Македонските научници се добри само за дома


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Катерина Нешкова
Бојкот на државен трошок
Постојат две вистински причини поради кои одметнатите пратеници на ДПА сé уште земат највисока функционерска плата. Првата, автентичното толкување на Законот за амнестија, е најголемиот камен на сопнување меѓу Груевски и Ахмети. ...
 
Билјана Ванковска
Видела жабата...
Доаѓањето на Клинтонка (како порано и на нејзиниот сопруг), или не дај боже на дипломат од ковот на Холбрук може да биде само бад нењс (лоша вест), затоа што Рузвелтовиот совет е сé уште во сила: „Зборувај нежно, ама носи ...
 

Да се преиспита изградбата на сала со лизгалиште
Отворено писмо до премиерот Никола Груевски ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Научниците во земјава објавиле трудови во меѓународни списанија, исто колку што објавиле и нивните колеги во Гана, Казахстан, Јамајка и во Сирија

 
 
  
Од вкупно 234 држави, Македонија е на 97-то место по бројот на објавени научни трудови во светот, покажуваат податоците што ги објави СКОПУС, една од најголемите бази на податоци за наука. На листата со земји, неколку места пред нас се Гана, Казахстан, Еквадор, Јамајка, а веднаш зад нас се Сирија, Катар, Боцвана... Во однос на земјите во регионот, пак, далеку пред нас со илјадници објавени трудови во меѓународни списанија се Турција (21 место), Грција (26), Хрватска (45), Словенија (47), Србија (75-то место). Македонските научници за вкупно дванаесет години, односно за периодот од 1996 до 2008 година, објавиле само 2.201 труд.

Ова рангирање покажува дека науката во земјава е на многу ниско ниво, сметаат универзитетските професори, кои се и креатори на сликата за македонската наука во светот.

- Очекувано е да сме рангирани на тоа место каде што сме. Резултатите покажуваат дека трендот на зголемување на бројот на цитати е добар, но ова е доказ дека науката ни е на многу ниско ниво. За мене репер е Словенија, во која исто како и кај нас, живеат два милиони луѓе. Извештајот на СКОПУС покажува дека научниците во Словенија објавиле речиси 30.000 трудови, што е за цели 15 пати повеќе од нас – вели Виктор Стефов, професор на Институтот по хемија на скопскиот Природно-математички факултет.

И професорката Вероника Шендова, која предава на Институтот по земјотресно инженерство и сеизмологија (ИЗИИС), вели дека 97-то место е реално.

- Но имаме многу голем потенцијал. Конкретно, науката во нашиот Институт е секојдневна активност. Ние повеќе одиме на тоа, нашите научни истражувања да ги пласираме на европските конференции, да бидеме многу блиску до сржта на фелата од земјотресното инженерство. Мислам дека допрва ќе се зголемува бројот на трудови. Во меѓународните списанија се мерат силите – вели Шендова, која е раководител на секторот за конструкција на згради и материјали.

Македонските научници од областа на хемијата, во периодот од 1996 до 2008 година објавиле 40 труда во меѓународни списанија, што не е за потценување, со оглед на тоа дека имаме само 35 научници по хемија во земјава. Најголем број од објавените статии се од областа на медицината (66), што е разбирливо со оглед на фактот дека во земјава има дури 400 научници од оваа област. Само по една објавена статија има од областа на стоматологијата и психологијата.

Според професорот Јове Кекеновски, во земјава недостига научно-истражувачка работа, а во тоа малку помага државата преку Министерството за образование и наука (МОН).

- Имаме квалитетни професори, кои творат со сопствен труд и со сопствени средства. Жално е што ни се случува хиперпродукција на доктори на науки, кои немаат врска со звањето. Од друга страна, државата малку вложува во науката. Јас имам објавено над 100 труда во меѓународни списанија, а последниот го презентирав во Кипар – вели Кекеновски.

Откако третманот на науката беше искритикуван во извештајот на Европската комисија, државата реши да го зголеми буџетот за наука од 133 милиони денари, на 415 милиони. Од нив, околу 100 милиони денари планирано е да се потрошат за научно-истражувачка работа, 132 милиони за научните институти, а најмногу чини програмата за опремување лаборатории – 180 милиони денари. Парите што требаше да се користат за финансирање научно-истражувачки проекти сé уште не почнале да се трошат, иако конкурсот за нивна распределба заврши уште пред три месеци. Сé уште нема ништо ниту од опремувањето лаборатории на факултетите и институтите.



