вторник, 24 септември 2013, 17:26

Занимливости

Музички ноти го кријат нацистичкото богатство?

Археолог тврди дека открил каде се крие нацистичкото богатство, а картата со богатство се крие во музичките ноти на „Маршот Импромт„ на Готфриед Федерлеин

Леон Гиесен веќе три пати вршел ископување во близина на Митенвалд, во Германија но скриеното богатство не го нашол. Своите истражувања ги темели на нотен запис на споменатата песна.

Се верува дека стихот „Во Матиас дие Саитен Стреичелт„ се однесува на Митенвалд каде некогаш живеел Матиас Клоц, локален изработувач на виолини.

Тој исто така верува дека нотниот запис содржи дијаграм со железничка пруга која некогаш минувала низ Митенвалд, 40-тите години на минатиот век. Тој додава дека последниот стих во песната  сугерира дека нацистичкото злато се наоѓа кај бетонскиот столб.

Според пишувањето на Шпигел, Адолф Хитлер му наредил пред самиот пад на Третиот Рајх, на својот секретар Мартин Борман, украдените златни прачки да ги закопа некаде во баварските брда.

Исто така, морал симболот да го смести во нотниот запис за со дешифрирање подоцна да се открие локацијата на сокриеното богатство. Нотниот запис потоа требал да биде испратен во Минхен, но никогаш не пристигнал таму.
Некои 50 години подоцна, записот бил откриен од Карл Хамер. Тој се обидел да го пронајде богатството, и одлучил нотниот запис да го објави јавно.

сподели на пинг
Веста е прочитана: 911
  Powered by Dejan Jovanovski