|
|
„Слободен индекс“ бара бесплатно високо образование |
|
||||||||||||
„Студенти - независни и силни!“, „Еден свет, една борба - образованието не е на продажба!“, со вакви извици, триесетина студенти што се дел од движењето „Слободен индекс“ вчера го одбележаа Светскиот ден на студентите |
|||||||||||||
| Тие пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) го искажаа револтот против комерцијализацијата на високото образование, оти сметаат дека и покрај тоа што плаќаат за студиите, се принудени да молчат за условите во кои се образуваат. Членовите на Студентскиот парламент на УКИМ не ги поддржаа „Слободен индекс“. - Речиси и не постои земја во развој во која високото образование е бесплатно, па оттаму барањата на тие студенти се неиздржани. Студентскиот парламент на друг начин бара подобри услови, а тоа е зголемување на државните квоти како и зголемување на бројот на стипендиите - вели Иван Живковски, претседател на СПУКМ. Тој им понудил на „Слободен индекс“ заедно да делуваат и заедно да ги решаваат студентските проблеми, но како што вели, го одбиле. |
|||||||||||||
|
|||||||||||||
| Веста е прочитана: 104 Оценка: 2,63 | |||||||||||||
|
|||||||||||||
|
|||||||||||||