Царината заплени девизи, фалсификати и текстил


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Кирчо Арсовски
Прекината забава
По концертот, наместо да завршиш со две или три прекрасни групи девојки (што за тебе ги одбрал и ги платил твојот менаџер), ти завршуваш во кревет, ама оној болнички. Главата ти е во завој, а во раката имаш забодено игла за инфузија. ...
 
Љупчо Зиков
Банките и државата како да го држат во заложништво стопанството!?
Оти секој приучен чиновник со просечна сметководствена интелигенција под вакви околности во Македонија може да биде врвен македонски банкар и на најголемата македонска банка. Кога во портфолио ќе ставите 15 најголеми клиенти ...
 
Маjа Траjковска
Казнената политика не признава жолт картон
Неизбежно е прашањето дали народот и стопанството ќе бидат понепослушни отколку годинава и ќе ги прекршуваат постојните закони или, пак, ќе следуваат нови правила и мерки, кои би биле основа за нови такси и казни? ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници спречија повеќе обиди за шверцување стока, при што привремено се задржани девизи, стоматолошки материјали, цигари, готови текстилни производи, фалсификати, автоделови, делови за мебел

 
 
  

За еден емсец царината поднела шест кривични пријави

Од запленетата стока, царината задржала 17.800 евра и 4.900 швајцарски франци откриени во три одвоени случаи.

Во првиот случај, на граничниот премин Табановце, при личен претрес на македонски државјанин, патник во автобус пријавен за излез од државата, пронајдени се 12.000 евра. Задржани се 10 илјади евра, а на патникот вратени му се две илјади евра во согласност со Законот за девизно работење. Во вториот случај, исто така на граничниот премин Табановце, при личен претрес на хрватски државјанин, пријавен за влез во државата, се пронајдени 17.100 швајцарски франци, за што не поседувал никаква документација за потекло. Задржани се 4.900 швајцарски франци, а на патникот вратени му се 12.200 швајцарски франци. Во третиот случај на скопскиот аеродром „Александар Велики“, при личен претрес на македонска државјанка, која имала намера да отпатува за Шведска, во нејзината чанта се пронајдени 8.000 евра и 14.660 шведски круни. Во согласност со законот за девизно работење, задржани се 7.800 евра, на патничката ѝ се вратени 14.660 шведски круни и 200 евра.

Минатата недела царината запленила и 171 пар тренерки, 606 пара чорапи, 96 парчиња облека, 756 метри украсни лајсни, 700 машки зимски плетени капи со ознака на заштитена трговска марка, 252 килограми кафе, како и 160 пара долни тренерки и 540 пара чорапи, сите со лого на заштитени марки.

Во истиот период царинската управа заплени и 225 готови текстилни производи, 2.873 квадратни метри памучна ткаенина, 8.232 пара влошки за чевли, 1.000 пара заштитни ракавици и 130 елеци.

Меѓу запленетата стока има и 189 разни материјали и инструменти за стоматологија, 59 разни автоделови за патнички возила, 640 метални рачки за мебел, 7.020 кг алуминиумски и метални делови од употребувано скеле, 16 употребувани технички производи, 1 комплет бугарски регистарски таблички и сообраќајна дозвола, како и 10 штеки цигари „монте карло“ и „ронхил“. 

 
   
  Фотографија: Дарко Андоновски
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 233           
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski