугарски пасош
„Илјадници Македонци имаат бугарски пасоши, доколку Албанија и Косово ја претркаат Македонија на патот кон ЕУ и НАТО, тогаш Албанците од Македонија ќе си извадат албански и косовски пасоши, а ако Србија влезе во ЕУ пред Македонија, ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

„Илјадници Македонци имаат бугарски пасоши, доколку Албанија и Косово ја претркаат Македонија на патот кон ЕУ и НАТО, тогаш Албанците од Македонија ќе си извадат албански и косовски пасоши, а ако Србија влезе во ЕУ пред Македонија, тогаш сите Македонци ќе извадат српски пасоши. Што ќе остане тогаш од Македонија?“

 
 
  
 Не, ова не е некој скеч од „Монти Пајтон“ или од „К-15“, не е ни извадок од некоја потпивната кафеанска дебата. Верувале или не, ова се ставови на политичари, новинари и на други општественици од Македонија.

Зошто определен дел наши граѓани вади бугарски пасоши? Одговорот е мошне едноставен. Граѓаните на Република Бугарија, со влезот на Бугарија во ЕУ и истекот на преодниот период, се граѓани на Европската Унија. Како такви тие имаат право да патуваат, да се вработуваат и да пријават жителство во сите земји-членки на ЕУ, без какви било ограничувања. Дури имаат право и да гласаат на локалните избори во општините каде што пријавиле жителство. Ете, тоа е единствената причина за зголемениот интерес за бугарски пасоши во Македонија. И Македонците, како и сите други жители на посткомунистичкиот Исток, својата среќа, образование или работа често ги бараат во земјите од Западна Европа. Тука нема ништо специфично за Македонија. Тоа се случува во целиот европски Исток, без разлика дали станува збор за земји-членки на ЕУ или земји со поинаков статус кон ЕУ. За многумина беше апсурдно, но за објективните проследувачи многу реално и уште повеќе очекувано, тоа што емиграцијата кон Западна Европа е забрзана и интензивирана токму по влезот на посткомунистичкиот европски Исток во ЕУ. Ете, интересен факт е тоа што податоците од последниот германски попис покажуваат драстичен пад на населението низ поранешната ДДР (Источна Германија). Значи, дури и граѓаните на економски најуспешната посткомунистичка држава (ДДР беше целосно приклучена кон Сојузна Република Германија), и покрај огромните инвестиции за развој на овој дел на сега заедничката германска држава, сѐ уште продолжуваат да емигрираат кон побогатите краишта на ЕУ.

За жал, европското политичко обединување не успеа да донесе и рамномерен развој на континентот, па сѐ уште европскиот Исток среќата си ја бара на европскиот Запад (евтината источноевропска работна рака што им ги „краде“ работните места на „автохтоните“ западњаци, најдобро симболизирана со полскиот водоинсталатер и полската медицинска сестра, сѐ уште е меѓу омилените теми на крајните десничари и националисти во Западна Европа). Да се разбереме, дури и ако Македонија утре стане земја-членка на ЕУ, Македонците ќе продолжат да емигрираат во Западна Европа. Затоа бугарскиот пасош, во нашиот случај и во ова интермецо помеѓу бугарското и македонското членство во ЕУ, значи едноставно билет за пат или престој во Западна Европа, односно некакво осигурување за граѓанинот што извадил ваков пасош дека во секој момент ќе може да бара работа во земјите од Западна Европа.

Друга причина зошто бугарскиот пасош е толку атрактивен е и фактот што процедурата за негово добивање е мошне евтина и не подразбира никакви обврски за „новиот“ државјанин. Одамна зад нас се деновите на Студената војна, кога граѓаните беа задолжени да отслужат воен рок за да се стекнат со пасош, зад нас се и деновите на разни дозволи, пријави и формулари што требаше да бидат пополнувани од државјаните, особено од гастарбајтерите, пред воопшто да заминат во странство. Што бара бугарската држава за возврат од нејзините „нови“ државјани? Апсолутно ништо. Токму затоа бугарските пасоши се толку атрактивни за дел од нашите граѓани. Што нуди, пак, бугарската држава за возврат? Исто така, ништо. Сѐ уште не сум слушнал дека некој „нов“ бугарски државјанин од Македонија добил дипломатско-конзуларна заштита од бугарската држава.

Во изминатиов период, а особено во изминативе неколку седмици, се изнаслушав разни приказни за политичките импликации од фактот што наши државјани вадат бугарски пасоши. Јас не гледам никакви политички импликации или дури некакви идни компликации.

Претпоставувам дека зад онаа налудничава констатација од почетокот на текстот повторно се кријат некои несоодветни паралели, склопени од дипломати и аналитичари што воопшто не ги познаваат македонското и бугарското општество. Овие паралели се потоа здушно прифатени од некои локални кругови, кои и онака некритички ја голтаат секоја помија што им се сервира од странство. Имено, мислам дека некому му текнало да прави паралела помеѓу Босна и Македонија. Во Босна живеат три конститутивни народи Бошњаци, Срби и Хрвати. За жал, Србите и Хрватите не ја гледаат Босна како своја држава, туку како некаков провизориум што треба да ги доведе овие народи (и нивните етнички територии) во прегратките на своите матични држави (Србија и Хрватска). Притоа, Србите и Хрватите од Босна имаат право да добијат српско, односно хрватско државјанство, лидерите на Република Српска се безмалку дел од српскиот државен протокол, а на сите хрватски избори гледаме како предизборната кампања непречено се одвива и на територијата на Босна во местата каде што Хрватите се доминантни. Затоа, целата оваа ситуација, покрај вадењето српски и хрватски пасоши, вознемирува многу кругови во САД и во ЕУ. Дејтонскиот договор ја заврши војната во Босна, но таа држава сѐ уште не функционира, пред сѐ затоа што повеќе од половина од нејзиното население (збирниот број на босанските Срби и Хрвати) не ја чувствува оваа држава како своја.

Дали Македонците што вадат бугарски пасоши ја чувствуваат Бугарија како своја матична држава? Дали Македонците што вадат бугарски пасоши сметаат дека Македонија е само некој провизориум што треба да ги доведе во прегратките на нивната национална држава Бугарија? Веројатно вака изгледаат влажните сништа на Божидар Димитров и нему слични ликови, но за секој што барем малку ја познава Македонија оваа слика нема никаква врска со реалноста. Истото се однесува и за политиката. Дали постои бугарска партија што има пратеници, градоначалници, советници или барем минимален изборен успех во Македонија? Дали некогаш на територијата на Македонија имало митинг на кандидат за бугарски претседател или активна предизборна кампања? Оттука не гледам никакви политички импликации од поседувањето бугарски пасоши. Единствената употребна вредност на бугарските пасоши е за уништување нечија политичка кариера. Јасно е дека Македонците нема да им простат на оние политичари што поседуваат бугарски пасош. Потпишаната изјава за бугарско потекло, неопходна за добивање бугарски пасош, е чин на политичко самоубиство за секој што има политички амбиции во Македонија.
Дури и оние Македонци што извадиле бугарски пасоши од економски причини не сакаат да имаат пратеници, министри, премиери, претседатели, па дури и локални градоначалници и советници со бугарски пасоши (или какви било туѓи пасоши). Впрочем, ајде нека се охрабри некој и нека формира бугарска партија во Македонија или партија на сопственици на бугарски пасоши, па да видиме како ќе си помине на кои било избори. Нормално, за разлика од некои соседни држави, во Македонија не постојат проблеми за формирање етнички партии, но никако да го дочекаме избликот на бугарско национално чувство во Македонија. Овој изблик го очекуваа многумина по демократизацијата на македонското општество, како во Бугарија така и во САД, ЕУ, Русија и во други држави, но македонската реалност и жестокиот македонски отпор кон грчкото спорење на македонскиот идентитет и на македонската државност жестоко ги демантира и целосно ги обезвредни овие предвидувања.

Така што не разбирам зошто неколку ликови секојдневно ја обеспокојуваат и ја силуваат македонската јавност со темата бугарски пасоши. Еден ден кога ќе заврши грчкото лудило во врска со Македонија и кога Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ, ќе заврши и оваа епизода со бугарските пасоши. Епизода што нема да добие ни фуснота во македонската и во бугарската историја.
 
   
Автор: Ивица Боцевски  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 2683          Оценка: 3,38  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
тото
Македонците нема да им простат на оние политичари што поседуваат бугарски пасош. Потпишаната изјава за бугарско потекло, неопходна за добивање бугарски пасош, е чин на политичко самоубиство за секој што има политички амбиции во Македонија. - Само за тех ли е самоубийство?
 
jas
Najgolemite patrioti koi ne vodat vo drzavava imat bugarski pasosi, ovaa drzava vece i ne postoi i samite golemi vmrovci treba da se zaprasat kade pustase uciliste premierot-golemiot makedonec sto ne go dava imeto i ministerot za obrazovanie
 
Ilija Petkov
Vo ovaa odlomka edno neshto e propushteno; a toa e deka motivot na Bugarija zoshto im dava pasoshi na makedonski drzavjani. Pisatelot veli ,,Sto bara bugarskata drzava za vozvrat od nejzinite ,,novi'' drzavjani? Absolutno nishto.'' Prvo nikoj ne ti dava neshto za nishto, pa toa go pravi i Bugarija. Bugarija sega davajki im pasoshi na makedonski drzavjani vprochem ,,vlozuva za idninata''. Prashanje: Zoshto po sekoja logika, Makedonija ne e primena ni vo EU i Nato iako ispolnuva uslovite? Dali podelba na Makedonija e ushte na masata? Zoshto Bugarija ja prizna teritorijata na Makedonija a ne narodot i jazikot? Vo Makedonija ima albanci, i srbi, pa so davanje na bugarski pasoshi Bugarija, eden den vo idnina Bugarija moze da ,,dokazi'' deka vo Makedonija ima iljadnici ,,bugari''. Koga Rusija vleze vo Gruzija, nejzinoto opravduvanje beshe ,,da go zashtiti ruskoto malcinstvo''. Pa zatoa Bugarija ,,vlozuva'' so pasoshi za da moze vo idnina ,,da zashtiti bugarsko malcinstvo'' vo Makedonija'
 
Иднина
Што правиме ако ЕУ се распадне? Во секој случај не е на одмет двојното и тројното државјанство. Дел од македонците имаат право и на грчки и српски пасоши, можеби и на канадски и австралијански.
 
Jordan - Lerin
Abe Ivica, slabo ja razbirash i svakjash namerata na Bugarskata Vlada. Ne izdava pasoshi na Makedonci za da pravi Bugari od niv, tuku, za da gi iseluva od Makedonija. Taa im e celta.
 
susam
sto ce ostane od zalna makedonja. da ti pisam nema da objavat. ti znaes sto ce ostane. sto ostanuva vo soljata posle nuzdata. do maj mesec go dobiva pasportot I zbogum gnasna tn drzavo naselena so najkretenskiot narod.
 
makedonka
Jas sum Srbinka po poteklo, imam srpsko prezime, ama samo po poteklo. Vo sekoj popis sum i se deklariram kako Makedonka, i toa i ke ostanam. I nikogas zaradi patuvanje vo stranstvo, podobra kola itn, nema da go predadam moeto dostoinstvo. Sum i ostanuvam Makedonka dodeka sum ziva. Mozam, ama nitu sum sakala, nitu sakam, nitu ke sakam da izvadam pasos samo za da si gi zadovolam sopstvenite hirovi i licni interesi. Ovaa zemja me ranela, skoluvala i vo nea rabotam i tvoram, i Makedonskiot identitet, drzavjanstvo i dokumenti ne gi menuvam!!!
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski