недела, 02 март 2014, 17:12

Култура

Во Корча промовирани книги на Никовски и Влахов-Мицов

о градската библиотека „Тими Митко“ во албанскиот град Корча беа промовирани книгите „Улогата на САД во македонските голготи“ од авторот Ристо Никовски и „Држава - како се гради и брани“ од Стефан Влахов-Мицов, јавува МИА


Настанот го организираше македонски културен центар „Сонце“ од Корча. На него присуствуваа и македонскиот амбасадор во Албанија, Стојан Карајанов, преставници од македонските друштва „Прегор” и огранокот на друштво „Преспа” од Поградец, и од македонското егејско друштво „МЕД” од Врбник, голем број Македонци од Корченскиот регион, како и деца кои ги посетуваат курсевите по македонски јазик во Корча и Билишта.

Амбасадорот Ристо Никовски зборуваше за САД како главен фактор на Балканот, за улогата што тие ја имаа на Косово и во Македонија за време на кризата и воените дејствија во 2001. Никовски се задржа и на прашањето и потребата од зачувување на уставното име на државата  и сплотување на сите Македонци околу една иста идеја.

Стефан Влахов-Мицов и Георги Барбаровски, посебно се задржаа на спорот со Грција околу уставното име, напоменувајќи дека „не смееме да се откажеме од името ниту да смениме ниту една буква“.

На промоцијата говореа и македонските активисти во Албанија, Спасе Мазенковски, Димитар Гроздани и Таќо Гроздани.

Во дискусијата беше искажан ставот дека судбината на Македонците и на Македонија зависи од самите нив, дека треба да се опстои на сите негаторски политики кои се водат кон Македонците и оти не треба да се дозволи промена на името Македонија затоа што тоа име е поврзано со сите Македонци без разлика каде и да живеат.
сподели на пинг
Веста е прочитана: 266
  Powered by Dejan Jovanovski