Објавени трудови од земјите во регионот
Турција 21. место – 171.000 објавени трудови
Грција 26. место – 109.000 објавени статии
Хрватска 45. место - 31.000 објавени трудови
 Словенија 47. место – 29.400 трудови
Србија 75. место – 5.200 објавени трудови
Македонија 97. место – 2.100 трудови
БиХ - 111. место – 1.462 трудови
Албанија 134. место – 649 трудови

 
   
Автор: Антонија Поповска-Христов  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 540          Оценка: 3,56  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
Aleksandar Makedonski
Ma kakvi ti naucnici. Kakvi smeski. Makedonija e 65 godini zatvorena i site nasi "naucnici" se butkaa vo MANU za da mozat da pokazat koj e pogolem drug i da sluzat na bratstvo-edinstvo. Da imavme nekakvi naucnici, lugje so visoko i bleskavo obrazovanie ke mozea da kazat i napravat nesto za svojata drzava. Makedonija nemase da izlezi vaka. "Edna Makedonija, Obedineta Makedonija"
 
Itar Pejo
Nie sme na dnoto zatoa sto site ne mrazat i ne sakaat da gi objavuvaat trudovite so epohalnite odkritija na nasite naucnici, narocno od oblasta na antikvizacijata. Makedonskoto pismo od kamenot na Rozeta, grobot na Ameksandar vo Makednija, slovenite dosle od zad Karpatite vo Rusija, Rudnikot Alsar, Kokino itn.
 
kostov
Celata makdeonska nauka e vo nevojatna kasa pocnuvajki so ministerot. Neznam dali toj nekgas se bavel so naucna rabota, no se nadevam deka ima dobri sovetnici.A prasnje e i kakvo e nivoto na negovite sovetnici ? Mozno e so relativno slabi finanski sredstva da se istrazuva vo oblstite na hemijata i matematikata. Strasno tesko e vo drugi polinja kako na primer vo biologijata, fizika, medicinskite granki itn.. Vo primerot so medicinskite nauki, nie vsusnost se naogame mnogu nisko, a sporedbite preku brojot na objavenite trudovi ne se dobri. Nasite medicinski trudovi se so nizok kvalitet (skoro nula bidejki se kopirani od svetskite trudovi). Za toa da se dokaze sega e lesno, postojat specificni softveri. Epten sme sitni vo sporedba so ogromnata masinerija na israzuvackite centri vo Amerika i zapadna Evropa. No temata e neobicno skakliva i avtorot na tekstot trebalo dobro da go promisli pred da go napise...
 
Монах Спиридон
Наполно се сложувам со коментарот на МИТРА. Само би додал, знае ли некој, да ми наведе колку статии на нашите научници се објавени во престижните “Наука“ и “Природа“? На онаа Шангајска листа каде се нашите? Дури во 100 универзитети во Југоситочна Европа нема ни еден од нашите? Таму се,на пример универзитети во Марибор,Ниш,Нови Сад,а за Белград или Љубљана и да не зборувам. Инаку, да му честитам на авторот на статијата.Иако на информативно ниво ни ја открива целиот вулгарен однос на општеството спрема науката и научниците,мислам на оние ретките...
 
Ајван Доктор®
Токму како и нашите политичари!Не знам каде на друго место би ги примиле?Сепак,постои мала разлика-Во науката сеуште може да се најде некој кој вреди!Во политиката... не вреди ниту да се мачите да барате!
 
Musso
Фино, а сега читателите кои ги тангира оваа проблематика, вклучително и споменатите професори, нека одат на линкот http://www.scimagojr.com/countrysearch.php?area=0&country=MK&w= и нека видат што е то а Н-ranking и како е рангирана Македонското научно творештво.
 
siljanov
Kako be koga polovinata od akademicite vo manu se polupismeni. Toa veke ni go tresat so godini, a nikoj nisto nemoze da ispravi. Tie sto gi izbiraat novite clenovi treba da se preispitat za toa kakva nepopravliva steta im pravat an idnite generacii.Se e poznato i odgoleno. Starite izlapeni akademici da si sednat doma, a politicarite od koren da ja reorgnaiziraat taa akademija. Inaku so decenii ke bideme dole vo naukata.. Zalno..
 
Mitra
Ne samo kolku truda se objavile - vazno e i kade se objaveno. Postoi rangiranje na naucnite spisanija i nivno boduvanje spored faktorot na vlijanie - Journal Impact Factor. Nasive objavuvaat vo spisanija od najniska kategorija( zasto samo tamu im gi prifakjaat trudovite). Toa sto tresat gluposti deka go izlozuvale trudot na konferencii im e samo pravdanje za "setanjeto dupe" po Svetot bez da napraat eden asalen trud. Samo kaj nas se stanuva dekan na fakultet bez nitu eden objaven trud!!!
 
jovan
Pa i domasnite diplomi se samo za po doma. Sto moze da se ocekuva od vakvo obrazovanie. So ovdesnite diplomi(pogotovo onie od privatnite piljari) nemozes ni krstozborka da resis, a ne pa nekoj izum i novitet da razvies.
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski