понеделник, 20 февруари 2012, 18:33

Култура

Ќе се слават 20 години од македонскиот денар

Сто и педесет години од смртта на браќата Миладиновци, 100 години од албанското знаме, 20 години од воведувањето на македонската валута денар и пет години од смртта на Тоше Проески, се меѓу предлозите за одбележување годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2012 година

Има  31 предлог и тие попладнево беа разгледани од собраниската Комисија за култура, која е надлежна да ги собира од институциите и да ја утврди конечната  програма пред нејзиното изгласување на пленарна седница во Парламентот.

Според Передлог-програмата, Здружението на историчари Албанци во Македонија ќе биде носител на одбележувањето еден век откога албанското знаме првпат се развеало (28 декември 1912 во Валона) и станало официјален симбол на независна Албанија.

Народната банка на РМ треба да го организира одбелжувањето две децении монетарна самостојност (26 април 1992).

Како и во изминатите години, и оваа институциите биле инертни и не се оѕвале на барањата да достават предлози за годишнини. Па така, пропуштени се 60-годишнините од првиот роман на македонски јазик „Село зад седумте јасени“ од Славко Јаневски и првиот македонски игран филм „Фросина“ по сценарио на Владо Малески, кои СДСМ денеска дополнително ги предложи, но не добија мнозинска поддршка од членовите на Комисијата.

Од културата и историјата на албанската заедница во Македонија содржани се и предлозите 100 години од отворањето на првото приватно училиште на албански јазик во Теарце, 50 години од издавањето на списанието за наука, култура и уметност „Јехона“.

сподели на пинг
Веста е прочитана: 1043
  Powered by Dejan Jovanovski