понеделник, 12 мај 2014, 16:19

Македонија

Австрија отвора конзулат во Битола

Наскоро Битола ќе го добие својот 14 конзулат. Деновиве Австрија донесе одлука да отвори свој конзулат во Битола, а за прв почесен конзул на Австрија е именувана Валентина Илиева, професорка по германски јазик на Педагошкиот факултет во Битола и претседател на Македонско - Германското здружение за пријателство и соработка

Австрискиот ќе биде 14 конзулат кој ќе биде отворен во Битола.

-Одлуката Австрија да отвори свое дипломатско претставништво во Битола е донесена исклучиво со цел да се продлабочат и така добрите пријателски врски на Битола со  градот Виена, истакна градоначалникот на Битола, Владимир Талески, кој упати честитки до Австриската амбасада и  Министерството за надворешни работи на Република Македонија што отворија  Австриски конзулат во градот под Пелистер.

Автор:М.М Фотографија:С.Р
сподели на пинг
Веста е прочитана: 357
  Powered by Dejan Jovanovski