Возилата на „Мак ауто стар“ ќе се нудат под закуп


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Слаѓана Димишкова
Тие нé бришат, ние не се даваме!
На Македонија во последно време почна почесто да и се случуваат исчезнувања на терминот „македонски“ кога станува збор за јазикот, идентитетот... И тоа е случај во речиси сите меѓународни организации, од Обединетите нации, ...
 
Билјана Ванковска
Културна револуција на македонски начин
Кога зборуваат за богатење или за корупција, ми се буди нагонот јавно да признаам дека бисерчињата што ги носам се лажни (а ги носам заради дигнитетот на позицијата и изложеноста на јавноста), да ја изложам имотната состојба ...
 
Ристо Никовски
Советот (совеста) на Европа мора да има разбирање за нашето име!
Срамно е СЕ да толерира оспорување на нечиј национален идентитет во почетокот на 21 век. Тоа е невидена хипокризија. Нејзиниот сегашен однос е наш голем неуспех ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Оперативен лизинг е новиот производ на друштвото за финансиски услуги „Мастер лизинг“ со кој возилата од „Мак ауто стар“ ќе се даваат под долготраен закуп. Имено, оперативниот лизинг подразбира предметот, а во овој случај возилото, да се даде на користење, а да не се поседува. Во компанијата информираат дека станува збор за еден вид закуп или рентирање на подолг временски период

 
 
  
- Сопственик на возилото и по истекувањето на лизинг-договорот е лизинг-компанијата. Во зависност од времетраењето на договорот, постои остаточна вредност на возилото која е пресметана и загарантирана однапред, на денот на потпишување на договорот, и таа зависи од рокот и искористеноста (поминати километри) на возилото. Доколку корисникот на лизинг, по истекувањето на договорот, сака возилото да помине во негова сопственост, ја плаќа таа загарантирана вредност – велат во компанијата.

Оттаму додаваат дека посебна предност за оперативниот лизинг има кај правните лица, кај кои задолжувањето за предметот на лизинг не се евидентира како кај финансискиот лизинг, односно не се води во лизинг-регистар при Централниот регистар ниту, пак, во билансите како основно средство.

- Тоа претставува олеснителна околност при барање кредит или друг вид задолжување во финансиски институции. Оперативниот лизинг претставува месечен трошок на правното лице искажан преку фактура за месечен закуп на возилото - велат во компанијата.
 
   
 
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 466          Оценка: 2  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski