Уништен имиџ од видео на Јутјуб

Останати вести
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Bookmark and Share
 

Вистински случки од Македонија

 
 
  

Понекогаш не мора сам да си предизвикаш непријатна ситуација. Луѓето прават злобни работи и без да имаат нешто да ти замерат или без да ги испровоцираш со некое несоодветно онлајн-однесување. Следнава вистинска случка го потврдува токму тоа. Се работи за едно девојче во тинејџерски години што доживеало мошне непријатна ситуација преку сервисот за објавување и за гледање на онлајн-видеа.

Девојчето не било регистриран корисник на сервисот, значи немало направено свој профил на Јутјуб. Но еден ден забележало дека на истиот е достапно едно видео што претставува колаж од нејзини фотографии. Со фотографиите немало ништо лошо, ниту пак, со видеото како целина. Проблемот настанал во моментот кога недолични коментари почнале да се појавуваат под видеото. Бидејќи девојчето било од албанска националност, и коментарите биле пишувани на албански јазик. Кога таа го пријавила видеото до Дирекцијата за заштита на личните податоци, тие веднаш го пријавиле видеото како несоодветно директно до сервисот, а потоа тоа го направило и девојчето лично. Потребно било корисникот врз кој била направена повреда на приватноста сам до го пријави конкретното видео. Но, и по овие обиди видеото не било отстрането од сервисот. Тоа било така бидејќи немало ништо проблематично во неговата содржина, а коментарите не биле на англиски јазик за сите веднаш да би ги разбрале. Во меѓувреме, девојчето почнало да добива закани преку и-мејл од истата личност што го поставила видеото на Јутјуб. Тој и барал пари во замена за ветување дека видеото ќе биде отстрането од сервисот. За среќа, Дирекцијата го расчистила случајот со Јутјуб и по еден месец откако се започнало, видеото повеќе не било достапно на сервисот. За заканите на девојчето му била укажана можноста за покренување на кривична постапка, што би значело и можност за добивање паричен надомест за психичкиот товар што го имало за целото тоа време.

Во случајов, девојчето не било невнимателно со своите податоци, но случкава треба да те потсети дека секој што има пристап до твоите информации и фотографии може да ги искористи за друга цел. За несреќа, во овој случај сосема нормални фотографии се употребени за многу лоша цел.

Ако си доживеал слична непријатна ситуација или ако нешто вакво ти се случи во иднина, пријави го случајот до дирекцијата со испраќање на и-мејл на info@dzlp.mk. Оваа адреса на е-пошта е заштитена од спем-ботови, потребно е да вклучите „јаваскрипт“ за да го погледнете нивниот веб-сајт, каде што покрај податоците за контакт ќе најдете и многу корисни упатства и мерки за зачувување на приватноста.


www.crisp.org.mk

 
   
 
 
   
Веста е прочитана: 39          Оценка: 5  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski