Подмладување на родницата (3)


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Дејан Витански
Реформски опструкции
Сите релевантни субјекти што ги сочинуваат главните алки на здравствениот синџир треба со силата на аргументите да најдат соломонски решенија, за правилно да ги склопат коцките во платниот мозаик, но и да ги апсолвираат и другите ...
 
Радмила Заревска
Преродба во МПЦ
Новите владици не треба да дозволат да им се случи искуството на нивните постари водачи. Не треба да дозволат да им се случи Вранишковски, кој во црквата влезе како амбициозен, напреден, но покажа и дека младоста и ентузијазмот ...
 
Петар Шкрбина
Предлог на Законот за бранители
Основниот проблем на постојниот предлог-закон за бранители е што во него не е точно дефиниран поимот бранител, комплетно се изоставени цивилните жртви и цивилните инвалиди што не им припаѓале на регуларните воени формации на ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Многу жени што побарале помош за проблеми поврзани со уринарна инконтиненција, пролапс на карличните органи и намалена чувствителност или болка за време на сексуалниот однос бараат помош 10-15 години подоцна и велат дека често се игнорирани или кажано им е дека нивните проблеми се неоправдани, бидејќи тоа се едноставно последици на фактот што се жени (!?).

 
 
  
Не може да се најдат многу жени што лесно би зборувале со непознати (доктори) или пријатели за неволно истекување урина при кашлање, кивање, смеење, вежбање или сексуален однос, дека забележале нешто како излегува од вагината или, пак, постоење на лабијална непријатност или недостиг од вагинална чувствителност. На овие прашања треба да се одговори, да се истражат, за да се обезбедат опции за подобрување на квалитетот на животот. Вагинално подмладување е општ термин што се однесува на хируршки процедури, за да се намали дијаметарот на вагината и да се создаде повторна поддршка на вагината и на нејзините структури. Тоа исто така се нарекува вагинопластика, која може да биде класична или ласерска хируршка процедура.

ВАГИНАЛНА РЕЛАКСАЦИЈА

Вагиналната релаксација се случува поради истегнување или раскинување на карличните поддржни ткива (сврзното ткиво, лигаментите и мускулите). Може да се случи како изолирана појава или да коегзистира заедно со примени во статиката на другите карлични органи (спад или пролапс на ѕидовите на родницата, грлото на матката, спад или пролапс на матката, мочниот меур, ректумот). Вагинална релаксација е губење на оптималната структурна архитектоника на вагината. Во процесот на вагинална релаксација, вагиналните мускули може да се опуштени со слаб тонус, сила, контрола и поддршка. Внатрешните и надворешните вагинални дијаметри во голема мера може да се зголемени. Мускулите на меѓичката (групата мускули за поддршка на задниот вагинален ѕид и вагинален отвор) се тенки раздвоени, особено во средната линија, што резултира со ослабена, слаба поддршка. Под овие околности вагината веќе не може да ја извршува својата физиолошка оптимална сексуална функција. Накратко, сензуалната страна на женското сексуално задоволување е намалена. Така вагиналната релаксација има штетен ефект врз сексуалната функција, бидејќи влијае врз намалување на сексуалните чувства или задоволство.
Жените генерално бараат вагинално подмладување од две причини: за решавање на симптомите поврзани со карлична релаксација (цистоцела, ректоцела, стресна уринарна инконтиненција) и за зголемување или подобрување на сексуалната функција.

ЛАСЕРСКО ПОДМЛАДУВАЊЕ

Ласерско вагинално подмладување за подобрување на сексуалната функција е резервирано специјално за оние жени што се жалат дека како резултат на релаксација на вагиналниот ѕид имаат намалена вагинална чувствителност, намалено или загубено уживање при сексуалниот однос. Може да биде од корист кај жени што, како резултат на вагинални лузни (на пример, резултат на расцепи или епизиотомија во текот на породувањето или на претходната вагинална хирургија), страдаат од болки за време на сексуалниот однос или поради вагинално стеснување, каде што пенетрацијата станала болна или невозможно. 
Ласерско вагинално подмладување е несоодветно и бескорисно за жени што го загубиле либидото (можеби како резултат на стрес, депресија, здружена дисфункција или едноставно се „премногу уморни“, бидејќи имаат премногу обврски и нерешени проблеми). Жените што го загубиле своето либидо треба да побараат соодветна помош во соодветниот начин на живот или во утврдување на медицинските проблеми што го предизвикуваат тоа (психолошки, психијатриски). 

(продолжува)
 
   
Автор: Прим. д-р Јане Стојковски, спец. по гинекологија и акушерство  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 524          Оценка: 4,64  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski