„Феминистка“ што јавно ги критикуваше најмоќните политичари


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Гоце Трпковски
Производот не содржи Заев
Без страшните последици од материјата Заев, луѓето би можеле да бидат поосвестени, повеќе да знаат што сакаат и што треба да бараат од институциите што ги финансираат со свои пари преку даноците и кои се задолжени да се грижат ...
 
Марjан Николов
Лимони
Се прашувам што може да се изработи од студијата за 20 илјади денари, кога половина од тие пари ќе отидат само за трошоци за патување и преспивање во Охрид. Е сега, од една страна има организации што се јавуваат на вакви огласи ...
 
Милан Банов
Писмо до мојот пријател албански радикал
Децата во автобусот „65“ беа тепани не поради објективна вина, туку поради субјективно својство, тепачите не ги познавале, тепаните не им скривиле ништо, но биле препознаени како различни, како некои што поради тоа се виновни ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Ги добив сите награди во Европа, секоја проклета награда, и ми причинува задоволство што ги имам сите. Тоа е како да ги имате најсилните карти во покер, изјави во една пригода писателката Дорис Лесинг, која, со своите 88 години, во 2007-та стана најстарата добитничка на Нобеловата награда. Лесинг почина минатиот викенд во својот дом во Лондон

 
 
  

АРТ-ДОСИЕ - ДОРИС ЛЕСИНГ

БИОГРАФИЈА: Дорис Лесинг е родена во 1919 година во Керманшах, Персија (денешен Иран), како ќерка на Алфред и Емили Мод Тајлер, двајцата со британско потекло. До нејзината шеста година семејството живеело во тој град, а потоа се преселило во тогашната британска колонија Зимбабве.

ОБРАЗОВАНИЕ: Се образовала на „Доминикан конвент“, женско римокатоличко манастирско училиште во Салисбери (денешно Хараре). Го напуштила училиштето на 14 години и продолжила сама да се образова. Читала политичка и социјална литература, а почнала и да пишува. Наредната година го напуштила и својот дом и почнала да работи како куќна помошничка.

МЛАДОСТ: Во младоста работела и како дадилка, телефонистка, службеничка, стенографка и новинарка.

БРАКОВИ: Во 1937 година стапува во брак со Френк Виздом, со кого има две деца, но по шест години тие се разделуваат. Се мажи и вторпат, овој пат со Готфрид Лесинг, германско-еврејски иселеник, кого го запознава на состанок на марксистичка група. Со него има еден син. По разводот во 1949 година, се сели во Лондон, кога го објавува и своето книжевно првенче „Тревата пее“.

ТВОРЕШТВО: Над педесет дела го сочинуваат творештвото на Лесинг, кои се движат од политичката критика до научна фантастика. Од нив се издвојуваат делата: „Златен бележник“, „Преживеани мемоари“, „Тревата пее“, „Петто дете“ и „Лето пред самрак“, инспирирани од нејзините искуства, како и од приклучувањето на радикалната политика на левичарите.

НОБЕЛ: Во 2007-та, на 88 години, станува најстарата добитничка на Нобеловата награда. Наградата ја добива за целокупното творештво. Според комисијата, таа е авторка со големо женско искуство, кое со „скептицизам, жар и визионерска сила“ ја тематизира и истражува современата поделеност на цивилизацијата. Лесинг не се појави на врачувањето на престижната награда, а подоцна изјави дека доделувањето било катастрофално, пред сѐ поради големата медиумска помпа, што ја спречило да напише нов роман.

ПРЕПОЗНАТЛИВОСТ: Нејзин најпознат роман е „Златен бележник“ од 1962 година. Шведската академија за овој роман истакна дека е „пионерско дело важно за феминистичкото движење и меѓу првите дела што го претставуваат новиот поглед на машко-женските односи во 20 век“.

ФЕМИНИЗАМ: Иако повеќето ја сметаат за феминистка, Дорис Лесинг не се декларира така, тврдејќи дека никогаш не го сакала тоа движење бидејќи било премногу идеолошки засновано. Сметала дека науката и технологијата ѝ помогнале на жената да стане независна преку пронајдокот на таблетите за контрацепција, машините за перење и правосмукалката.

ПЕЧАТ: Во периодот на повеќедецениската писателска кариера е опишувана како комунистка, феминистка, авторка на мистични, психолошки и научнофантастични дела.

АКТИВИЗАМ: Во периодот од 1952 до 1956 година била членка на комунистичка партија, но ја напуштила по советската интервенција во Унгарија. Била активна и во кампањите против нуклеарно оружје.

ПОЛИТИКА: Во поодминати години јавно ги критикува највлијателните политичари, особено британските и американските. За поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш, по големата несреќа од 11 септември, рече дека тој е светска катастрофа, додека за поранешниот британски премиер Тони Блер изјави дека е мизерен уште од самиот почеток.

МЕДИУМИ: Предизвика големо медиумско внимание по настаните од 11 септември во САД со изјавата дека „не е толку страшен“ во споредба со тероризмот на Ирската републиканска армија. Иако на кобниот ден животот го загубија многу луѓе и до темел беа урнати близначките, Лесинг оцени дека Американците се „многу наивен народ или намерно се прават такви“.

КРАЈ: Лесинг почина минатиот викенд, на 95 години, во својот дом во Лондон. По нејзината смрт, издавачот „Харпер-Колинс“ истакна дека таа е една од најголемите писателки на денешницата, уверлива по својот силен интелект и топло срце, авторка што никогаш не се плашела да се бори за тоа во што верува.

ИЗЈАВА: „Ги добив сите награди во Европа, секоја проклета награда, и ми причинува задоволство што ги имам сите. Тоа е како да ги имате најсилните карти во покер“. 

 
   
 
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 43           
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski