Новородени од мајки позитивни за хепатит Б


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Дарко Јаневски
Бугарскиот интерес контра Македонија
За Бугарија би требало да биде национален интерес Република Македонија час поскоро да стане дел од НАТО и од ЕУ. За Бугарија би требало да биде еден од приоритетните национални интереси и двете земји да станат економски просперитетни. ...
 
Билјана Ванковска
Обама и Тодоров во Америка, Хичинс во Македонија
Ова изгледа политички „секси“: Тодоров, од каратист се претвора во Хенри Осми, опкружен со неколку персонификации на Томас Мор, подготвени да му понудат уште некоја верзија на „Утопијата“. Добро бре, до толку ли нѐ мислат дека ...
 
Методи Хаџи -Јанев
Ќе заживее ли опцијата „Самсон“ по изборите во САД?
Разликите помеѓу САД и Израел можат да пораснат толку многу што ќе го заживеат „митот“ за опцијата „Самсон“ (опција според која Израел ќе започне одмазднички напад врз целиот свет со нуклеарниот арсенал што го поседува ако биде ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Масовната вакцинација на новороденчињата во нашата земја е воведена во 2004 година. Вакцината е високоимуногена и дава долга имунолошка меморија кај имунизираните деца, поради што се очекува добра заштита од вирусот на хепатит Б во адолесцентниот и во возрасниот период

 
 
  
Хепатит Б е акутно заразно заболување, кое завршува со целосно оздравување или хроничен облик (кај 10 отсто од случаите), при што можна последица е трајно оштетување на црниот дроб (цироза, хепатоцелуларен карцином). 
Предизвикувач е вирусот на хепатит Б (HBV), со комплексен антигенски состав. Повеќе од 400 милиони лица во светот се носители на овој вирус, а секоја година се откриваат нови 3-4 милиони случаи. 

НАЧИНИ НА ПРЕНЕСУВАЊЕ

Единствен резервоар на болеста е човекот, заболен или носител. Заразноста е долга, од инкубацијата, преку акутната фаза на заболувањето и долго по заболувањето. Кај хроничните болни, заразноста трае сѐ додека во крвта е присутен антигенот на хепатит Б. 
Извор на зараза се телесните течности (крв, серум, вагинален секрет, плунка, сперма, урина, пот, солзи, мајчино млеко). Механизмот и патиштата на пренос се следните: преку крв и крвни деривати, бакнеж, сексуален контакт, заеднички прибор за лична хигиена, тетовирање, акупунктура или пирсинг. 
Вирусот на хепатит Б може да се пренесе и од мајка на дете, трансплацентарно, во текот на породувањето (вертикална трансмисија) и по породувањето (хоризонтална трансмисија). При вертикалната трансмисија (трансплацентарно) особено е важен периодот и степенот на инфекцијата кај мајката. Ако мајката е инфицирана во првиот или во вториот триместер од бременоста, фетусот ретко заболува. Ако мајката е инфицирана во третиот триместер, 70 отсто од новородените се инфицирани. 
Влезна врата на вирусот на хепатит Б се кожата и слузокожите. Новородените заразени со вирусот на хепатит Б најчесто се без симптоми, но имаат ризик за хроничното носителство на вирусот и карцином на црн дроб.

ТРЕТМАН И ВАКЦИНА

Во рамките на инфективниот скрининг што се прави кај секоја трудница што е дојдена да се породи во нашата болница, се прави и скрининг за хепатит Б (HBV). Доколку добиеме резултат дека мајката е позитивна, се прави изолација, дополнителна стерилизација на инструментите, а новороденото се имунизира во првите часови по раѓањето, и тоа со пасивна имунизација (100 IU) со имуноглобулин за хепатит Б (готови антитела против вирусот на хепатит Б) во едната нога и активна имунизација со вакцина за хепатит Б во другата нога, која се повторува по 1 месец и по 6 месеци, а со која организмот се стимулира да продуцира сопствени антитела.
Имунизираните новороденчиња остануваат на природна исхрана (доење).
Масовната вакцинација на новороденчињата во нашата земја е воведена во 2004 година. Вакцината е високоимуногена и дава долга имунолошка меморија кај имунизираните деца, поради што се очекува добра заштита од вирусот на хепатит Б во адолесцентниот и во возрасниот период.

 
   
Автор: Прим. д-р Лидија Спасова, педијатар  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 88           
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski