Плати 9.000 денари за парно или продај го станот


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Владимир Миjановиќ
Филе и Атина на различна фреквенција
И додека сиромашкиот Филе, што поради својата функција, што поради искреноста, се обидува да внесе оптимизам во целиот процес, Атина тера со старата песна. На истата прес-конференција Аврамопулос рече дека Грција веќе го направила ...
 
Петар Шкрбина
Двојно командување
Досегашните обиди (најавување истрага, блокирање на Законот за бранителите да влезе во собраниска процедура и непочитувањето на одлуката на државниот просветен инспекторат) не даваат никаква гаранција дека постојната политичка ...
 
Ѓорги Сламков
Локални шерифи
Ако кандидатот за градоначалник нема менаџерски способности, изборот ќе биде погрешен (замислете наместо него одлуките да ги носи неговата сопруга или таа да ја води кадровската политика), локалната администрација ќе работи по ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Поединечно исклучување на потрошувачите може да се направи само по претходно добиена согласност од вкупниот број потрошувачи во зградата и само надвор од грејната сезона, во периодот од 30 мај до 30 август

 
 
  

Новите сметки ги смрзнаа станарите 

СОСТОЈБАТА СО МОНОПОЛОТ НА „ТОПЛИФИКАЦИЈА“ ДОВЕДЕНА ДО АПСУРД

Станарите на улицата Методија Митевски 8 во Топанско Поле се жалат дека сметките за парно што им стигнале за август се речиси двојно зголемени и дека поради тоа што повеќето нивни соседи се исклучени треба да плаќаат огромни суми преку целата година. Бидејќи рокот за исклучување од мрежата е поминат и станарите не можат да се исклучат, велат дека ситуацијата стигнала дотаму што од „Скопје-Север“ им кажале или да плаќаат или да го продадат станот.

Рок за исклучување

- Кога ни стигна сметката во септември, навистина нѐ удри шок. За стан од 54 квадратни метри стигна сума од 7.000 денари, што е речиси двојно повеќе од тоа што го плаќавме претходно. На соседите што имаат поголеми станови, пак, им стигнале суми и до 9.000 денари. Бидејќи толку пари не можеме да платиме веднаш се обративме до „Скопје-Север“, од каде што ни кажаа дека не може да се исклучиме од мрежата бидејќи рокот е поминат, а ни дадоа и список од станари што се исклучени, односно од вкупно 127 стана во зградата, само 27 се сѐ уште вклучени на парно. Но поради исклучените, сега ние што сме останале треба редовно да плаќаме и за другите. Во зградата лани имаше и доста дивоприклучени, за кои од „Скопје-Север“ ни кажаа ние да ги најдеме и да ги пријавиме. Истото ни го кажаа и сега за исклучувањето, да одиме од стан до стан и да ги прашуваме дали сакаат да се исклучат за целата зграда да ја исклучат од мрежата. Ова е навистина безобразно и сметам дека не е должност на станарите да ги прашуваат другите дали сакаат да се исклучат, за да можеме и нашиот стан да го исклучиме - вели Жанета Трајкоска.

Фиксен надоместок

Од „Скопје-Север“ велат дека потрошувачите на улицата Методија Митевски можат колективно да се исклучат кога ќе посакаат со согласност на сите активни потрошувачи.

- Поединечно исклучување на потрошувачите може да се направи по претходно добиена согласност од вкупниот број потрошувачи во зградата, надвор од грејната сезона, односно во периодот од 30 мај до 30 август. Доколку постои барем еден вклучен потрошувач, исклучените се задолжуваат со плаќање фиксен надоместок, кој се определува во согласност со тарифниот систем за топлинска енергија - нагласуваат одговорните.

Во врска со дивоприклучените или исклучените потрошувачи, од „Скопје-Север“ велат дека треба да бидат пријавени од заедницата на станарите.

- Во согласност со правилата за снабдување со топлинска енергија од 30 јули донесени од страна на Регулаторна комисија за енергетика, управителот на зградата е должен да пријави нелегални приклучоци, исклучени потрошувачи, како и промена на сопственикот. По ова ние сме задолжени во присуство на управителот да ја утврдиме вистинската состојба и соодветно да реагираме - велат од „Скопје- Север“.

Во август ЛДП поднесе иницијатива до Уставниот суд да ја оцени законитоста на правилата за снабдување со топлинска енергија, потсетувајќи дека судот пред неколку години веќе донесе слична одлука со која се укинаа актите што предвидуваа наплата на топлинска енергија на оние корисници што претходно се исклучиле. Југослав Миленковиќ, портпарол на Уставниот суд, вели дека во случајот со „Топлификација“ проблемот е во фаза на анализа.

- Вообичаената процедура е откако ќе се поднесе иницијатива, судот да се обрати до доносителот на актот да се произнесе и потоа преку контрадикторност, анализа на законитоста и уставноста, како и на досегашните практики на судот, да се донесе одлука. Во конкретниов случај проблемот е во фаза на анализа, односно обраќање до доносителот на актот - вели Миленковиќ.

Од канцеларијата на народниот правобранител, велат дека бројот на претставки минатиот месец е зголемен, и тие се поднесуваат и поединечно и од цели заедници на сопственици.

-Има случаи каде во становите воопшто нема поставено внатрешна инсталација (затоа што сопственикот не сакал да се вклучи во топлификационата мрежа), но се задолжува да го плаќа паушалот затоа што живее во колективна зграда - велат  од кај правобранителот.

 
   
Автор: Марта Таневска  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 2133          Оценка: 2,5  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
zvone
Diva liga toplifikacija, nesakam e eden zbor pozadi koj stoji covekovo pravo, o koj nesaka gi koristi uslugite na toplifikacija da se topli, ima covekovo pravo da si najde svoj nacin na greenje, a sve ostalo sto toplifikacija pravi e prevara na narodot koj nesaka so toplifikacija nisto da ima i pari da im zemat, PREVARA, NISTO DRUGO, Kaj se nasite politicari od lopovi i mafija da ne stitat, zar ovo nee nivna rabota Z
 
dr.oki
Pa ovo nema ni u Beogradu!
 
mare
tocno prodaj go stanot...albanci tuku ne samo sto na divo se priklucuvat na struja,voda tuku se priklucuvat divo i na parno znaci za niv da placame ili da go prodedema stanot na albanci koi pak divo ce si se vklucat na parno...
 
Душко
Чисто онака ме интересира дали ние што се грееме на струја, а што треба да плаќаме по 10 денари од квадрат заради користење на топлинска енергија од околните станови, ќе треба да побараме сега од РЕГУЛАТОРНА Комисија да донесе правилник, комшиите да ни плаќаат одреден процент од сметката за струја затоа што и тие се греат од нашиот дом.
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski